ирски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Николас Роуш (англиски: Nicolas Roche; р. 3 јули 1984 ) — ирски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим ДСМ-Фирмених.[3]
Роуш во националниот дрес на Трката околу Британија 2016 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Николас Роуш | ||
Прекар | Нико[1] | ||
Роден | 3 јули 1984 Конфлан Сен Онорен, Франција | ||
Висина | 1,78 м[2] | ||
Маса | 70 кг[2] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Тим ДСМ-Фирмених | ||
Дисциплина | друмски велосипедист | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
2002 2003 2003–2004 2004 | ОККВ Драгињан СК Ница Вело-Клуб Ла Пом Марсеј Кофидис (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2005–2006 2007–2008 2009–2012 2013–2014 2015-2016 2017-2018 2019- | Кофидис Кредит Агрикол Аг2р-Ла Мондијал Тим Саксо-Тинкоф Тим Скај Ванти-Груп Гобер Тим Санвеб | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 5 февруари 2020 |
Двапати бил национален првак и многупати завршувал помеѓу првите десет на етапи на големите трки. Ја претставувал Ирска на друмската трка на Летните олимписки игри 2008. Настапил за Ирска седум пати на Светските друмски првенства.
Роуш, кој е роден во Конфлан Сен Онорен, Франција, е син на поранешниот велосипедски првак Стивен Роуш и неговата поранешна жена, Лидија, внук на поранешниот професионален велосипедист Лоренс Роуш и братучед на ирскиот друмски првак од 2008 Даниел Мартин. Роуш учел во колеџот Блекрок, приватно училиште во Даблин, пред да се пресели на југот на Франција во 1999, каде го поминал поголемиот дел од животот. Моментално живее во Варезе, Италија.
Станал професионалец на крајот на 2004 со екипата Кофидис и станал еден од најмладите возачи во UCI ProTour.[4] Бидејќи неговиот татко е Ирец, а неговата мајка Французинка, Роуш имал двојна националност како аматер. На почетокот на 2005 на Роуш му било кажано од француските власти да одбере една националност. Роуш се изјаснил за Франција бидејќи планирал да го помине остатокот од неговиот живот во Франција.[5] Губитокот на Роуш било удар за ирскиот велосипедизам,[6] откако ја освоил младинската Трка околу Ирска во 2002[7] и завршил трет на ирското првенство во 2004.[8] Меѓутоа, шест месеци подоцна, UCI и велосипедската федерација на Ирска му кажале на Роуш дека му била дадена погрешна информација и дека може да настапува за Ирска и да го зачува двете националности, како што и направил.[9]
Во текот на првите две години, често бил помошник на другите возачи, но остварил неколку добри резултати, главно на француските трки. Негова прва победа била на етапа на Тур де л’Авенир 2006, трка позната како мини-Тур де Франс за возачи под 23 години.[10][11] Ја носел жолтата маичка на две етапи и завршил десетти во генералниот пласман. Бил во големото бегство на Светското првенство во Салцбург, Австрија.[12] Веднаш потоа потпишал двегодишен договор со Кредит Агрикол како последица на многуте добри резултати во сезоната.
Во 2007, Роуш возел на Џиро д’Италија. Во јуни ја освоил првата сениорска национална титула, хронометарот во Дангарван.[13] Исто така бил четврти на друмското првенство. Поради повреда, Роуш се повлекол од Трката околу Ирска и го пропуштил Светското првенство.
Роуш ја планирал 2008 за Џиро д’Италија, но организаторите не ја поканиле неговата екипа. Го променил распоред и завршил шести на Тур Ивоарен де ла По, 15. на Класика Интернасионал де Алкобендас во Шпанија и освоил етапа[14] на Гп Интернасионал Паредес Рота дос Мовеис во Португалија. Откако завршил седми на Тур де Валони, настапил на олимписката друмска трка, заедно со Филип Дењан, освоил етапа на Тур ду Лимузен и потоа бил избран за неговата прва Вуелта а Еспања. Роуш покажал добри резултати на трката, скоро освојувајќи ја етапата 18, каде бил отспринтан од Иманол Ервити по бегството составено од 17 возачи. Роуш завршил на 13. место во генералниот пласман на неговиот втор Гранд Тур.
Роуш заедно со Дењан и Роџер Екен биле дел од ирската репрезентација на Светските првенства во Варезе. Роуш имал ран пад и се повлекол.
Роуш потпишал двегодишен договор со Аг2р-Ла Мондијал по прекинувањето со Кредит Агрикол.
По победата на ирското национално друмско првенство по првпат во јуни 2009, било објавено дека Роуш бил избран од екипата да вози на неговиот прв Тур де Франс. Имал добар настап, завршувајќи 23. во генералниот пласман и 5. во бодовниот пласман.
По добриот почеток во сезоната, каде завршил десетти на Париз-Ница и петти на Волта а Каталуња, Роуш бил избран како предводник на Аг2р-Ла Мондијал на Тур де Франс и во текот на трката пишувал статии за весникот Irish Independent. Роуш завршил 15. во генералниот пласман. Би можел да се пласира неколку места погоре доколку не изгубел четири минути во однос на предводниците на трката поради дупната гума на етапата 15, а колегата Џон Гадре одбил да му го даде неговиот велосипед.
