Тур де Франс 2015

102. издание на Тур де Франс From Wikipedia, the free encyclopedia

Тур де Франс 2015

Тур де Франс 2015 — 102. издание на Тур де Франс, една од големите трки во велосипедизмот. Трката долга 3360,3 километри започнала во Утрехт, Холандија, на 4 јули 2015 година и завршила со етапа на Шанзелизе во Париз на 26 јули. Вкупно 198 возачи од 22 екипи настапиле на трката, која била освоена од Крис Фрум од Тим Скај. Второто и третото место биле освоени од возачите на Мовистар Тим, Наиро Кинтана и Алехандро Валверде, соодветно.

Кратки факти
Тур де Франс 2015
Thumb
Детали за трката
Издание102. Тур де Франс
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2015 2.UWT
Етапи21
Датуми4 – 26 јули 2015
Растојание3.360 км
Држави Франција
Холандија
Белгија
ПоаѓалиштеУтрехт
ОдредиштеПариз
Екипи22
Возачи на почеток198
Возачи на крај160
Просечна брзина39,567 км/ч
Official siteOfficial site
Добитници на наградите
Победник Крис Фрум (Инеос Гренадиерс)
Второпласиран Наиро Кинтана (Мовистар)
Третопласиран Алехандро Валверде (Мовистар)
Бодовен Петер Саган (Тинкоф-Саксо)
Планински Крис Фрум (Инеос Гренадиерс)
Младински Наиро Кинтана (Мовистар)
Борбеност Ромен Барде (АГ2Р Ситроен Тим)
Екипен Мовистар
Thumb
20142016
Документација
Затвори

Возачот на Ванти-Груп Гобер, Роан Денис ја освоил првата етапа и со тоа прв ја облекол водечката жолта маичка. Возачот на Трек Фактори Рејсинг Фабијан Канчелара ја освоил на втората етапа, но ја изгубил веќе на следната етапа. Тука, Фрум влегол во водство, по првата завршница на нагорнина. Ја изгубил од возачот на Етикс-Квик Степ Тони Мартин на крајот на четвртата етапа, но повлекувањето на Мартин од трката по падот на шестата етапа го вратило Фрум во водство. Го зголемувал своето водство во текот на етапите на Пиринеите и успешно го одбранил од нападите на Кинтана во текот на завршните етапи на Алпите.

Фрум станал првиот британски возач кој двапати го освоил Тур, по неговата победа во 2013 година. Петер Саган од Тинкоф-Саксо го освоил бодовниот пласман. Фрум, исто така, го освоил планинскиот пласман. Најдобар млад возач бил Кинтана, а неговата екипа, Мовистар Тим, победници на екипниот пласман. На Ромен Барде од Аг2р-Ла Мондијал му била доделена наградата за најборбен возач.

Екипи

Thumb
Возачите на МТН Кубека од Еритреја Даниел Теклехајманот и Мерхави Кудус на деветнаесеттата етапа, станале првите црни Африканци кои настапиле на Тур де Франс.

Дваесет и две екипи учествувале на изданието на Тур де Франс 2015.[1] Сите седумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и се обврзани да учествуваат на трката.[2][3] На 14 јануари 2015 година, организаторот на Тур, Amaury Sport Organisation (ASO), ги објавиле петте екипи со специјални покани,[2] едната од нив, МТН Кубека, станала првата африканска екипа која учествувала на трката.[4][n 1]

Бројот на возачи по екипа бил девет, со што почетната листа изнесувала вкупно 198 возачи.[1] Од возачите кои ја започнале трката, 160 завршиле во Париз.[5] Имало возачи од 32 различни земји.[1] Еритрејските возачи Даниел Теклехајманот и Мерхави Кудус, обајцата од МТН Кубека, станале првите црни Африканци кои учествувале на Тур де Франс.[6] Просечната возраст на сите возачи била 29,67; најмлад бил Кудус, со 21 година, а најстар биле 41-годишниот Матео Тосато од Тинкоф-Саксо.[7] Кофидис била најмлада екипа, а Трек Фактори Рејсинг најстара.[8]

Екипи кои настапиле на трката:[1]

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Фаворити пред трката

Thumb
Thumb
Thumb
Thumb
„Големата четворка“, фаворити за генералниот пласман. Лево кон десно од горниот лев агол: Крис Фрум, Алберто Контадор, Наиро Кинтана и Винченцо Нибали.

