Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бурунди (рунди: Burundi) или официјално Република Бурунди (Republika y'u Burundi) — мала држава во Источна Африка без излез на море. Државата се граничи со Руанда на север, Танзанија на исток и југ и со Демократска Република Конго на запад. Бурунди има вкупна површина од 27.830 км2 со население од околу 8.700.000 жители. Главен град на државата е Гитега, а економски и трговски центар е Буџумбура. Иако нема излез на море, Бурунди излегува на езерото Тангањика.
Република Бурунди |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Ubumwe, Ibikorwa, Iterambere" (рунди) "Unité, Travail, Progrès" (француски) "Единство, Работа, Прогрес" 1 |
||||||
Химна: Burundi bwacu |
||||||
Главен град | Гитега 3°30′S 30°00′E | |||||
Најголем град | Буџумбура | |||||
Службен јазик | рунди, француски | |||||
Демоним | Бурундијци
(Бурундиец/Бурундијка) |
|||||
Уредување | република | |||||
• | Претседател | Пиер Нкурунзиза | ||||
Независност | од Белгија | |||||
• | Датум | 1 јули 1962 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 27,830 км2 (145-та) | ||||
• | Вода (%) | 7.8% | ||||
Население | ||||||
• | Попис 1978 | 3.589.434 | ||||
• | Густина | 271 жит/км2 (43-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $3.094 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $389[1] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $1.097 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $138[1] | ||||
Џиниев коеф. (1998) | 42.4 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.389[2] низок · 180та |
|||||
Валута | бурундски франк (FBu) (BIF ) |
|||||
Часовен појас | CAT (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .bi | |||||
Повик. бр. | 257 | |||||
1. | Пред 1966, "Ганза Сабва". |
Уште од пред пет века, територијата на Бурунди била населена од етничките групи Тва, Туци и Хуту. Преку двесте години Бурунди било владеено од Кралството Туци, но на почетокот на XX век, Германија и Белгија ја окупирале територијата, вклучително и Руанда и таа била позната како колонија Руанда-Урунди.
Целиот регион бил во немири поради социјалните разлики помеѓу Туци и Хуту, што резултирало со граѓанска војна. Денес Бурунди е претседателска република. Државата е една од 10 најсиромашни држави во светот според приходот по глава на жител.
Според изворите, се смета дека на територијата на денешен Бурунди била населена уште пред околу 70.00 години[3], каде опстојувало племето Туа. Подоцна на овие простори живеела друга етничка група, позната како Хуту, која со текот на времето се преврнала во најголемо племе во реонот[4][5] . Во текот на својата историја, од ова племе се развиле голем број на кралства кои постоеле до 15 век, кога се појавило племето Тутси[6] . Ова племе го создало и основало кралството Бурунди,[7] кое во текот од 1796 до 1850 година, во времето на Нтара Ругама доживеало големо проширување.[5][8] Кон крајот на 19 век истото се распаднало.[7]
Во текот на 1899 година, Бурунди била освоена од страна на Германија, колонизирана и вклулена во составот на Германска Источна Африка.[9] Во 1916 година, во времето на Првата светска војна, земјата била заземена од Белгија.[10] Во 1923 година Бурунди и Руанда станале белгиски територии под името Руанда-Буринди.[9][11] По крајот на Втората светска војна, Белгија дозволила создавање на политички партии во земјата. Така биле основани две политички фракции: Унија за Национален прогрес и Христијанска Демократска партија. На 27 јуни 1962 година, ООН и го одземал имунитетот на Белгија врз Руанда-Бурунди, за да на 1 јули 1962 година Бурунди била прогласена за независна држава, како уставна монархија.[10][12] По четири години земјата биле претворена во република. Во 1993 година се провеле првите демократски избори, по кое земјата била воведена во граѓанска војна помеѓу некогашните племиња Хуту и Тутси. Во тој конфликт загинале 300.000 луѓе за само една година.[13]
Бурунди е една од најмалите држави во Африка која нема излез на море и е со екваторска клима. Државата се наоѓа во Долината на големите езера, поточно на големо плато. Средна надморска височина на државата е 1.700 m со пониски предели до границите. Највисокиот врв е Монт Хеха е со 2.690 m.[14] и се наоѓа јужно од главниот град Буџумбура.
