Алис Монро (англиски: Alice Ann Munro; 10 јули 1931 – 13 мај 2024 ) — канадска раскажуавчка на англиски јазик. Добитничка е на Нобеловата награда за книжевност во 2013 година.[2], и меѓународната Букерова награда во 2009 година за животно дело. Исто така е тростручен добитник на канадското признание за фикција.[3][4][5][6] За нејзината работа се смета дека придонесува кон една револуционерна архитектура на кракиот расказ, особено поради нејзината тенденција да патува низ времето преку расказот[7]. Нејзините приказни се познати по способноста да ја вметнат содржината во даден контекст — наместо само да ја најават — и истата да открие настан отколку да испарадира со даден настан[8].
Алис Манро Alice Munro | |
---|---|
Роден/а | Алис Ен Лејдло 10 јули 1931 Вингхем, Канада |
Починат/а | 13 мај 2024 92) Порт Хоуп, Канада | (возр.
Занимање | писател |
Јазик | англиски |
Националност | Канаѓанка |
Државјанство | Канада |
Апсолвент на | Универзитет Западно Онтарио[1] |
Жанр | краток расказ |
Сопруг/а | Џејмс Манро (1951–1972) Џералд Фремлин (1976–2013, смрт) |
Деца | 3 |
Настаните во нејзините раскази се претежно сместени во Huron County во Југозападно Онтарио. Нејзините раскази ја истражуваат сложеноста на човечката состојба на еден едноставен стил во проза[9]. Нејзиното дело ја етаблира Монро како една најголемите современи писател(ки)и на фикција[10].
Животопис
Монро е родена како Алис Ен Лејдлоу во Вингем, Онтарио. Нејзиниот татко, Роберт Ерик Лејдлоу бил собирач на крзна од лисици и канадски куни, а нејзината мајка, Ен Кларк Лејдлоу, била наставничка во училиште. Манро почнала со пишување како тинејџерка, ја објавила својата прва приказна „Димензијата на сенките“ во 1950 година, додека студирала англиски и новинарство на универзитетот во Западна Онтарија при двегодишна стипендија. За време на овој период работела како келнерка и како библиотекарска служба. Во 1951 година го напушта универзитетот, каде студирала англиски од 1949 година, за да се омажи за студентот колега Џејмс Манро. Тие двајцата се преселиле во Дендарејв, Западен Хановер, каде Џејмс имал работа, Во 1963 година се сели во Викторија, каде ја отвораат Книгата на Манровите, која ја праќаат и денес.
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.