За водство на Тур, главни кандидати за генералниот пласман, познати во медиумите како „големата четворка“, биле Крис Фрум (Тим Скај), Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо), Наиро Кинтана (Мовистар Тим) и Винченцо Нибали (Астана).[9][10][11][12][13] Сите имаат освоено најмалку една голема трка, достигнувајќи вкупно дваесет подиуми на големите трки.[14] Поранешните победници на Тур де Франс, Фрум (2013) и Контадор (2007 и 2009) се вратиле на трката по падовите во 2014 година.[12][14] Возачи сметани за аутсајдери биле биле Тиџеј ван Гардерен (Ванти-Груп Гобер), Тибо Пино (ФДЖ), Хоаким Родригес (Тим Катјуша), возачите на Аг2р-Ла Мондијал Жан Кристоф Перо и Ромен Барде.[9][11][13][15][16]

Фрум ја покажал својата форма во текот на сезоната со победите на Вуелта а Андалусија и Критериум ди Дофине, трка за подготовка пред Тур.[14] Контадор порано во сезоната победил на Џиро д’Италија и целел да стане прв возач по Марко Пантани во 1998 година кој ги освоил Џиро и Тур. Сакал да ги има сите три големи трки истовремено, претходно победувајќи на Вуелта а Еспања 2014.[17] Тринаесет дена пред почетокот на Тур, Контадор победил на Рут ду Суд, поразувајќи го Кинтана за седумнаесет секунди.[18] Кинтана завршил втор на Тур де Франс 2013, освојувајќи го планинскиот и пласманот за млад возач.[19] Бил отсутен во 2014 година бидејќи бил насочен на Џиро д’Италија 2014, кое го освоил.[14] Негова главна победа во 2015 година била Тирено-Адријатико.[19] Бранителот на титулата Нибали бил сметан за фаворит, иако негов најдобар резултат во сезоната било десеттото место на Тур де Романди и тринаесеттото на Дофине.[20]

Спринтери сметани за фаворити за бодовниот пласман и победи на рамните или ридестите масовни спринтови биле Александер Кристоф (Катјуша), Марк Кевендиш (Етикс-Квик Степ), Андре Грајпел (Лото-Судал), Петер Саган (Тинкоф-Саксо) и Џон Дегенколб (Џајант-Алпецин).[21][22][23][24][25][26] Кристоф и Кевендиш ја покажале својата форма во сезоната пред Тур, со осумнаесет и дванаесет победи, соодветно.[21] Грајпел бил исто фаворит, спроведуван од неговиот спринтерски воз, како Кевендиш.[24] Трикратниот победник на бодовниот пласман, Саган се очекувало да има потешкотии да ја повтори победата поради промената во бодовната структура на пласманот и поради фактот дека возел како поддршка за Контадор.[27] Дегенколб, кој ги освоил еднодневните класични трки Милано-Санремо и Париз-Рубе во сезоната, застанал на чело на екипата Џајант-Алпецин поради отсуството на победникот на четири етапи во 2014 година, Марсел Кител,[28] кој не бил вклучен во составот поради недостиг на форма.[29]

Рута и етапи

Thumb
Дваесеттата етапа, претпоследна на трката, завршувала со искачување од 13,8 километри на Алп д’Ез; просечен наклон од 7,9% и дваесет и една серпентина.[30]

На 8 ноември 2013 година, ASO го најавила Утрехт како домаќин на првата етапа во 2015 година.[31][32] По шести пат, Тур започнал од Холандија, рекорд за една држава надвор од Франција. Претходните пет биле: 1954, во Амстердам; 1973, во Шевенинген; 1978, во Лејден; 1996, во Хертогенбос и 2010, во Ротердам.[33] Утрехт му платил на ASO четири милиони евра за да биде домаќин.[34] Целосната рута на Тур била претставена на 22 октомври 2014 година во Париз.[35]

