Тоскана

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тоскана

Тоскана (италијански: Toscana) — еден од најголемите и најважни региони во Италија поради своето културно-историско и уметничко наследство. Сместена во Централна Италија, на северозапад се граничи со Лигурија, на север со Емилија-Ромања, на исток со Марке и Умбрија, на југ со Лацио. Површината која го зафаќа овој регион на Апенинскиот Полуостров е 22.997 км2 а името произлегло од првите жители кои ја населувале таа зона, Етрурците или Туски, кои му ги дале на регионот првите форми на територијална организација. По нив, регионот бил заземен од страна на Римјаните а по паѓањето на Римското Царство, Тоскана паднала под власт на Готите, Лонгобардите и на Каролинзите. Во средновековниот период биле основани независните општини кои не издржале под превласта на Фиренца со која управувало семејството Медичи. Тоскана се смета за лулката на италијанскиот јазик во која се родиле едни од најпознатите италијански уметници и поети. Освен тоа, Тоскана е своевиден регион-музеј: нејзините градови чуваат многубројни ремек дела како палати, цркви, галерии, кои привлекуваат туристи од целиот свет.

Thumb
Катедралата Санта Марија дел Фјоре во Фиренца
Кратки факти Тоскана Toscana, Земја ...
Тоскана
Toscana
Регион во Италија
ThumbГрб на Тоскана
Thumb
ЗемјаИталија
Админ. центар[[Фиренца]]
Управа
  ПретседателЕнрик Роси (PD)
Површина
  Вкупна22.993 км2 (8,878 ми2)
Население (31-03-2012)
  Вкупно3.763.076
  Густина160/км2 (420/ми2)
ДемонимТоскан
Граѓанство[1]
  Италијанци90%
  Кинези8%
  Албанци1%
Час. појасCET (UTC+1)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
БДШ/ном.€ 106.1[2] милијарди (2008)
БДП/жит€ 28,500[3] (2008)
NUTSITC
Мреж. местоregione.toscana.it
Затвори

Главен град на регионот Тоскана е Фиренца, град кој е прочуен во светот по својата убавина и многубројните културно-историски споменици, но и по природната убавина. Во овој регион се сместени и други познати градови како Пиза, Сиена, Лука, Арецо и Ливорно.

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.