Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вивиен Ли (aнгл. Vivien Leigh; 5 ноември 1913 - 8 јули 1967 ), позната како како Лејди Оливие по 1947 година ― британска филмска и театарска глумица. Двапати била наградена со Оскар за најдобра глумица за нејзините улоги како Скарлет Охара во Однесено со виорот (1939) и Бланш Дубоа во филмската адаптација на Трамвајот наречен желба (1951), улога која ја глумела и на театарската сцена во лондонски Вест Енд во 1949 година. Вивиен Ли освоила награда Тони за улигата во Бродвејскиот мјузикл Товарич (1963). Во 1999 година Американскиот филмски институт ја ставил на 16-то место на списокот на најголемите 50 ѕвезди-глумици на класичната холивудска кинематографија.
За нејзините улоги, Ли често соработувала со нејзиниот втор сопруг, Лоренс Оливие, со кого била во брак од 1940 до 1960 година. Ли и Оливие заедно глумеле во многу театарски претстави во кои Оливие најчесто бил и режисер, а заедно глумеле и во три филма. Имала репутација дека е тешка за работа и во поголемиот дел од нејзиниот живот имала биполарно растројство и периодични напади на хронична туберкулоза која првпат ѝ била дијагностицирана во средината на 1940-тите, а тоа било и причина за нејзината смрт на 53-годишна возраст.[1]
Вивиен Ли била родена како Вивиен Мери Хартли [2] на 5 ноември 1913 година во Дарџилинг, Британска Индија. По завршувањето на драмско училиште, Ли глумела мали улоги во четири филма во 1935 година. Есента 1935 година, на инсистирање на Ли, Џон Бакмастер ја запознал со Лоренс Оливие.[3] Оливие и Ли започнале афера додека глумеле љубовници во Оган над Англија (1937). Во овој период, Ли го читала романот од Маргарет Мичел, „Однесено со виорот“ , и му наложила на нејзиниот американски агент да ја препорача кај Дејвид О. Селзник, кој планирал да сними филмска верзија.[4]
Улогата во Однесено со виорот на Ли ѝ донела огромна популарност. Филмот освоил 10 Оскари вклучувајќи ја и наградата за најдобра женска улога за Ли,[5] која исто така ја освоила наградата за најдобра глумица од Њујоршкиот кружок на филмски критичари.[6]
На 31 август 1940 година, Оливие и Ли се венчале во Санта Барбара, Калифорнија, на церемонија на која присуствувале само нивните домаќини и сведоците: Кетрин Хепберн и Гарсон Канин.[7]
Кон крајот на 1940-тите, Ли ја добила улогата на Бланш Дубоа во театарската претстава на Вест Енд „Трамвајот наречен желба“ според романот од Тенеси Вилијамс; Оливие добил договор да ја режира претставата.[8] По 326 изведби, Ли била одредена да ја репризира улогата на Бланш Дубоа во филмската верзија од претставата. Изведбата на Ли во Трамвајот наречен желба добил извонредни критики и ѝ го донела вториот Оскар за најдобра женска улога,[9] награда од Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) за најдобра британска глумица и награда од Кружокот на филмските критичари од Њујорк за најдобра глумица.[10]
И покрај нејзината популарност како филмска глумица, Ли првенствено била театарска глумица. За време на нејзината 30-годишна кариера, глумела главни улоги од театарските адаптации на комедиите од Ноел Кауард и Џорџ Бернард Шо до класични Шекспирови ликови како: Офелија, Клеопатра, Јулија и Лејди Магбет.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.