По првата етапа во Утрехт, втората етапа го напуштала градот и завршувала во областа Зеланд во јужниот дел на Холандија. Третата започнала во Антверпен, Белгија и завршила на Мур де Хуј,[36] стрмно искачување вообичаено на еднодневната класична трка Флеш Валон.[37] Четвртата етапа започнала во Серен, Белгија, пред да заврши во Камбре, Франција;[36] вклучувала седум дела со калдрма во должина од 13 километри.[38] Од петтата до деветтата етапи се возела низ северна Франција, започнувајќи во регионот Север-Па де Кале и завршувајќи во Бретања. Потоа, возачите со авиони биле префрлени на југот на земјата за следните три етапи низ Пиринеите,[36] кои ја вклучувале најискачуваната планина на Тур, Кол ди Турмале, на единаесеттата етапа.[39] Етапите 13 до 16 создавале непрекинато четириетапно патување кон исток до Алпите. Четири етапи се случиле на и околу планинскиот масив, пред вториот авионски трансфер назад кон североисток за завршницата на Шанзелизе во Париз.[36] Трката вклучувала шест нови места за почеток или крај на етапата: Утрехт, на првата етапа; Зеланд, на втората етапа; Ливаро, на седмата етапа; Кол де ла Пјер Сен Мартин, на десеттата етапа; Мире, на тринаесеттата етапа и Севр, на етапата 21.[40]

На објавата на рутата, директорот на трката Кристијан Придом ја опишал како „нетипична“, додавајќи „Ако не се искачуваш, нема да победиш на Тур во 2015“. Најголеми разлики биле недостигот на хронометри и планински етапи.[35] Имало 21 етапи на трката во вкупна должина од 3360,3 км.[41][42] Најдолга етапа била четвртата со 223,5 километри, а етапата 21 со 110,5 километри најкратка.[36] Воведниот поединечен хронометар бил 13,8 километри — поради што бил предолг за да биде наречен пролог — и екипниот хронометар на деветтата етапа бил 28 километри.[13][36] Третата и осмата етапа, иако официјално рамни, завршувале на Мур де Хуј и Мур де Бретањ соодветно, додека ридестата етапа 14 на Кот де ла Кроа Нев. Имало седум етапи одредени како планински, шест од нив со завршница на нагорнина: етапа 10, до Ла Пјер Сен Мартин; етапа 11, до Котре; етапа 12, до Плато де Бел; етапа 17, до Пра Луп; етапа 19, до Ла Тусир - Ле Сибел и етапа 20, до Алп д’Ез.[36][43] На 25 јуни било објавено дека поради лизгање на земјиште, рутата на дваесеттата етапа ќе биде изменета, одминувајќи го Кол ди Галибје и наместо тоа искачувајќи сè до Кол де ла Кроа де Фер. Меѓутоа, должината на етапата, останала неизменета.[44] Деновите за одмор биле по деветтата етапа, во По, и шеснаесеттата етапа, во Гап.[36]

Повеќе информации Етапа, Датум ...
Видови на етапи и победници[36][45][46]
Етапа Датум Тек Растојание Вид Победник
1 4 јули Утрехт 13,8 км поединечен хронометар  Роан Денис (АВС)
2 5 јули Утрехт до Зеланд[n 2] 166 км рамна етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
3 6 јули Антверпен до Уј 159,5 км среднопланинска етапа  Хоаким Родригес (ШПА)
4 7 јули Серен до Камбре 223,5 км рамна етапа со калдрма  Тони Мартин (ГЕР)
5 8 јули Арас до Амјен 189,5 км рамна етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
6 9 јули Абвил до Авр 191,5 км рамна етапа  Здењек Штибар (ЧЕШ)
7 10 јули Ливаро до Фужер 190,5 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
8 11 јули Рен до Мур де Бретањ 181,5 км среднопланинска етапа  Алекси Вијермоз (ФРА)
9 12 јули Ван до Плимелек 28 км екипен хронометар Ванти-Груп Гобер
13 јули По ден за одмор
10 14 јули Тарб до Кол де ла Пјер Сен Мартин 167 км планинска етапа  Крис Фрум (ВБР)
11 15 јули По до Котре 188 км планинска етапа  Рафал Мајка (ПОЛ)
12 16 јули Ланмезан до Плато де Бел 195 км планинска етапа  Хоаким Родригес (ШПА)
13 17 јули Мире до Родез 198,5 км среднопланинска етапа  Грег ван Авермат (БЕЛ)
14 18 јули Родез до Менд 178,5 км среднопланинска етапа  Стив Камингс (ВБР)
15 19 јули Менд до Валанс 183 км ридеста етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
16 20 јули Бур де Пеаж до Гап 201 км среднопланинска етапа  Рубен Плаза (ШПА)
21 јули Гап ден за одмор
17 22 јули Дињ ле Бен до Пра Луп 161 км планинска етапа  Зимон Гешке (ГЕР)
18 23 јули Гап до Сен Жан де Морен 186,5 км планинска етапа  Ромен Барде (ФРА)
19 24 јули Сен Жан де Морен до Ла Тусир - Ле Сибел 138 км планинска етапа  Винченцо Нибали (ИТА)
20 25 јули Модан до Алп д’Ез 110,5 км планинска етапа  Тибо Пино (ФРА)
21 26 јули Севр до Париз 109,5 км рамна етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
Вкупно 3360,3 км[41]
Затвори

