италијански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Винченцо Нибали (италијански: Vincenzo Nibali; р. 14 ноември 1984 во Месина) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.[2]
Нибали на Тур де Франс 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Винченцо Нибали | ||
Прекар | Lo Squalo (Ајкулата) | ||
Роден | 14 ноември 1984 Месина, Италија | ||
Висина | 1,80 м[1] | ||
Маса | 65 кг[1] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Лидл-Трек | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Професионални клубови | |||
2005 2006–2012 2013-2016 2017-2019 2020- | Фаса Бортоло Ликвигас Астана Бахреин-Мерида Трек-Сегафредо | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 4 април 2020 |
Роден близу Месинскиот Проток, прекарот на Нибали е „ајкула на протокот“[3] или едноставно „ајкула.“ [4] Неговата прва голема победа се случила на ГП Западна Франција 2006, која е еднодневна трка. Меѓутоа, експерт како што е Микеле Бартоли кажал дека Нибали е спремен за учество на етапни трки.[5] Негови најголеми победи се освојувањето на големите трки Вуелта а Еспања 2010, Џиро д’Италија 2013 и Тур де Франс 2014, правејќи го еден од шесте велосипедисти кои имаат победи на сите три големи трки во нивната кариера. Исто така има освоено две изданија на етапната трка Тирено-Адријатико.
Има одлични резултати и на класичните велосипедски трки, освојувајќи ги изданија во 2014 и 2015 на националното друмско првенство, ГП Западна Франција во 2006 година и „монументот“ во друмскиот велосипедизам: Џиро ди Ломбардија во 2015 и во 2017 година и Милано-Санремо во 2018 година. Има освоено подиуми на Лиеж-Бастоњ-Лиеж и на претходните изданија на Милано-Санремо.
Винченцо Нибали е роден во 1984 на 14 ноември, син на Салваторе и Џована. Со цел да стане велосипедист, заминал од неговиот роден град Месина и се преселил во Тоскана, на само 16 години. Десет месеци во годината живеел во куќата на поранешниот спортски директор, Карло Франчески, во Мастромарко, близу Лампорекио, каде сè уште живее.[6][7]
Нибали завршил трет на Светското јуниорско хронометарско првенство во 2002 и на Светското хронометарско првенство за под 23 години во 2004 година. Станал професионалец во 2005 година со Фаса Бортоло. Во 2006 година, Нибали потпишал со Ликвигас. Истата година победил на францускиот класик ГП Западна Франција на 21 година.[8] Исто така завршил втор во генералниот пласман на трката Сетимана интернационале ди Копи е Бартали, освојувајќи ја првата етапа.[9] Во 2007, Нибали возел на Џиро д’Италија за првпат и завршил 19. во генералниот пласман. Во 2008, Нибали завршил 10. на Лиеж-Бастон-Лиеж и успеал да влезе во првите 20 на двете трки, Џиро д’Италија и Тур де Франс.
Во 2009 Нибали забележал победа на Џиро дел’Апенино, каде нападнал на скоро 50 километри пред целта и победил сам. Ја посветил победата на неговата баба.[10] Победа остварил и на Гран Премио Сита ди Камаиоре. Завршил шести во генералниот пласман на Трката околу Калифорнија, деветти во генералниот пласман на Вуелта ал Паис Васко и седми во генералниот пласман на Тур де Франс, неговиот најдобар пласман на Гранд Тур.
Нибали ја започнал 2010 со освојување на генералниот пласман на Тур де Сан Луис. Ја облекол водечката розова маичка на Џиро д’Италија 2010, откако неговата екипа Ликвигас-Доимо го освоила екипниот хронометар на етапа 4, подоцна ја освоил и етапата 14 и така завршил трет зад неговиот колега Иван Басо и Давид Аројо. Во јуни, Нибали ја освоил Трката околу Словенија. Подоцна во сезоната, Нибали го освоил Трофео Мелинда. Нибали победил на Вуелта а Еспања без притоа да освои една етапа, благодарејќи на последователно високите места на етапите, кои завршувале на врв и двата хронометри во трката.[11] Тој го наследил водството во трката, откако Игор Антон бил принуден да се повлече по несреќата на етапа 14. Ова ја одбележала неговата прва Гранд Тур победа.
