Каракорум
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Каракорум (кинески: 喀喇昆仑山脉, пинјин: Kālǎkūnlún Shānmài; хинди: काराकोरम, Kārākōrama; урду: سلسلہ کوہ قراقرم) — голем планински венец што се протега низ пограничните краишта на Гилгит–Балтистан (Пакистан), Ладак (Индија) и регионот Сјинџанг (Кина). Влегува во состав на поширокиот систем на Хималаи, но сепак северно од самиот венец.
Каракорум | |
---|---|
Највисока точка | |
Врв | К2 |
Надм. височина | 8.611 м |
Координати | 35°52′57″N 76°30′48″E |
Географија | |
Поглед на највисоките врвови на Каракорум од Меѓународната вселенска станица
| |
Земји | Пакистан, Индија и Кина |
Покраини | Гилгит–Балтистан, Ладак и Сјинџанг |
Координати | 36°N 76°E |
Се граничи со | Ладачки Пл., Памир и Хиндураџ (Хиндукуш) |
Венецот има најголема концетрација на планини над 8.000 м на светот,[1] каде спаѓа вториот највисок врв во светот, К2 (8.611 м), кој е само 237 м понизок од Монт Еверест.
Каракорум е долг околу 500 км и се одликува со најголема покриеност со ледници во светот (вон поларните региони). Ледниците Сијачен (70 км) и Бијафо (63 км) се на второ и трето место по должина во светот вон поларните региони.[2]
На североисток венецот се граничи со Тибетската Висорамнина, а на север со Памир. Јужната граница ја образуваат (од запад кон исток) реките Гилгит, Инд и Шајок, што го одделуваат од северозападниот крај на самите Хималаи како што реките се спојуваат на југозапад кон рамниците во Пакистан.
The notable peaks of the Karakoram are:
Најголемиот дел од највисоките врвови се наоѓаат во регионот Гилгит-Балтистан во Пакистан. Балтистан има над 100 врвови повисоки од 6.100 м.
Од запад кон исток, Каракорум ги има следниве превои:
Од сите овие премини, само Хундерџапскиот Превој е прооден за моторни возила. Единствениот друг премин во редовна употреба е Шишалскиот, но истиот не навлегува во друга држава.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.