From Wikipedia, the free encyclopedia
Руанда (руанда: Rwanda) или официјално Република Руанда (Repubulika y'u Rwanda) — независна држава без излез на море во областа на Големите езера, регион во Источна Африка. Руанда граничи со Уганда на север, Бурунди на југ, Демократска Република Конго на запад и Танзанија на исток. Како дом на околу 10 милиони луѓе, Руанда е најгусто населена држава во континентална Африка, од кои повеќето се вклучени во земјоделскиот сектор. Руанда е со плодна земја и со голем број на ридски предели, што на републиката ѝ го дале епитетот „земја на илјада ридови“.
Република Руанда Repubulika y'u Rwanda République du Rwanda Republic of Rwanda |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Ubumwe, Umurimo, Gukunda Igihugu "Единство, Работа, Патриотизам" |
||||||
Химна: "Rwanda nziza" |
||||||
Главен град (и најголем) | Кигали 1°57′S 30°4′E | |||||
Службен јазик | руанда, француски, англиски | |||||
Лингва франка | Свахили јазик | |||||
Демоним | Руанѓанец | |||||
Уредување | Република | |||||
• | Претседател | Пол Кагаме | ||||
• | Премиер | Бернард Макуза | ||||
Независност | од Белгија | |||||
• | Датум | 1 јули 1962 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 26,798 км2 (147-ма) | ||||
• | Вода (%) | 5.3 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 9.998.000[1] (83-та) | ||||
• | Попис 2002 | 8.128.553 | ||||
• | Густина | 373.1 жит/км2 (29-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $9.988 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $1.041[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $4.459 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $465[2] | ||||
Џиниев коеф. (2010) | 51.3[3] висок |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.506[4] низок · 151ва |
|||||
Валута | Руанѓански франк (RWF ) |
|||||
Часовен појас | CAT (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .rw | |||||
Повик. бр. | 250 |
Земјата добила значително меѓународно внимание поради геноцидот од 1994, во кој помеѓу 800.000 и еден милион луѓе биле убиени. Во 2008 година, Руанда стана првата земја во историјата која го избрала националниот законодавен дом во кој мнозинството од членовите се жени. Три четвртини од населението живее под линијата на сиромаштијата меѓународни со 1,25 долар на ден.
Најстарите жители на Руанада се денес малубројните Пигмејци кои живееле во тој регион пред 35.000 години. За време на 11 век од Етиопија се доселиле банту народот Хути. Потоа од север се населил народот Туци кои се занимавале со сточарство. Туците го презеле банту јазикот но не се претопиле како народ. Подоцна Туците направиле кралство каде тие биле аристократска класа.
Оваа мала земја, нешто помала од американската држава Масачусетс, или половина од големината на Шкотска, се наоѓа во близина на центарот на Африка, на неколку степени јужно од екваторот. Тоа е одделена од Демократска Република Конго со езерото Киву и со долината Рузизи на запад, се граничи на север со Уганда, на исток од Танзанија, и на југ од Бурунди. Главниот град, Кигали, се наоѓа во самиот центар на земјата.
Руанда има големи површини покриени со трева и со мали фарми по ридовите. Има добри планински подрачја. На западните падини на планинскиот појас, започнуваат падините на езеро Киву и Рузизи. Во западниот дел на земјата се наоѓа екорегионот Албертин.
Источните падини, се умерени, со ридови кои се протегаат преку централниот планински дел со постепено намалување на височини и завршуваат со рамни терени, мочуришта и благи ридови или висорамнини. Поради различноста во релјефот, Руанда е често наречена „земја на илјада ридови“.
Политиките на Руанда се одвиваат во рамките на претседателска република, каде претседателот на Руанда е шеф на државата и претседател на владата. Руанда има повеќепартиски систем. Извршната власт е во рацете на владата на Руанда. Законодавната власт е во рацете на владата и во рацете на двата претставнички дома. На 5 мај 1995 транзиционалното национално собрание усвоил нов устав со кој се достигнал и мировен договор. По геноцидот во Руанда, мнозинството политичари биле жени и Руанда е првата и единствената држава во светот како националната легислатива е донесена од мнозинство жени.
Руанда е поделена на пет покраини, додека пак понатака е поделена на триесет окрузи. Покраините на Руанда се:
Економијата на Руанда силно страдала за време на геноцидот од 1994 година, со голема загуба на човечки живот, неуспехот за одржување на инфраструктурата, грабежите и запоставување на значајни култури. Сето тоа предизвикало голем пад на БДП и уништување на способноста на земјата да привлече приватни и надворешни инвестиции. Од крајот на војната па навака, економијата на Руанда зајакнува и во 2008 БДО по глава на жител се проценил на 951 долари, во споредба со само 390 долари во 1994 година. Главни извозни пазари се Кина, Германија и САД. Валутата во Руанда се нарекува франк и економијата е управувана од страна на Централната Народна банка на Руанда, иако Руанда неодамна се приклучи кон Заедницата на Источна Африка и постојат планови за заеднички Источноафрикански шилинг, што би можел да се воведе во 2010 година.
Повеќето од луѓето во Руанда зборуваат руанда (кињаруанда), еден од трите службени јазици во земјата, а додека во секојдневниот живот се користи и свахили. Образованите Руанѓани зборуваат француски и околу 5% зборува англиски. Во 2008 година владата на Руанда објави дека англискиот јазик ќе стане сослужбен јазик на државата, заедно со руанда и францускиот. Тој го заменил францускиот во образованието и во администрацијата. Руанда има поднесено апликација да стане дел од Комонвелтот - заедница на англојазични држави.
Етничкиот состав на руанѓанското 10 милионско население е поделено на 84% хуту, 15% туци, и 1% тва и останати во мал процент.
Повеќето од Руанѓаните се христијани и има мали промени во процентот од геноцидот па навака. Во 2006 година, 56.5 проценти се католици, 37.1 процент протестанти и 4.6 муслимани.
Верници во Руанда | ||||
---|---|---|---|---|
Христијани | 93,40 % | |||
Муслимани | 1,80 % | |||
Без Религија | 3,60 % | |||
Народна Религија | 1,00 % | |||
Други | 0,20 % |
Користењето на фиксна телефонија не е широко распространета во земјата. Интернет кафулиња постојат, и обично се обезбеди со евтини, но бавно врски. Поштенскиот систем најчесто е сигурен. Оние кои сакаат да добијат пошта мора да се регистрираат и да плаќаат за секоја година, на поштенското сандаче на Поштата. Постои една национална телевизиска станица: Телевизија Руанда.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.