From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиро д’Италија (италијански: Giro d'Italia; или позната како Трка околу Италија) — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Италија, но исто така повремено поминува и низ некои соседни земји.[1] Трката била првпат организирана во 1909 со цел зголемување на продажбите на весникот La Gazzetta dello Sport;[1][2] меѓутоа сега е управувана од RCS Sport.[3][4] Трката била одржувана секоја година од нејзиното прво издание во 1909, освен кога била попречена од двете светски војни.[1] Како трката добивала на значајност и популарноста на трката се зголемувала, нејзината слава започнала да се шири низ светот. Групата се проширила од главно италијански учесници до велосипедисти од целиот свет. Џиро е дел од Светската турнеја, што значи дека екипите кои настапуваат на трката, најмногу се UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.[5][6]
Датум | мај-јуни |
---|---|
Регион | Италија и соседните земји |
Месно име | Giro d'Italia (италијански) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Големи трки |
Организатор | RCS Sport |
Директор на трката | Микеле Аквароне |
Прво одржување | 1909 |
Одржувања | 105 (до 2022) |
Прв победник | Лујџи Гана (ИТА) |
Најмногу победи |
|
Неодамнешен победник | Џеј Хиндли (АВС) |
Заедно со Тур де Франс и Вуелта а Еспања, ги создаваат трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур.[1][7] Џиро обично се одржува кон крајот на мај или почетокот на јуни.[1] Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на две хронометра, премин низ планинските масиви на Доломитите[8][9] и Алпите,[10] и завршницата во италијанскиот град Милано.[11][12] Како и останатите Гранд Тур трки, поновите изданија на Џиро д’Италија обично се состојат од 21 етапа во период од 23 дена, кој вклучува два дена одмор.[1]
Сите етапи се мерат на крајот; завршните времиња на возачи се составени од сите претходни нивни времиња на етапите. Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната розовата маичка.[1][13] Секогаш генералниот пласман привлекува најмногу внимание на трката од останатите пласмани: бодовниот пласман за спринтерите,[13] планинскиот пласман за специјалистите за искачување,[13] пласманот за млад возач за возачите под 25 години[13] и екипниот пласман за најбрзите екипи.[13] Трката во 2019 била освоена од Ричард Карапас, прв еквадорски победник во историјата на Џиро д’Италија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.