Преглед на трката

Thumb
Тони Мартин (Етикс-Квик Степ) чекал до четвртата етапа да ја облече водечката жолта маичка откако завршил втор на секоја од воведните три етапи. Паднал на шестата етапа на Тур.

Воведниот поединечен хронометар на трката во Утрехт бил освоен од Роан Денис од Ванти-Груп Гобер со разлика од пет секунди пред возачот на Етикс-Квик Степ Тони Мартин, додека возачот на Трек Фактори Рејсинг Фабијан Канчелара доцнел една секунда зад него. Денис поставил рекорд за најбрза просечна брзина на хронометар на Тур, со 55,446 км/ч. Неговата победа му ја донело водечката жолта маичка на трката.[47] На втората етапа, накрсните ветрови долж крајбрежната патека до целта во Зеланд предизвикале главната група да се подели на ешалони, поради што се јавиле временски разлики. Етапата завршила во масовен спринт, освоен од Андре Грајпел, донесувајќи му ја зелената маичка како предводник во бодовниот пласман. Денис бил во групата која завршила една минута и дваесет и осум секунди зад победникот. Канчелара завршил трет на етапата и го презел водството на трката, профитирајќи од временскиот бонус пропуштен од Мартин, кој стигнал деветти. Фаворитите за генералниот пласман кои добиле време како водечката група од дваесет и шестмина биле Крис Фрум, Алберто Контадор и Тиџеј ван Гардерен; другите фаворити завршиле во истата група како Денис.[48] На третата етапа, трката била неутрализирана по големиот пад на 58 километри пред целта кој оставил шест возачи надвор од трката, вклучувајќи го Канчелара.[49][50] Групата продолжила до завршното искачување, Мур де Хуј, каде Хоаким Родригес се одвоил од Фрум за да ја освои етапата за една секунда. Родригес ја добил првата точкеста маичка како предводник во планинскиот пласман, а Фрум ја презел жолтата, добивајќи време пред другите фаворити за генералниот пласман.[49] Бил трет ден по ред како Мартин завршувал втор зад тројца различни возачи.[51] Четвртата етапа со повремена калдрма му припаднала на Мартин, како и жолтата маичка по нападот на водечката група на 3 километри пред целта.[51]

На петтата етапа се случил масовен спринт и Грајпел бил подобар победувајќи ги Петер Саган и Марк Кевендиш, соодветно.[52] На шестата етапа, Здењек Штибар од Етикс-Квик Степ победил по бегството на завршниот мал спуст во пристанишниот град Авр.[53] Пад во завршниот километар го приморало Мартин да го напушти Тур со скршена клучна коска, втор носител на жолтата маичка кој се откажал по Канчелара.[50] Рекорд бил поставен по етапата, кога Даниел Теклехајманот станал првиот црн Африканец кој повел во планинскиот пласман.[54] Иако Фрум водел во трката, ниеден велосипедист не ја носел жолтата маичка на седмата етапа, бидејќи Мартин ја завршил етапата и заслужил да ја носи.[55] Кевендиш ја освоил седмата етапа во масовен спринт во Фужер, Бретања. Фрум ја добил жолтата маичка по етапата.[56] Осмата етапа, завршувала на Мур де Бретањ, ја донела првата француска победа на Тур, кога возачот на Аг2р-Ла Мондијал Алекси Вијермоз отпочнал напад во последниот километар за победа.[57] Фаворитите за генералниот пласман завршиле заедно освен Винченцо Нибали, кој загубил десет секунди. Саган ја презел зелената маичка.[58] Ванти-Груп Гобер го освоила екипниот хронометар на деветтата етапа со една секунда пред Тим Скај.[59] Екипата на Наиро Кинтана, Мовистар Тим, завршила трета, четири секунди зад победникот. Екипата на Алберто Контадор, Тинкоф-Саксо била четврта, дваесет и осум секунди зад нив, а следела Астана на Нибали, дополнителни седум секунди позади.[60] Првиот ден за одмор се случил следниот ден во По.[36]

Thumb
Возачот на Тинкоф-Саксо Петер Саган (сликан на етапа 19) ја носел зелената маичка од крајот на единаесеттата етапа до крајот на Тур, освојувајќи ја четвртата последователна титула во бодовниот пласман.

