From Wikipedia, the free encyclopedia
Димитар Аврамовски Пандилов (1 март 1899 - 26 јули 1963) — истакнат македонски уметник, претставник на импресионизмот и еден од основачите на ДЛУМ.
Димитар Пандилов | |
---|---|
Марка на Македонска пошта од 1999 г. по повод стогодишнината од раѓањето на Пандилов | |
Роден(а) | 1 март 1899 Тресонче, Османлиско Царство (денес Македонија) |
Починал(а) | 26 јули 1963 64) Скопје | (возр.
Значајни дела | Покрај вода, 1925 Жетварки, 1926 |
Правец | импресионизам |
Роден е во 1899 г. во с. Тресонче. Завршил ликовна академија во Софија, 1924 год. Бил во Франција (Монпелје и Париз), каде што меѓу другото работел и на академијата „Гранд Шомјер“ (1928).
Самостојно излагал (од 1926 год.) во Ќуприја, Скопје, Софија. Излагал на повеќе групни изложби во Софија и во Југославија; меѓу другото на повеќе тематски и претставителни изложби на македонската уметност.
Пандилов е претставник на жанрот битово сликарство со неговите дела што го обработуваат народниот живот и битот на македонскиот народ.
Загинал во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 г.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.