1 јули настани
| родени
| починале
|
|
|
|
| |
2 јули настани
| родени
| починале
|
|
1853
| Руската армија врши инвазија врз Турција - започнува Кримската војна.
|
1934
| Завршува таканаречената Ноќ на долгите ножеви, операција што се одвивала во Германија од 30 јуни до 2 јули 1934, кога нацистичкиот режим се погрижил најмалку осумдесет и пет луѓе да бидат убиени од политички причини.
|
1937
| Амелија Ерхарт исчезнува над Тихиот Океан додека се обидува да го изведе првиот лет околу светот по екваторот; нејзиното тело никогаш не е пронајдено.
|
1947
| Објект за кој очевидци тврдат дека бил НЛО се срушува во Розвел, Ново Мексико.
|
1983
| Полис го издаваат својот последен албум - Synchronicity, 17 недели на првото место на списокот на најпродавани албуми во САД.
|
2000
| Отворен е Ересундскиот мост, комбиниран дволентен железнички и четирилентен патен мост кој поминува низ Ересуднскиот канал, комбинација од мост и тунел кој ги поврзува Копенхаген Малме. Мостот е еден од најдолгите во светот.
|
2005
| Во рамките на манифестацијата Live 8 се одржуваат десет концерти во различни градови во светот. |
|
|
| |
3 јули настани
| родени
| починале
|
|
321
| Римскиот цар Константин I, првиот римски владетел со христијанска вера, ја прогласува неделата за ден за одмор и верски обреди.
|
1583
| Рускиот цар Иван Грозни го убива, во настап на гнев, својот син и престолонаследник Димитриј.
|
1881
| Под притисок на Велика Британија, Турција потпишува договор со Грција, со кој Грција ги добива Тесалија како и делови на Епир.
|
1900
| Полета првиот дирижабл конструиран од Фердинанд Цепелин.
|
1908
| Командантот на турскиот гарнизон во Ресен, Нијази-беј, со неговите единици излегол во илегала, со што започнала Младотурската револуција.
|
1944
| Црвената армија го ослободила Минск, заробувајќи 100.000 германски војници.
|
1949 |
Во Скопје, во Македонскиот народен театар била изведена премиерата на операта „Продадената невеста“ од Беджих Сметана, а диригент бил Трајко Прокопиев. |
1962 |
По 132 години поминати како француска колонија, Алжир се стекнал со независност. |
1973 |
Во Хелсинки бил отворен министерскиот состанок за подготовка на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа (КЕБС). |
1984 |
Завршил најголемиот штрајк во историјата на СР Германија, во кој учествувале 550.000 металски работници. |
1995 |
Југославија станала европски кошаркарски првак. |
|
|
| |
4 јули настани
| родени
| починале
| празници
|
1054
| Експлозија на супернова е набљудувана од страна на Кинезите, Арапите и најверојатно Индијанците во близина на ѕвездата ζ Бик. Неколку месеци останува доволно светла за да може да се гледа и преку ден. Нејзините остатоција ја образуваат Раковидната Маглина.
|
1776
| На континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави; овој ден во САД се слави како Ден на независноста.
|
1802
| Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк.
|
1855
| Во Бруклин, Њујорк од печат излегува првата збирка поеми на Волт Витмен, наречена „Листови трева“.
|
1862
| Луис Керол почнува да и раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во „Алиса во земјата на чудата“; точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка.
|
1918
| Болшевиците ги убиле рускиот цар Николај II Романов и неговото семејство (17 јули по новиот календар).
|
1939
| Лу Гериг, легендарен американски бејзбол играч, го објавува своето повлекување од бејзболот.
|
2004
| Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски, по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ. За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска.
|
2012
| По 40-годишно трагање, во CERN е откриен Хигсовиот бозон. |
|
|
|
|
5 јули настани
| родени
| починале
| празници
|
|
|
|
|
6 јули настани
| родени
| починале
|
|
1415
| Во Констанц, денешна Германија, од католичкиот собор е осуден и погубен Јан Хус, свештеник и реформатор.
|
1535
| Сер Томас Мор, автор на познатото дело Утопија и еднаш англиски Лорд-канцелар, е погубен поради предавство на Кралот Хенри VIII откако одбива да се согласи со кралската одлука Англиската Црква да се одвои од Римокатоличката црква.
|
1885
| Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Жозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче.
|
1908
| Во Турција започнува т.н. „Младотурска револуција“, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II.
|
1928
| Во Њујорк е одржана премиерата на филмот Светлата на Њујорк, првиот звучен филм во историјата на светската кинематографија.
|
1943
| Во реонот на преспанските села Љубојно — Царев Двор — Долно Дупени преспанско-охридскиот партизански одред „Даме Груев“ ја уништил италијанската воена телефонска линија во должина од неколку километри.
|
1957
| Во Ливерпул се запознаваат Џон Ленон и Пол Мекартни, идните основачи на една од најголемите групи на сите времиња Битлси.
|
1964
| Малави прогласува независност од Обединетото Кралство. |
1966
| Малави станува република, со Хејстингс Банда како прв претседател.
|
1967
| Основана светската библиографска организација OCLC.