Нибали ја започнал 2011 со солидна форма, заземајќи го петтото место во генералниот пласман на Тирено-Адријатико. Исто така имал и солидна сезона на класиците, забележувајќи осмо место на Милано-Санремо и на Лиеж-Бастон-Лиеж. Нибали бил еден од фаворитите за Џиро д’Италија 2011, бидејќи Иван Басо не возел, давајќи му предност во Ликвигас. Завршил трет во генералниот пласман зад Алберто Контадор и Микеле Скарпони, а Нибали и Скарпони се бореле за секунди во последната недела, откако станало јасно дека јазот во времето на Контадор е преголем (На Контадор подоцна му била одземена титулата, со што Нибали станал втор).
Нибали исто така ги водел Ликвигас и на Вуелта а Еспања. На етапата 6, Ликвигас наредил бегство во близина на Кордоба, но недостигот на комуникација довело Нибали да заврши четврти, со што не успеал да освои бонус секунди. Тој се искачил на третото место по етапата 11, зад дуото од Скај, Бредли Вигинс и Крис Фрум. Следните неколку етапи, Нибали започнал да го намалува водството на Вигин со добивање временски бонуси од спринтовите. Меѓутоа на етапата 14 Нибали доживеал пад во формата, со што бил ставен надвор од борбата за подиум. Завршил седми во генералниот пласман.
Нибали ја започнал сезоната 2012 со второ место во генералниот пласман на Трка околу Оман, една секунда зад Петер Велитс, победувајќи ја кралската етапа. Нибали го освоил генералниот пласман на Тирено-Адријатико, откако победил на етапата 5. Исто така, го освоил и бодовниот пласман. Во март, Нибали завршил трет на Милано-Санремо, неговиот прв подиум на некоја монументална трка.
На Лиеж-Бастон-Лиеж, побегнал сам, кога нападнал на искачувањето Кот де ла Рош о Фокон и ги отфрлил неговите главни соперници на 20 километри пред крајот, но бил поминат од Максим Иглински (Астана Казахстан Тим), токму во последниот километар (flamme rouge). Стигнал до целта за второто место.[12]
Нибали одбрал да го насочи своето внимание на Тур де Франс, прескокнувајќи ја Џиро д’Италија со цел подобро да се подготви. По солидната прва недела, Нибали завршил четврти на првата завршница на нагорнина на етапата 7 и се искачил на третото место во генералниот пласман, шеснаесет секунди зад водачот Бредли Вигинс и шест зад бранителот на титулата Кедел Еванс. Меѓутоа, Нибали задоцнил две минути зад Вигинс на хронометарот на етапата 9, каде бил осми, и паднал на четвртото место во генералниот пласман, зад колегата на Вигинс Крис Фрум. На етапата 10, Нибали нападнал на спустот на Кол ду Гран Коломбје и се поврзал со колегата Петер Саган, но двоецот бил достигнал од главната група предводена од Скај. Потоа Нибали го обвинил Вигинс на покажување недостиг на почит на крајот на етапата.[13] Нибали повторно нападнал на следната етапа, која завршувала на нагорнина во Ла Тусуар и добил време пред Вигинс и Фрум, но тандемот повторно стигнал до него, иако успеал да дојде до третото место откако Кедел Еванс изгубил доста време. Тој нападнал повторно на етапата 16 на Кол де Пересурд, каде само Вигинс и Фрум можеле да го следат. Го достигнале пред врвот, но Нибали повторно забрзал, но Вигинс го затворил јазот и тројцата завршиле заедно. Нибали изгубил време од Вигинс и Фрум на следната етапа, друга планинска етапа, овојпат со завршница на врв и две етапи подоцна на последниот поединечен хронометар, кој Вигинс го освоил. Нибали завршил трет, единствен возач кој завршил во рамките на 10 минути од Вигинс и Фрум.