На десеттата етапа било првото пристигнување на трката во Ла Пјер Сен Мартин на Пиринеите. Дневното бегство било достигнато и поминато на последното искачување од избрана група. Фрум нападнал на 6,4 километри пред целта за победа, додека колегата Ричи Порт и Кинтана доцнеле минута. Етапата довела до временски разлики во предводниците во генералниот пласман. Најголем губитник бил Нибали, кој стигнал дваесет и први, со четири минути зад Фрум, кој го зголемил водството од второпласираниот Тиџеј ван Гардерен на две минути и педесет и две секунди. Фрум ја зел точкестата маичка, а Грајпел зелената.[61] Единаесеттата етапа била уште една планинска етапа; била освоена од Рафал Мајка (Тинкоф-Саксо), кој бил дел од рано бегство и нападнал на падините на Кол ди Турмале. Сам поминал низ целта во Котре една минута пред второпласираниот Даниел Мартин (Канондејл-Гармин). Саган ја вратил зелената маичка.[62] Родригес дошол до втора победа на трката на дванаесеттата етапа; бил дел од рано бегство составено од дваесет и двајца возачи кои стигнале до последното искачување до Плато де Бел. Фрум го зачувал своето водство.[63]

На тринаесеттата етапа, бегалците биле достигнати во рамките на последниот километар. Грег ван Авермат од Ванти-Груп Гобер ја однел победата пред Саган.[64] На четиринаесеттата етапа, бегство од дваесет и четири возачи достигнало до последното искачување, Кот де ла Круа Нев. Откако бегството се поделило, Тибо Пино и Ромен Барде повеле на врвот, пред Стив Камингс од МТН Кубека да ги престигне за победа.[65] Саган бил дел од бегството, освојувајќи максимални бодови на средниот спринт. Над четири минути откако Камингс завршил, Фрум го претекнал Кинтана додека другите фаворити биле малку оддалечени. Кинтана се искачил на второто место во генералниот пласман, заменувајќи го Ван Гардерен.[66] Петнаесеттата етапа ја имал главната потешкотија на Кол де л’Ескрине, кое повеќето спринтери го поминале со водечката група, освен Кевендиш. Грајпел ја освоил третата етапа на Тур, следен од Џон Дегенколб и Александер Кристоф, соодветно.[67] На следната етапа, со Кол де Манс како последно искачување, Рубен Плаза (Лампре-Мерида) избегал од водечката група на бегството на качувањето. Саган го бркал низ спустот, но не успеал и Плаза дошол до соло победа во Гап.[68] Следниот ден бил вториот ден за одмор, поминат во Гап.[36]

Thumb
Возачот на Тим Скај Крис Фрум (сликан на етапа 19) ја носел жолтата маичка од крајот на седмата етапа до завршната етапа, стигнувајќи до втора победа на Тур де Франс.

На седумнаесеттата етапа, прва од четирите алпски етапи, третопласираниот Ван Гардерен во генералниот пласман се повлекол од трката поради болест.[69] Етапата била освоена од возачот на Џајант-Алпецин Зимон Гешке, кој избегал од бегството на помалку од 50 километри пред целта во Пра Луп.[70] Петтопласираниот во генералниот пласман Контадор паднал на спустот од Кол д’Ајос, губејќи над две минути од предводникот на трката Фрум.[71] На осумнаесеттата етапа, БАрде нападнал од бегството близу врвот Кол ди Гландон и направил разлика на спустот пред да вози за победа во Сен Жан де Морен. Барде се искачил до десеттото место во генералниот пласман и го делел првото место со Родригес во планинскиот пласман, заменувајќи го Фрум.[72] На деветнаесеттата етапа, Нибали се одвоил од групата на фаворитите близу врвот Кол де ла Кроа де Фер, достигнувајќи ја и претекнувајќи ја групата на бегството и победил во Ла Тусир - Ле Сибел. Кинтана стигнал втор, четириесет и четири секунди зад него, додека Фрум завршил триесетти.[73] На претпоследната етапа на Тур, избрана група на возачи нападнале на Кол де ла Кроа де Фер и стигнале до завршницата на Алп д’Ез, каде се сретнале со растуреното рано бегство. Пино нападнал и ја однел победата пред Кинтана, кој стигнал втор по нападот на групата од генералниот пласман на Алпите. Кинтана освоил разлика од осумдесет секунди пред Фрум, но не било доволно и морал да се задоволи со второто место на крај.[74]