|
2002
| Светиот архијерејски синод на МПЦ го разрешил од должност митрополитот велешки и повардарски Јован, поради еднострано пристапување во екуменско единство со СПЦ.
|
2005
| Играорците од битолското КУД „Гоце Делчев“ играа оро пред британската амбасада во Скопје во знак на протест поради недобивањето на визи за настап на меѓународниот фолклорен фестивал во Ланголен, Англија. |
—
|
|
| |
7 јули настани
| родени
| починале
|
|
1937
| Јапонската армија го напаѓа кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставуваат, па Јапонија тоа го искористува како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна трае сè до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година.
|
1969
| Во Канада, прифатен е Актот за службен јазик според кого францускиот јазик станува еднаков со англискиот јазик.
|
1985
| Борис Бекер станува првиот нерангиран играч, најмладиот тенисер (дотогаш), како и првиот Германец што го освојува Вимблдон, на возраст од само 17 години и 7 месеци.
|
2000
| Целиот тираж на Хари Потер и Огнениот Пехар, четвртото продолжение на авантурите на малиот волшебник, е распродаден уште во претплата, пред и воопшто да биде испечатено делото.
|
2005
| Се случува серија од терористички напади на Лондонското метро, во кое убиени се 52 луѓе, меѓу кои и четворицата бомбаши-самоубијци. |
|
|
| |
8 јули настани
| родени
| починале
|
|
|
|
| |
9 јули настани
| родени
| починале
|
|
|
|
| |
10 јули настани
| родени
| починале
|
|
|
|
| |
11 јули настани
| родени
| починале
|
|
|
|
| |
12 јули настани
| родени
| починале
|
|
|
|
| |
13 јули настани
| родени
| починале
|
|
1822
| Грчката војска ја победува турската кај Термопилите во текот на борбата за независност на Грција.
|
1878
| Завршува Берлинскиот конгрес, на кој тогашните големи сили (Германија, Австроунгарија, Русија, Англија, Франција и Отоманското Царство) воспоставуваат нов однос на силите на Балканот.
|
1930
| Во Монтевидео, главниот град на Уругвај, започнува првото светско фудбалско првенство, на кое домаќинот ја освојува титулата.
|
1946
| При Земската болница во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републички завод за трансфузиологија.
|
1985
| Советскиот скокач со стап Сергеј Бубка, во Париз станува првиот човек во историјата на овој спорт што прескокнал над шест метри.
|
1985
| На лондонскиот стадион „Вембли“ и на стадионот „Џон Кенеди“ во Филаделфија, САД во исто време беа одржани големите хуманитарни концерти под името „Лајв ејд“ (Live Aid). Во акцијата за помош на гладните во Африка, која ја организираше Боб Гелдоф, најпознатиот рок и поп-музичар во светот, собрани се 60 милиони долари, а ТВ-преносот од концертите го следеа околу милијарда и пол гледачи ширум светот.
|
1987
| Едмонтон бил погоден од торнадо во кое загинале 27 луѓе, а околу 300 биле повредени.
|
1990
| Во Скопје е основана Социјалистичката партија на Македонија. За претседател е избран Киро Поповски.
|
2016
| Тереза Меј застанува на чело на Конзервативната партија, станувајќи премиер на Обединетото Кралство по оставката на Дејвид Камерон. |
|
|
| |
14 јули настани
| родени
| починале
|
|
1469
| Изградена џамијата „Кебир Мехмед Челеби“ во Скопје и наречена по нејзиниот ктитор, син на Исхак-бег и внук на завојувачот на градот, Јигит-паша.
|
1789
| Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската револуција. Овој ден се слави како национален празник на Франција.
|
1867
| Алфред Нобел, шведскиот иноватор, кај англискиот град Редхил за првпат го демонстрира разорното дејство на неговиот најнов изум — динамитот.
|
1933
| Националсоцијалистите во Германија, кои во јануари на чело со Адолф Хитлер доаѓаат на власт, ги забрануваат сите опозициски партии.
|
1999
| 17 години по завршувањето на Фолкландската војна меѓу Аргентина и Велика Британија, обновена е воздушната линија меѓу Аргентина и овој архипелаг во Атлантикот.
|
2006
| Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Република Македонија и поранешен водач на ВМРО-ДПМНЕ наводно стана бугарски државјанин. Оваа постапка, која до денес не е потврдена од никого, предизвика бројни полемики во Република Македонија околу неговата вистинска улога во политичкиот живот на земјата во претходните 15 години. |
|
|
| |
15 јули настани
| родени
| починале
|
|
|
|
| |
16 јули настани
| родени
| починале
|
|
|
|
| |
17 јули настани
| родени
| починале
|
|
1204
| Во текот на Четвртата крстоносна војна, крстоносците го освоиле Цариград.
|
1762
| Катерина Велика станува царица на Русија.
|
1862
| Во САД стапи во сила Законот за ослободување на црнците-робови. Тогаш околу 190.000 поранешни робови од територијата на југот на САД стапија во редовите на федералната армија.