Нибали го напуштил Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Астана на двегодишен договор од сезоната 2013.[14]. Договорот вредел три милиони евра на година.[15]
Нибали ја започнал сезоната во 2013 во добра форма, завршувајќи седми на Трката околу Оман и победувајќи на Тирено-Адријатико. Ја освоил водечката маичка на трката од рамениците на Крис Фрум на шестата етапа, кога побегнал со Петер Саган и Хоаким Родригес на краткото искачување со наклон од 30%.[16] Се одржал пред Фрум на последниот хронометар. Во април победил на Џиро дел Трентино на последната етапа со завршница на нагорнина. Го преземал водството од Максим Буе, кој бил предводник на трката од втората етапа. Нибали забрзал на последното искачување од екстра категорија, одвојувајќи се од соперниците Мауро Сантамброџо и Бредли Вигинс, кои имале механички проблеми и ја освоил етапата.[17]
Нибали и Вигинс влегле на Џиро д’Италија како главни фаворити за победа на трката. Нибали ја освоил водечката розова маичка на осмата етапа откако завршил четврти на хронометарот, освоен од Алекс Даусет, доцнејќи само 11 секунди зад Вигинс. На десеттата етапа, првата завршница на нагорнина, Нибали завршил трет зад Ригоберто Уран и го зголемил водството пред второпласираниот Еванс на 41 секунда. Остатокот на трката бил под сериозно влијание на лошите временски услови. Нибали здобил уште повеќе време пред соперниците на етапата 14, завршувајќи на Монте Јаферау Јаферау, откако тој и Мауро Сантамброџо се одвоиле во смрзнувачки услоги, а Нибали му дозволил на Сантамброџо да ја освои етапата. Нибали ја освоил етапата 18, планински хронометар, со 58 секунди пред Самуел Санчес, со што го зголемил водството пред Еванс и Уран на преку четири минути. Следната етапа, предвидена како кралска етапа на трката, била откажана поради снегот. Етапата 20, последната планинска етапа, исто така била попречена од силен снег, која Нибали ја освоил со напад на последното искачување до Тре Чиме ди Лаваредо за победа на етапата со 17 секунди пред Фабио Дуарте, додека Уран доцнел дополнителни две секунди. Нибали исто така преминал во водство во бодовниот пласман. Нибали сигурно ја поминал последната етапа до Бреша за победа на Џиро со четири минути и 43 секунди пред Уран, негова втора победа на некоја голема трка. Меѓутоа, како Марк Кевендиш ги освоил сите средни спринтови пред освојувањето на последната етапа, Нибали завршил втор зад него во бодовниот пласман.[18] На Вуелта а Еспања, Нибали се двоумел дали да се бори за црвената маичка за да ја забележи неговата втора победа на голема трка во 2013 или да ја чува неговата енергија за Светските првенства, кои ќе се одржувале неколку недели подоцна во неговата родна земја, во Тоскана. Возел добро и ја носел црвената маичка неколку етапи, но на крајот завршил на второто место. Нибали ја носел водечката маичка повеќе отколку било кој друг Италијанец во историјата на Вуелта а Еспања.
По освојувањето на Џиро во 2013 година, Тур де Франс станал главна цел за Нибали во сезоната 2014.
Во поголемиот дел од сезоната пред Тур, Нибали покажал солидна форма, но без победи на трки и високи пласман. Исто така бил критикуван од италијанскиот печат поради разочарувачкиот настап на Критериум ду Дофине.
На 28 јуни, Нибали станал италијански првак со неговата прва победа во 2014 на националното друмско првенство (Трофео Мелинда).