Последната етапа во Париз била освоена од Грајпел, негова четврта победа на Тур.[75] Фрум ја завршил трката со втора победа на Тур де Франс, станувајќи првиот Британец кој ја освоил трката во два наврати. Го победил второпласираниот Кинтана за седумдесет и две секунди, додека неговиот колега од Мовистар Тим Алехандро Валверде бил трет. Фрум исто така го освоил планинскиот пласман, првпат возач кој ја освоил трката по Еди Меркс во 1970.[76] Иако не успеал да победи на некоја етапа во текот на трката, Саган ја освоил четвртата последователна титула во бодовниот пласман со вкупно 432 бода, 66 повеќе од Грајпел.[5][77] Најдобар млад возач бил Кинтана, следен од Барде и возачот на Џајант-Алпецин Варан Баргиј, соодветно. Мовистар Тим завршиле како победници во екипниот пласман, со педесет и седум минути пред второпласираниот Тим Скај.[5]

Пласмани

Постоеле четири главни поединечни пласмани на Тур де Франс 2015, како и екипниот пласман. Најважен бил генералниот пласман, кој бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време е предводник на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот на овој пласман се смета за победник на Тур.[78][79] Се вратиле временските бонуси на Тур по првпат од изданието во 2008 година.[80] На сите етапни завршници, исклучувајќи ги двете хронометарски етапи, првите тројца возачи добивале бонуси од 10, 6 и 4 секунди, соодветно.[81] На повторното воведување, директорот на трката Кристијан Придом рекол: „Сакам да ја отвориме трката, сакаме трката да биде одлучувана секој ден на Тур“.[80] Ако се случи пад во последните три километри од етапа; ова не ги вклучувало хронометрите и завршниците на нагорнина, вклучени возачи добивале исто време како групата со која биле кога се случил падот.[82] Дождот на последната етапа приморал завршните времиња за генералниот пласман да бидат земени на првиот премин на целта пред десетте круга на калдрмата на Елисејските полиња. Возачите биле обврзани да ја поминат целта на последниот круг за своето време.[83]

Повеќе информации Вид на етапа, Не е особено тешка ...
Распоред на „коефициентите“ за бодовниот пласман на етапите[79][84]
Вид на етапа 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21
Не е особено тешка
Среднопланинска
Кратка со нерамен терен
Многу тешка
Кратка многу тешка
Хронометар
Затвори

Предводникот на бодовниот пласман ја добивал зелената маичка.[78] Возачите добивале бодови за завршување помеѓу најдобрите на етапата или на средните спринтови во текот на етапите.[79] Бодовниот систем бил исто така променет. Етапна победа вредела 50 бода наместо 45, второто место носело 30 наместо 35, а третото 20 наместо 30. Правилото за спринтерски бодови тежнеело да ја направи етапната победа повредна.[80] Бодовите достапни на секоја етапна завршница биле одредувани од „коефициенти“.[85] Новиот систем бил на сила само на шест етапи на Тур класифицирана како рамни (етапите 2, 5, 6, 7, 15 и 21). На седум етапи (етапата со калдрма и шест ридести етапи, етапите 3, 4, 8, 10, 13, 14 и 16) возачот кој ќе победел добивал 30 бода, 25 за вториот, итн.[79][86] За планинските етапи (етапите 11, 12, 17, 18, 19, 20) и поединечниот хронометар (етапа 1), победникот добивал 20 бода. Немало бодови доделени на екипниот хронометар на деветта етапа.[79]

