Планински венец (верига) — географско подрачје што се состои од геолошки поврзани планини. Склоп од венци што припаѓаат на извесно подрачје се нарекува планински систем.
Венците обично се испрекинати со предгорја или превои и долини што се протегаат од една позначајна планина до друга. Поединечните планини во рамките на еден венец не мора да имаат иста геолошки состав или петрологија. Тие можат да бидат мешавина од рразни орогени изрази и терени, како на пр. навлаки, поткренати блокови, наборни планини и вулкани, со што се добиваат различни видови карпи.
Најзначајни венци
Ако ја вклучиме и подводната топографија на Земјата, средноокеански сртови сочинуваат најдолги планински системи во светот. На копно, најголемите системи се претежно сместени во два региона: таканаречениот Тихоокеански Огнен Прстен и Алпско-хималајскиот систем (Алпиди). Во првиот влеегуваат планините на западното крајбрежје на Америка, Камчатка, Јапонија, Тајван, Филипините, како и делови од Индонезија и Папуа Нова Гвинеја. Алпско-хималајскиот систем се протега од Индонезија до Алпите, вклучувајќи ги Хималаите и други европски и азиски венци. За најдолг (надводен) систем се сметаат Андите (7.000 км во должина). Во Хималаите спаѓаат највисоките планини на Земјината површина, од кои највисока е Монт Еверест. Најдолг планински систем воопшто е средноокеанскиот срт, чија верига се протега низ дната на пет океани. Долг е 65.000 км, а вкупната должина на системот изнесува 80.000 км. Најсеверен планински систем на светот е Арктичката Кордиљера и ја опфаќа највисоката планина во источна Северна Америка.
Поделба и категории
Планинските системи се одликуваат со разгранета структура, па така многу венци на светот имаат свои подвенци. На пример, Апалачките Планини се матичен венец на другите венци што ги сочинуваат. Некои од нив се Белите и Синосртските Планини. Белите Планини пак, се матични на уште помали вериги - Сендвичкиот и Претседателскиот Венец. Претседателскиот Венец потоа може да се подели на Јужен и Северен Претседателски Венец.
Поврзано
- Планински масив
- Тектонска плоча
- Список на планински венци во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.