Во септември, Роуш ја водел екипата на Вуелта а Еспања. Неговиот резултат бил дури и подобар отколку на Тур де Франс, губејќи незначително време на планинските етапи. Завршил на седмото место во генералниот пласман, само пет минути и три секунди за победникот Винченцо Нибали. Овој резултат бил најдобар на Гранд Тур од страна на Ирец по 1988.
Роуш бил дел од ирската репрезентација со тројца членови на Светското првенство 2010 во декември.
Сезоната на Роуш била попрачена од повреди и несреќи, особена една несреќа на Критериум ду Дофине[15] Повторно настапил на Тур де Франс како предводник на екипата, но брзо сфатил дека не бил целосно закрепнат од несреќата и дека не може да се надева на добар генерален пласман. Имал голем број неуспешни бегства во последната етапа, надевајќи се на етапна победа и на крајот завршил како 26. во генералниот пласман. Исто така возел на Вуелта а Еспања, завршувајќи 16. во генералниот пласман.
Во октомври, Роуш ја освоил третата етапа на првата Трка околу Пекинг.[16][17] Ова било првата негова меѓународна победа во три години и негова прва победа на Светската турнеја.
Роуш објавил мемоари во 2011 наречени „Во групата“ (Inside the Peloton). Ја освоил годишната национална книжевна награда во категоријата спортски книги.
Роуш ја покажал својата форма со завршувањето во најдобрите 20 возачи на Париз-Ница и Трката околу Калифорнија. Тој завршил десетти во генералниот пласман на Тур де Свис и втор и трет соодветно на националното друмско и хронометарско првенство пред да вози на Тур де Франс. Роуш се искачил до седмото место во генералниот пласман на првата планинска етапа. Меѓутоа изгубил време на хронометарот на етапата 9 и на остатокот од планинските етапи. На етапата 18, Роуш се одвоил од главната група во последните 10 километри со Луис Леон Санчес. Двоецот ги поминале членовите на бегството и изгледале подготвени за етапна победа, но Марк Кевендиш ги отспринтал во последните 200 метри. Роуш бил 11. во генералниот пласман пред хронометарот на етапата 10 и целел на првите десет, но слабиот хронометар го спуштил едно место подолу. Роуш, заедно со Даниел Мартин и Дејвис Мекан, ја претставувале Ирска на олимписката друмска трка. Потоа возел на Вуелта а Еспања, каде имал добар почетоко и бил седми во генералниот пласман до втората недела од трката. Меѓутоа, опаднал со формата во последната недела на трката и паднал на 12. место во генералниот пласман на крајот на трката.
На 1 август било објавено дека Роуш ќе го напушти Аг2р-Ла Мондијал на крајот на сезоната 2012, завршувајќи го осумгодишната соработка со француската екипа.[18] Потпишал двегодишен договор со Тим Саксо-Тинкоф за сезоните 2013 и 2014.[19]
На 25 август, Роуш ја освоил втората етапа на Вуелта а Еспања откако победил во спринтот со други четворица велосипедисти.[20][21] Роуш ја носел водечката црвена маичка до осмата етапа и завршил на петтот место во генералниот пласман.[22][23]
Роуш учествувал на Џиро д’Италија и на Тур де Франс како помошник на предводникот на неговата екипа. Пред Тур, Роуш ја освоил трката Рут ду Суд, освојувајќи ја кралската етапа. Тоа било трка на која неговиот татко исто така победил во 1985 година.[24] Роуш настапил на Трката околу Британија очекувајќи добар пласман[25] и на крајот завршил на петтото место.
Во 2015 година, Роуш ќе го напушти Тинкоф-Саксо за да се приклучи на Тим Скај.[26] На 10 септември, Роуш ја освоил осумнаесеттата етапа на Вуелта а Еспања во спринтерска завршница против Ајмар Зубелдија.[27][28]
По прекинатиот зимски тренинг поради инфекција од пајак, Роуш имал тешкотии во почетокот на сезоната. На крајот на април, Роуш настапил на Тур де Јоркшир за добар резултат. На последната етапа, Роуш ја нападнал групата на фаворити заедно со Тома Веклер, каде бил поразен на целта во завршниот спринт. Ова му го донело второто место во генералниот пласман. По оваа трка било потврдено дека Роуш ќе настапи на Џиро д’Италија по третпат во кариерата. Роуш ја започнал трката како поддршка за Микел Ланда. Неговата форма опаднала во трката, но му помогнал на колегата Микел Ниеве да го освои планинскиот пласман. Во јуни, Роуш ги освоил хронометарското и друмското првенство на Ирска.
Откако ја напуштил екипата Скај, Роуш се приклучил на БМЦ во сезоните 2017 и 2018.
Во септември 2018 година било потврдено дека потпишал договор со Тим Санвеб за сезоната 2019, со улога на помошник за Том Димулен во неговите обиди за победа на Тур де Франс.[29]
Роуш ја носел црвената маичка на втората етапа на Вуелта а Еспања 2019 откако бил дел од шестчлена група која нападнала на завршните километри од етапата.[30] Ја носел маичката до петтата етапа, меѓутоа паднал на шестата етапа, станувајќи еден од четворицата возачи кои ја напуштиле трката поради падот. Бил петти во генералниот пласман на почетокот на етапата.[31]
Во септември 2019 година било објавено дека Роуш го продолжил неговиот договор со Тим Санвеб на уште две години.[32]
Роуш моментално живее во Монако. Претходно, до 2003 година, живеел во Варезе, Италија.[33] Женет е со Шпанката Дебора Роблес.
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.