Немало промени во планинскиот пласман, каде бодовите биле доделувани на возачите кои први се искачиле на врвот на најтешките искачувања. Искачувањата биле категоризирани како екстра категорија (hors catégorie), прва, втора, трета или четврта категорија, со повеќе бодови достапни на повисоко категоризираните искачувања.[79] Предводникот на пласманот ја носел точкестата маичка.[78] Удвоени бодови се добивале на завршници на нагорнина на етапите 10, 12, 17, 19 и 20.[79]

Пласманот за млад возач, означен со бела маичка,[78] бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но пласманот бил ограничен на возачи кои биле родени на или по 1 јануари 1990 година.[79] Екипниот пласман бил пресметувани користејќи ги завршните времиња на тројцата најдобри возачи од екипа по секоја етапа (не на екипниот хронометар); водечката екипа биал екипата со најмало вкупно време. Бројот на етапни победи и пласмани по екипа го одредувале исходот во случај на изедначување.[79] Возачите во екипата која водела во овој пласман биле означувани со жолти броеви на грбот на нивните маички и жолти кациги.[78] Дополнително, постоела награда за борбеност, доделувана по секоја етапа, сметано од страна на жири, дека направил „најголем напор и покажал најдобри квалитети за спортски дух“.[81] Немало награди за борбеност на хронометрите и на завршната етапа.[5][87][88] Победникот носел црвен број на следната етапа.[78] На завршувањето на Тур, Ромен Барде ја освоил крајната награда за борбеност на цела трка.[5][81]

Вкупно 2.030.150 евра биле доделени како награди на трката. Крајниот победник во генералниот пласман добил 450.000 евра, второпласираниот и третопласираниот возач добиле 200.000 и 100.000 соодветно; сите кои ја завршиле трката биле наградени со пари. Носителите во пласманите биле наградувано за секоја етапа што воделе; крајните победници во бодовниот и планинскиот пласман добиле 25.000 евра, додека најдобриот млад возач и најборбениот возач по 20.000 евра. Биле достапни и екипни награди, како 10.000 евра за екипниот хронометар и 50.000 евра за победниците во екипниот пласман. 8.000 евра биле доделувани на победниците на секоја етапа на трката.[89] Имало и две специјални награди по 5.000 евра секоја, Сувенир Жак Годе, доделен на првиот возач кој го поминал споменикот на Годе на врвот Кол ди Турмале на единаесеттата етапа и Сувенир Анри Дегранж, доделен на првиот возач кој го поминал врвот на највисокото искачување на Тур.[46] Сувенирот Анри Дегранж бил првично поставен на Кол ди Галибје на дваесеттата етапа,[90] но поради промената на рутата бил заменет со Кол д’Ајос на седумнаесеттата етапа.[44] Рафал Мајка го освоил Жал Годе, а Зимон Гешке го освоил Анри Дегранж.[62][70]

Повеќе информации Етапа, Победник ...
Водство во пласманите по етапа
Етапа Победник Генерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Пласман за млад возач
Екипен пласман
Награда за борбеност
1 Роан Денис Роан Денис Роан Денис недоделена Роан Денис Лото НЛ-Џамбо недоделена
2 Андре Грајпел Фабијан Канчелара Андре Грајпел Том Димулен Ванти-Груп Гобер Михал Квјатковски
3 Хоаким Родригес Крис Фрум Хоаким Родригес Петер Саган Јан Барта
4 Тони Мартин Тони Мартин Винченцо Нибали
5 Андре Грајпел Мајкл Метјус
6 Здењек Штибар Даниел Теклехајманот Периг Кеменер
7 Марк Кевендиш Крис Фрум Антони Делаплас
8 Алекси Вијермоз Петер Саган Бартош Хузарски
9 Ванти-Груп Гобер недоделена
10 Крис Фрум Андре Грајпел Крис Фрум Наиро Кинтана Тим Скај Кенет Ванбилсен
11 Рафал Мајка Петер Саган Даниел Мартин
12 Хоаким Родригес Мовистар Тим Михал Квјатковски
13 Грег ван Авермат Томас де Гент
14 Стив Камингс Пјер Лик Перишон
15 Андре Грајпел Петер Саган
16 Рубен Плаза
17 Зимон Гешке Зимон Гешке
18 Ромен Барде Хоаким Родригес Ромен Барде
19 Винченцо Нибали Ромен Барде Пјер Ролан
20 Тибо Пино Крис Фрум Александар Жење
21 Андре Грајпел недоделена
На крај Крис Фрум Петер Саган Крис Фрум Наиро Кинтана Мовистар Тим Ромен Барде
Затвори
  • На втората етапа, Тони Мартин, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Роан Денис ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. Дополнително, Том Димулен, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка од истата причина.[87]
  • На седмата етапа, ниеден возач не ја носел жолтата маичка откако Тони Мартин, кој бил прв во генералниот пласман, се повлекол од трката поради повреда.[55]
  • На деветтата етапа, Варан Баргиј, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Петер Саган ја носел зелената маичка како предводник во бодовниот пласман.[91]
  • На десеттата етапа, Наиро Кинтана, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Петер Саган ја носел зелената маичка како предводник во бодовниот пласман.[88] Дополнително, Бартош Хузарски, награден на осмата етапа, го носел црвениот број бидејќи немало награда за борбеност на деветтата етапа.[92]
  • На единаесеттата и дванаесеттата етапа, Ричи Порт, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Крис Фрум ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.[93][94]
  • На етапите 13-18, Хоаким Родригес, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Крис Фрум ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.[95]
  • На дваесет и првата етапа, Ромен Барде, кој бил трет во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Крис Фрум ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман, а Наиро Кинтана, кој бил втор ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.[96]