|
1917
| Во знак на револт од улогата на Германија во Првата светска војна, кралот Џорџ V издал објава според која британското кралско семејство ќе го носи презимето Виндзор, наместо дотогашното Сакс-Кобург-Гота.
|
1918
| По наредба на болшевиците, рускиот цар Николај II и неговото потесно семејство се стрелани во близината на Екатеринбург, Русија од единиците на Чека.
|
1936
| Почнува Шпанската граѓанска војна.
|
1942
| Почна Сталинградската битка меѓу германската и советската армија — веројатно најголемата битка во Втората светска војна.
|
1945
| Во Потсдам, Германија, се одржала Потсдамската конференција на која се поништени освојувањата на Германија пред и во Втората светска војна, и нејзината територија е поделена меѓу сојузниците на четири окупациони зони.
|
1965
| Американските бомбардери од типот Б-52 од базата Гуам за првпат ги бомбардираа целите на територијата на Виетнам.
|
1976
| Индонезија го анектира Источен Тимор.
|
1984
| Пуштен советскиот вселенски брод „Сојуз 12“. Космонаутката Светлана Савицка станала првата жена која се „прошетала“ во вселенскиот простор надвор од леталото.
|
1993
| Во Будимпешта, деветте земји-членки на Средноевропската иницијатива (ЦЕИ), ја примија Република Македонија како полноправна, десетта членка на оваа асоцијација. |
|
|
| |
18 јули настани
| родени
| починале
| празници
|
|
|
|
|
19 јули настани
| родени
| починале
|
|
1799
| Во текот на походот на Египет група војници на Наполеон го пронашле Каменот од Розета, што му овозможило на Шамполион да ги дешифрира хиероглифите.
|
1870
| Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година.
|
1900
| Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум - кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања.
|
1941
| Британскиот премиер Винстон Черчил ја започнува кампањата со име „В за победа“ (V for Victory) во текот на Втората светска војна.
|
1943
| Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим.
|
1956
| водачите на СФР Југославија, Индија и Египет - Јосип Броз Тито, Џавахарлал Нехру и Гамал Абдел Насер ја потпишуваат Брионската декларација за заедничка противблоковска политика, што го означува почетокот на создавањето на Движењето на неврзаните земји.
|
1967
| Македонската православна црква прогласи автокефалност. |
|
|
| |
20 јули настани
| родени
| починале
|
|
|
|
| |
21 јули настани
| родени
| починале
| празници
|
|
|
|
|
22 јули настани
| родени
| починале
|
|
|
|
| |
23 јули настани
| родени
| починале
|
|
1914
| Австроунгарија ѝ поставила ултиматум на Србија во врска со атентатот на престолонаследникот Франц Фердинанд во Сараево. Ова било најава за почетокот на Првата светска војна.
|
1942
| Започнал со работа логорот Треблинка.
|
1942
| Во Софија, бугарските власти ги стрелаа Никола Јонков Вапцаров, македонски поет и патриот, Антон Попов-Дончо, македонски револуционер, писател и публицист и Атанас Романов, македонски патриот.
|
1993
| Република Македонија стана 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост.
|
2000
| Ленс Армстронг, втора година по ред победува на престижната велосипедска трка Тур де Франс, иако неговите лекари, четири години претходно, го известуваат дека постојат мали шанси да преживее, зашто болува од рак. |
|
|
| |
24 јули настани
| родени
| починале
| празници
|
|
|
|
|
25 јули настани
| родени
| починале
|
|
|
|
| |
26 јули настани
| родени
| починале
|
|
|
|
1471
| Павле II — римски папа.
|
1867
| Отон I — грчки крал.
|
1902
| Шарл Дадан — француско-американски пчелар, таткото на современото пчеларство.
|
1903
| Алексо Поројлијата — македонски револуционер.
|
1917
| Едгар Дега — француски сликар.
|
1925
| Готлоб Фреге — германски математичар.
|
1926
| Крсте Петков Мисирков — истакнат македонски филолог, јазичар, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата „За македонцките работи“. Роден е во Ениџевардарско на 18 ноември 1874 година.
|
1952
| Ева Перон — популарната „прва дама“ на Аргентина, сопруга на Хуан Перон.
|
1963
| Димитар Пандилов — истакнат уметник, прв македонски импресионистички сликар.
|
1985
| Фреди Перлман — анархист, писател, теоретичар и музичар, голем критичар на современиот свет. |
| |
27 јули настани
| родени
| починале
|
|
1830
| Во Франција избива „Јулската револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл X Бурбонски да ги укине весниците, да го распушти штотуку избраното собрание и да го промени изборниот закон. Кралот абдицира и емигрира во Шкотска.
|
1839
| Почнува Опиумската војна меѓу Кина и Велика Британија откако кинеските власти во едно пристаниште во Кантон запленуваат и уништуваат 20.000 сандаци со опиум.
|
1981
| Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.
|
1989
| Кристер Петерсон прогласен е за виновен и е осуден на доживотна казна затвор заради убиството на шведскиот премиер Улоф Палме во 1986 година. Подоцна тој е ослободен, а убиството останува неразјаснето.
|
2001
| САД ги продолжуваат санкциите врз Иран и Либија на уште пет години.
|
|
|