Една недела и еден подоцна на 6 јули, Нибали ја обезбедил водечката жолта маичка со победа на втората етапа на Тур де Франс 2014. Продолжил да ја чува жолтата маичка до осмата етапа, при што ја загубил на деветтата етапа од Французинот Тони Галопен. Но, успеал брзо да ја врати назад, уште на десеттата етапа, откако еден од најголемите негови соперници во генералниот пласман Алберто Контадор паднал и ја напуштил трката; кон крајот на етапата, Нибали ги достигнал Хоаким Родригес и Михал Квјатковски и стигнал сам до врвот на етапата. Ја освоил етапата и се вратил во жолто на 14 јули 2014, на Денот на Бастилја.[19] Потоа, Нибали ја освоил тринаесеттата етапа во Шамрус откако ги претекнал Леополд Кениг и Рафал Мајка близу врвот. Продолжил да ја покажува својата надмоќ во остатокот на трката и на осумнаесеттата етапа во Откам нападнал во подножјето на искачувањето и ја освоил етапата со разлика од над една минута во однос на второпласираниот Тибо Пино. Ова било негова четврта и последна етапна победа на трката. Завршил на одличното четврто место во завршниот хронометар. Во генералниот пласман имал предност од 7 минути и 52 секунди, најголема разлика на победа на Тур во претходните 17 години.[20]
Следна трка за Нибали била Копа Берноки, каде завршил со водечката група на 18. место, откако нападнал неколкупати на трката.[21]
Во 2015 година, Нибали како свој приоритет го поставил бранењето на титулата на Тур де Франс 2014.[22] Негов прв позначаен резултат бил 16. место на Тирено-Адријатико. Подоцна, учествувал на Амстел Голд Рејс и се вдал во бегство со доцен напад, но бил достигнат од групата и завршил на 65. место.[23] На Флеш Валон, се обидел да нападне на претпоследното искачување, но не успеал и завршил 20., само 19 секунди зад победничкото време.[24] Негов прв позначаен резултат во годината било десеттото место на Тур де Романди.[25]
Во јуни земал учество од Критериум ди Дофине, на кој завршил втор на шестата етапа и ја носел жолто-сината маичка, која ја загубил следниот ден; по трката, Нибали станал национален првак втора година по ред. Нападнал во текот на последното искачување и бил подобар од Франческо Реда и Диего Улиси.[26]
Во јули ја освоил деветнаесеттата етапа на Тур де Франс.[27] На крајот на етапата, Нибали бил обвинет од Фрум за неспортско однесување за нападот додека велосипедот на Фрум имал краток механички проблем на 58 километри пред целта.[28][29] Не е познато дали Нибали бил свесен за проблемот, бидејќи немало комуникација на Радио Тур за инцидентот (како што било подоцна изјавено од менаџерот на Астана, Александар Винокуров).[30] Снимките од телевизијата покажуваат „Нибали двапати фрла поглед преку рамо пред да забрза“.[31] Го завршил Тур на четвртото место во генералниот пласман, 8 минути и 36 секунди зад победникот, Крис Фрум.[32]
Нибали учествувал на Вуелта а Еспања, каде го делел водството на Астана со Фабио Ару, крајниот победник на Вуелта.[33][34] Меѓутоа, на втората етапа, Нибали бил зафатен во голем пад и бил приморан да вози силно за да се врати во групата. Во текот на потерата се држел за автомобилот на екипата, возен од спортскиот директор на екипата, Александер Шефер, и бил одвлечен до главната група. Обајцата, Нибали и Шефер, биле дисквалификувани од трката по етапата, а екипата била казнета.[35] Директорот на трката изјавил дека жалел за „жалното однесување“ на возачот.[36]
На есен ги освоил Тритико Ломбардо, како и Копа Берноки и Тре Вали Варезине, завршил втор на Копа Уго Агостони. Во октомври го освоил својот прв монумент, Џиро ди Ломбардија, напаѓајќи на спустот од Чивилјо, претпоследното искачување, стигнувајќи сам до победа пред Даниел Морено и Тибо Пино.
Во февруари, Винченцо Нибали ја освоил кралската етапа и крајниот пласман на Трката околу Оман.[37]
Како подготовка за Џиро д’Италија, една од двете главни цели на сезоната, возел на италијанската еднодневна трка Страде Бјанке, етапната трка Тирено-Адријатико, каде завршил како шести на крај - поради откажувањето на кралската етапа - и на Милано-Санремо, каде се обидел да нападне на спустот од Поџо, но бил достигнат од групата.
Се вратил на патеките во април на Џиро дел Трентино, каде имал лоша форма и завршил далеку зад победникот Микел Ланда. Последната трка пред Џиро му била Лиеж-Бастон-Лиеж, најважната од арденските класици, завршувајќи со две минути зад победникот.
Втора година по ред го освоил Џиро, како и една етапа на трката. Победата на Џиро дошла откако се вратил, иако доцнел за другите на почетокот на трката, враќајќи ја розовата маичка на претпоследниот ден.
