27 јуни
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
27 јуни — 178-миот ден во годината според грегоријанскиот календар (179-ти во престапна година). Остануваат 187 дена до крајот на годината. Предлошка:Јуни 2025
Настани
1858 | Со мирот во Тјенѓин завршил првиот дел на Втората опиумска војна. |
1931 | Руско-американскиот авиоконструктор Игор Сикорски го патентирал хеликоптерот. |
1941 | Унгарија и Финска му објавија војна на СССР. |
1950 | Во ФНРЈ е донесен Законот за работничко самоуправување. |
1950 | Студена војна: САД решиле да интервенираат во Корејската војна. |
1954 | Првата атомска централа во светот е отворена во Обнинск, СССР. |
1967 | Првиот банкомат во светот е пуштен во работа во Лондон. |
1979 | Мухамед Али го објавува своето повлекување од боксот. |
1991 | Започнала десетдневната војна за независност, во која Територијалната одбрана на Словенија ја принудила ЈНА на повлекување. |
Родени
1850 | Јорген Грам — дански математичар. |
1869 | Ема Голдман — американска анархистка и феминистка со потекло од Литванија. |
1872 | Хебер Кертис — американски астроном. |
1908 | Жоао Гимараеш Роза - бразилски писател. |
1936 | Велко Силјаноски — македонски професор. |
1941 | Кшиштоф Кишловски — полски филмски режисер. |
1942 | Брус Џонстон — американски рок-музичар, член на групата Бич бојс (Beach Boys). |
1943 | Димитар Башевски — македонски писател. |
1953 | Тања Бошковиќ — српска глумица. |
1955 | Изабел Аџани — француска глумица. |
1955 | Петер Ловшин — словенечки рок-музичар, член на групата Панкрти (Pankrti). |
1959 | Предраг Богосављев — југословенски кошаркар. |
1971 | Сержињо — бразилски фудбалер. |
1977 | Раул Гонсалес — шпански фудбалер. |
1977 | Даниел Шариќ — босански ракометар. |
1980 | Марат Сафин — руски тенисер. |
1985 | Нико Розберг — германско-фински возач во „Формула 1“. |
1985 | Светлана Кузнецова — руска тенисерка. |
1986 | Лешон Мерит — американски атлетичар. |
1988 | Денис Ванендерт — белгиски велосипедист. |
1988 | Лука Мезгец — словенечки велосипедист. |
1990 | Тејлор Фини — американски велосипедист. |
Починале
1574 | Џорџо Вазари — италијански уметник и историчар на уметноста. |
1831 | Мари-Софи Жермен — француска математичарка. |
1937 | Донка Ушлинова — македонска револуционерка. |
1944 | Вера Менчик — британско-чешка шахистка. |
1950 | Завиш Каландра — чешки историчар и теоретичар на литературата. |
1960 | Лоти Дод — англиска тенисерка (најмладата освојувачка на Вимблдон). |
2001 | Џек Лемон — американски глумец. |
2007 | Драгутин Тадијановиќ — хрватски поет. |
2015 | Крис Скваер — рок-музичар, член на групата „Јес“ (Yes). |
2016 | Бад Спенсер — италијански глумец. |
2020 | Илија Петковиќ — српски фудбалер и тренер. |
Празници
27 јуни (празници)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.