From Wikipedia, the free encyclopedia
Фердинанд I (германски: Ferdinand I, роден на 10 март 1503 во Алкала де Енарес - починал на 25 јули 1564 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија, цар на Светото Римско Царство од 1558 година до неговата смрт и крал на Бохемија и Унгарија од 1526 година до неговата смрт, како и крал на Далмација, Хрватска, Славонија, Галиција, Лодомерија. Во поголемиот дел од својот живот управувал со австриските територии на Хабсбурговците во името на својот брат Карло V. Фердинанд бил надвојвода на Австрија од 1521 до 1564 година. По смртта на својот зет Лајош II, Фердинанд управувал со Бохемија и Унгарија. Кога Карло доброволно абдицирал во 1556 година, Фердинанд де факто станал наследник на престолот на Светото Римско Царство, а официјално неговото прогласување се случило во 1558 година, додека Шпанија, Шпанската империја, Неапол, Сицилија, Милано и Холандија останале за Филип II, син на Карло V.
Фердинанд I Ferdinand I | |
---|---|
Цар на Светото Римско Царство Крал на Чешка, Крал на Унгарија[1] | |
Свет римски цар | |
На престол | 1558 - 1564[2] |
Претходник | Карло V |
Наследник | Максимилијан II |
На престол | 1526 - 1564 |
Претходник | Лајош II |
Наследник | Максимилијан II |
Архивојвода на Австрија | |
На престол | 1521 - 1564 |
Претходник | Карло I |
Наследник | Максимилијан II (потесна Австрија) Карло II (Внатрешна Австрија) Фердинанд II (Предна Австрија) |
Почивалиште | |
Сопружник | Ана Јагелонска |
Деца | Максимилијан II Елизабета, Кралица на Полска Јохана, Војвотка на Тоскана Ана, Војвотка на Баварија Фердинанд II, Архивојвода на Австрија Катерина, Кралица на Полска Барбара, Војвотка на Ферара Карло II, Надвојвода на Австрија Елеонора, Војвотка од Мантова |
Династија | Хабсбуршка династија |
Татко | Филип I од Кастиља |
Мајка | Јоана од Кастиља |
Фердинанд е роден во Алкала де Енарес, Кастиља на 40 километри од Мадрид. Тој бил син на Филип Убавиот (1478 - 1506), војводата од Бургундија и иднен крал на Кастиља и Јована I Кастиљска (1479 - 1555), наречена „Луда“, идна кралица на Кастиља. Таткото на Фердинанд бил роднина на Максимилијан I. Фердинанд е роден на иста дата како својот прадедо по мајчина линија Фердинанд II Арагонски.
Карло V ја доверил на својот брат Фердинанд власта над териториите во Австрија, кои грубо кажано ги опфаќаат денешна Австрија и Словенија. Фердинанд исто така ја презел службата на заменик на својот брат како цар на Светото Римско Царство во времето кога тој отсуствувал, додека во 1531 година Фердинанд бил избран за крал на Римјаните, што значело наследник на престолот. Карло абдицирал во 1556 година и неговиот брат го наследил, преземајќи ја официјално титулата цар во 1558 година.
Откако Сулејман Величествениот го убил зетот на Фердинанд - Лајош II, крал на Бохемија и Унгарија во Битката кај Мохач на 29 август 1526 година, Фердинанд бил избран за крал на Бохемија на негово место.
Хрватските благородници го избрале Фердинанд I за свој крал на 1 јануари 1527 година во Цетинскиот дворец и ја предале власта на нивните имоти за него и за неговите наследници. Во замена на престолот, Фердинанд свечено ветил на Цетинскиот собор да ги почитува историските права, слободи, закони и обичаи кои Хрватите ги имале при нивното здружување со Унгарија, за да ја заштитат Хрватска од османлиската инвазија во Европа.
Во Унгарија Николај Олај, секретар на Лајош, се зближил со Фердинанд, но го задржал својот пост кај кралицата-вдовица Марија. Фердинанд бил избран за крал на Унгарија на меѓународен конгрес во Братислава во декември 1526 година кога унгарскиот престол станал предмет на династички спор помеѓу Фердинанд и Јован I Заполја, војвода на Трансилванија. И двете страни биле поддржувани од различни делови на унгарските аристократи. Фердинанд ја добил и поддршката на неговиот брат Карло V. Откако ја изгубил битката против Фердинанд во 1527 година, Јован започнал сојузништво со Сулејман I. Фердинанд успеал да направи контрола само врз западна Унгарија, а источниот дел останал во сопственост на Заполски додека југот бил во рацете на Османлиите. По смртта на Јован I Заполја неговата вдовица Изабела потпишала договор со Фердинанд и му ја отстапила Унгарија и Трансилванија во 1551 година. Во 1554 година фландрскиот писател и дипломат Ожиен Гислен де Бусбек бил испратен во Истанбул од Фердинанд, за да преговара со османлискиот султан за спорната граница меѓу двете царства.
Најопасниот момент во управувањето на Фердинанд се случил во 1529 година, кога Османлиите започнале неуспешна опсада на Виена. Во 1533 година Фердинанд потпишал договор со Сулејман за поделба на Унгарија на два дела, од кои едната останала под власта на Хабсбурговците, а другата останува во сопственост на наследниците на Заполја и последователно станала вазалство на Отоманското Царство.
Западниот дел од Унгарија, над која Фердинанд продолжил да владее, станал познат како Кралство Унгарија. Како владетел на Австрија, Бохемија и Унгарија, Фердинанд ја прифатил политиката на централизација и создал апсолутизам, исто како и другите монарси по негово време. Во 1527 година составил устав за своите потчинети територии (Hofstaatsordnung) и создал институции по австриски модел во Братислава за Унгарија, во Прага за Бохемија и Вроцлав за Шлеска. Бунтот на аристократите го принудиле да ја прекине независноста на овие институции и да ги потчини на австриската влада во Виена во 1559 година.
Во 1547 година бохемските аристократи кренале востание против Фердинанд, откако тој наредил на бохемската армија да се придвижи против германските протестанти. Откако го задушил бунтот, благодарение на шпанските сили на својот брат Карло V, Фердинанд возвратил на нивната непослушност, намалувајќи ги привилегиите на бохемските градови и назначил нова бирократија од кралски службеници, за да ги контролира градските власти. Фердинанд дал поддршка на контрареформацијата. Во 1551 година тој поканил важни членови од Орденот на језуитите во Виена, а истото го направил и во Прага во 1556 година. На тој начин Фердинанд успеал повторно да ја отвори епархијата на Прага, која пред тоа била уништена поради успехот на протестантите.
Фердинанд починал во Виена на 25 јули 1564 година и бил погребан во катедралата Св. Вит во Прага.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.