Главна цел на Нибали за сезоната била олимписката друмска трка. Нибали дошол до водечката шестчлена група на претпоследниот спуст на Виста Кинеза со колегата Фабио Ару, а на последното искачување се одвоил со Рафал Мајка и Серхио Енао. Меѓутоа, Нибали и Енао паднале на последниот спуст, при што Нибали се здобил со скршеница на клучната коска.[38]
По четири сезони со Астана, Нибали објавил во август 2016 година дека ќе се приклучи на новосоздадената екипа Бахреин-Мерида во 2017 година.[39] По два подиума на Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања, во октомври ја освоил Џиро ди Ломбардија по вторпат, напаѓајќи го повторно Тибо Пино на спустот на Чивилјо и пристигнувајќи сам во Комо.
Во март 2018 година, Нибали го освоил престижниот монумент, Милано-Санремо, станувајќи првиот Италијанец по Филипо Поцато во 2006 година, кој победил на трката.[40] Нибали нападнал на Поџо ди Санремо и успеал да се одржи пред спринтерите во завршните метри на трката за победа.[41] Две недели подоцна завршил на 24. место на Трката околу Фландрија, на која имал напад на Крујсберг, кој го поттикнал одлучувачкиот потег на Ники Терпстра.[42] Нибали се повлекол од Тур де Франс на дванаесеттата етапа, откако имал пад на качувањето на Алп д’Иез по судир со гледач.[43] Иако повреден со скршено ребро, успеал да ја заврши етапата на седмото место, 13 секунди зад етапниот победник и носител на жолтата маичка, Герајнт Томас.[44]
Нибали настапил на Џиро д’Италија 2019 и ја завршил трката на второто место, зад Ричард Карапас.[45] На 4 јуни 2019 година, списанието Cycling Weekly објавиле дека Нибали потпишал за Трек-Сегафредо за сезоната 2020.[46]
Нибали се преселил во Лугано во пролетта 2012 со неговата девојка. Се венчале на 13 октомври 2012.[47]
Нибали има помлад брат, Антонио, кој е исто така велосипедист и кој станал професионалец во 2014 година, започнувајќи да вози за екипата Маркиол-Емисферо во Италија.[48] Антонио му се приклучил на неговиот постар брат во Бахреин-Мерида за сезоната 2017.
Распоред на резултатите на големите трки | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | |||||
Џиро | — | — | 19 | 11 | — | 3 | 2 | — | 1 | — | — | 1 | 3 | — | 2 | ||||||
Тур | — | — | — | 20 | 6 | — | — | 3 | — | 1 | 4 | 30 | — | СО | 39 | ||||||
Вуелта | — | — | — | — | — | 1 | 7 | — | 2 | — | ДСК | — | 2 | 59 | — | ||||||
Распоред на резултатите на поголемите етапни трки | |||||||||||||||||||||
Трка | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | |||||
Париз-Ница | — | 66 | — | — | — | — | — | — | — | 21 | — | — | — | — | — | 4 | |||||
Тирено-Адријатико | — | — | 17 | — | 10 | 8 | 5 | 1 | 1 | — | 16 | 6 | 26 | 11 | 15 | ||||||
Волта а Каталуња | 56 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | ||||||
Трка околу Баскија | 92 | — | — | — | 9 | — | — | — | — | — | — | — | — | СО | — | ||||||
Тур де Романди | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 5 | 10 | — | — | — | — | ||||||
Критериум ди Дофине | — | СО | — | — | — | — | — | 28 | — | 7 | 12 | — | — | — | — | ||||||
Тур де Свис | СО | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Монумент | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | 69 | — | — | 49 | 28 | 8 | 3 | СО | 44 | 45 | 33 | — | 1 | 8 |
Трка околу Фландрија | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 24 | — |
Париз-Рубе | не настапил во текот на кариерата | ||||||||||||||
Лиеж-Бастон-Лиеж | 112 | ДСК | 71 | 10 | 39 | 27 | 8 | 2 | 23 | 30 | 13 | 51 | — | 32 | 8 |
Џиро ди Ломбардија | 79 | СО | 34 | 37 | — | 5 | 40 | 26 | СО | — | 1 | — | 1 | 2 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал; ДСК = дисквалификуван
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.