Главна река во Бурунди е Нил[15] Исто така, главен извор на вода е и езерото Викторија. Во југозападниот дел од земјата се наоѓа и езерото Тангањика.
Пределите на Бурунди се претежно земјоделски или се пасишта. Голем дел од пределите каде има населени места шумите исчезнуваат и настанува ерозија на земјата.[16] Како главен фактор за оваа појава е големиот број на население на земјата.
Политичкиот систем на Бурунди е претседателска република која се ослонува на повеќепартискиот систем. Претседателот на Бурунди е шеф на држава и шеф на влада. Во моментов во Бурунди има 21 политичка партија. На 13 март 1992, водачот на Туци, Пиер Бујоја основал нов устав на Бурунди[17] кој овозможил да се создаде повеќепартискиот систем.[18]
Законодавната власт на Бурунди е дводомен парламент: транзиционалното собрание и сенатот. Транзиционалното собрание се состои од 170 членови. Според уставот, во собранието може да имаат пратенички места следните групи: 60% од пратеничките места се за Хуту, 40% за Туци, 30% за жени и три за Батва.
Бурунди е поделено на 17 покраини , 117 општини и 2.638 колини или врвови,[19]
Покраините на Бурунди се:
|
|
Бурунди е една од најсиромашните држави во светот. Ваквата состојба е како резултат на делумно неповолната географска положба, слаб правен систем, слабо образование и големата застапеност на болеста СИДА. Околу 80% од населението живее во сиромаштија.[20] Низ текот на 20 век честа појава биле гладтта и недостатокот на исхрана и според Светстката програма за храна, 56.8% од децата гладуваат.[21] Исто така според задоволството на живеење Бурунди е меѓу последните држави во светот.[22] Според тоа, Бурунди е зависна од странска помош.
Најголема индустрија во земјата е земјоделството, кое зазема 58% од вкупниот БНП. Најголем извор на приход е кафето што е 93% од вкупниот извоз на државата.[23] Други земјоделски култури се памук, чај, пченка, банани и друго. Официјална валута е Бурундски франк и 1.184 франк во 2008 бил еднаков на еден американски долар.
Религија во Бурунди[24] | ||||
---|---|---|---|---|
религија | процент | |||
Католицизам | 65 % | |||
Анимизам | 23 % | |||
Ислам | 10 % | |||
Протестантсво | 5 % |
Според проценка од 2008 година, Бурунди имало население од 8.691.005 жители. На демографската слика на Бурунди директно влијае боласта СИДА, но и голем број на Буринѓани се преселиле во странство како последица од граѓанската војна, така на пример САД примиле 10.000 Бурунѓани[25]
Поголем број Бурунѓани живеат во рурални средини и околу шест проценти од населението живее во урбаните средини.[26] Густината на населението на Бурунди е 315 жители на метар квадратен. Околу 85% од населението се Хуту, 15 % се Туци и мал број има Твас.[27]
Според изворите за демографската структура на Бурунди, 70 % од населението се Христијани од кои католиците се 65 %, додека 5% се протестанти и англиканци. Покрај христијанството, втора најголема религија е локалната религија. Муслиманите се застапени со 10% од вкупното население.[28]
Службени јазици во државата се рунди (кирунди) и француски, но се зборува и свахили.
Културата на Бурунди се заснова на локалната традиција и на влијанието на околните држави. Бидејќи полјоделството е главна индустрија во земјата, исхраната во Бурунди воглавно се состои од компир, пченка и грашок. Поради недостатокот на финансиски средства, месото не е често застапено во исхраната.[29]
Главен елемент во културата е удирањето тапани и тоа е големо културно наследство. Покрај тапаните, танците се често придрижници на музиката за време на празници, прослави или културни настани.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.