Поредок

Повеќе информации Легенда ...
Легенда
     Го означува предводникот во генералниот пласман[78]      Го означува предводникот во бодовниот пласман[78]
     Го означува предводникот во планинскиот пласман[78]      Го означува предводникот во пласманот за млад возач[78]
     Го означува предводникот во екипниот пласман[78] A white jersey with a red number bib. Го означува предводникот на наградата за најборбен возач[78]
Затвори

Генерален пласман

Повеќе информации Место, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Краен генерален пласман (11–160), Место ...
Затвори

Бодовен пласман

Планински пласман

Пласман за млад возач

Повеќе информации Место, Возач ...
Затвори

Екипен пласман

Повеќе информации Место, Екипа ...
Краен екипен пласман (1–10)[5]
Место Екипа Време
1 Мовистар Тим 255ч 24' 24"
2 Тим Скај + 57' 23"
3 Тинкоф-Саксо + 1ч 00' 12"
4 Астана + 1ч 12' 09"
5 МТН Кубека + 1ч 14' 32"
6 Аг2р-Ла Мондијал + 1ч 24' 22"
7 Тим Јуропкар + 1ч 48' 51"
8 Ванти-Груп Гобер + 2ч 41' 46"
9 ИАМ Сајклинг + 2ч 42' 16"
10 Лото НЛ-Џамбо + 2ч 46' 59"
Затвори

Поредок во Светската турнеја

Трката била осумнаесетта од дваесет и осумте трки во рамки на сезоната од Светската турнеја, каде возачите од екипите се натпреваруваат поединечно за бодови кои придонесуваат кон пласманот.[97] Биле доделени бодови на првите дваесет возачи во генералниот пласман и на првите петорица на секоја етапа.[98] Вкупно 338 бода биле освоени од Крис Фрум кој се искачил на второто место во поединечниот пласман, зад Алехандро Валверде. И покрај силните резултати на Мовистар Тим, Тим Скај го презел водството во екипниот пласман поради бодовите на Фрум. Со тројца возачи во првите десет, Шпанија останала предводник во националниот пласман.[99]

Повеќе информации Место, Прет. ...
Поединечен пласман на Светската турнеја (1–10)[100][101]
Место Прет. Велосипедист Екипа Бодови
1 1  Валверде, АлехандроАлехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим 482
2 16  Фрум, КрисКрис Фрум (ВБР) Тим Скај 422
3 2  Контадор, АлбертоАлберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо 407
4 15  Кинтана, НаироНаиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим 365
5 3  Порт, РичиРичи Порт (АВС) Тим Скај 314
6 7  Родригес, ХоакимХоаким Родригес (ШПА) Катјуша 292
7 6  Томас, ГерајнтГерајнт Томас (ВБР) Тим Скај 283
8 4  Кошта, РујРуј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида 275
9 5  Шпилак, СимонСимон Шпилак (СЛО) Катјуша 269
10 9  Дегенколб, ЏонЏон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Алпецин 265
Затвори

Поврзано

Наводи и забелешки

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.