француски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Силвен Шаванел Албира[3] (француски: Sylvain Chavanel Albira; р. 30 јуни 1979 ) — француски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за професионалната континентална екипа Тим ТоталЕнержи. Неговиот брат Себастјен Шаванел е исто така велосипедист.
Шаванел на Четири дена Динкерк 2014 | ||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Силвен Шаванел Албира | |||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Шава,[1] Мимоза, Ла Машин | |||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 30 јуни 1979 Шателро, Франција | |||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,80 м[2] | |||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 70 кг[2] | |||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Тим ТоталЕнержи | |||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | |||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||
1991–2000 | — | |||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||
2000–2004 2005–2008 2009–2013 2014–2015 2016- | Бонжур Кофидис Квик Степ ИАМ Сајклинг Директ Енержи | |||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 25 август 2018 |
Шаванел ја започнал неговата професионална кариера во 2000 со екипата Бонжур на Жан-Рене Бернодо, која станала Бриош Ла Буланжер во 2003. Тој е леворак.[4] Шаванел е силен универзален возач, кој има освојувано спринтови и хронометри и е добар возач на северните класици.
Шаванел е роден во Шателро, франција, иако потеклото на неговото семејство е шпанско. Неговиот прадедо и прабаба биле од Уеска, во регионот Арагон. Неговиот дедо е роден во Барселона и се преселил во Шателро во текот на Шпанската граѓанска војна. Другите членови на семејството сè уште живеат во Арагон.[3] Тоа е шпанската врска, која му го дава двојното презиме на Шаванел, Шаванел-Албира, иако тој го користи само во службени настани.[3] Тој изјавил: „Минатата година [2007], кога Вуелта пристигна во Сарагоса, јас запознав моја братучетка преку преведувач и таа ми даде слика од дедо ми, кога бил млад. И покрај моето потекло, јас едвај да знам збор на шпански - само зборови за пцуење“.[3]
Како дете си играв во градината со модели на велосипедисти. Вели:
Шаванел започнал со велосипедизам во училиштето во Шателро, кога имал осум години. Подоцна се откажал за да проба со фудбал, но на крајот се вратил на велосипедизмот.
Започнал со тркање, кога имал 13 години. Освоил 29 трки како ученик и јуниор. Го освоил националното јуниорско првенство во 1997. Неговиот вујко, Филип Раби, поранешен возач во регионот Вандеја, го препорачал на Жан-Рене Бернодо, кој започнал да основа професионална екипа во регионот. Бернодо го видел Шаванел првпат во Монтрево, кога настапил против возачите на јуниорската екипа на Бернодо, Вандеја У.
Бернодо и Шаванел се согласиле тој да помине една година со неговиот клуб, АК Шателро. Помошникот на Бернодо, Тери Брико, му обезбедил тренинг-програма на младиот Шаванел. Потоа Шавенел возел на Тур де л’Авенир во 1999 и во 2000. На 21 година станал професионалец за екипата Бонжур на Бернодо, спонзорирани од синџир на локални весници. Ја освоил првата етапа на Трката Франко-Белж и ја загубил водечката маичка последниот ден. Исто така ја освоил маичката за искачување на Тур де л’Авенир, јасно одвојувајќи се на Пиринеите и возел 217 километри сам на чело на Париз-Тур.
Бернодо изјавил:
Шаванел го возел првиот Тур де Франс на возраст од 22, завршувајќи 65., подоцна доаѓајќи трет на Тур де л’Авенир, зад Денис Мењшов и Флорен Брард. Во 2002 победил на Четири дена Динкерк и завршил трет на Трката околу Белгија. Подоцна ги овоил двете трки во 2005.
На 25 јули 2008, Шаванел ја освоил 19. етапа на Тур де Франс поминувајќи го Жереми Роа. Тој подвиг и другите резултати на трката помогнале да биде избран како најборбен возач на трката.
На 3 септември 2008 бил втор на хронометарот на Вуелта а Еспања. Неговото возење го донело на второто место во генералниот пласман, две секунди послабо отколку на Американецот, Леви Лајпхајмер. Неговата екипа работела за него следниот ден со цел да добие временски бонус на крајот на етапата. Добиените шест секунди биле доволни за освојување на водечката маичка на 4 септември.
Шаванел изјавил во 2007 дека имал понуди од странски екипи, но бил обесхрабен да ги прифати нивните понуди поради плаќањата за пензија, кои би оделе надвор од Франција. Во јули 2008 изјавил дека се согласил да премине во екипата Квик Степ во Белгија за 2009. Шаванел изјавил дека ја донел неговата одлука откако возел на класичните трки во Белгија на почетокот на годината.[7] Победил на Дварс дор Вландерен и Наградата Брабант. Изјавил:
Во текот на Тур де Франс 2010, Шаванел ја преземал жолтата маичка откако нападнал на 10 километри пред целта на втората етапа. По низата падови кои се случиле помеѓу кандидатите за генералниот пласман при спустот кај Спа, трката била неутрализирана за секој возач освен за Шаванел, кој бил единствен бегалец во тоа време. Го наплатил тоа, правејќи доволно разлика за етапна победа и освојување на жолтата маичка од Фабијан Канчелара (Тим Саксо Банк).[8] Следната етапа не била добра за Шаванел откако на двапати му се дупнала гумата на калдрмата, поради што Фабијан Канчелара ја презел жолтата маичка, меѓутоа на првата планинска етапа, Шаванел со рано бегство дошол со познатата победа и ја освоил по вторпат жолтата маичка.
На Вуелта а Еспања 2011, Шаванел ја носел црвената маичка на четири етапи. На етапата три, како дел од бегството, завршил втор зад Пабло Ластрас, со што се искачил на второто место во генералниот пласман, 20 секунди зад Ластрас.[9] Меѓутоа, на следната етапа Шавенел завршил само 57 секунди зад етапниот победник, додека Ластрас загубил над 18 минути, со што Шавенел станал новиот водач во генералниот пласман на Вуелта.[10] Ја одржувал оваа предност до етапата 8, кога ја изгубил маичката од Хоаким Родригес.[11]
Во 2012, Шаванел победил на Три дена Де Пане и на француското национално хронометарско првенство по четврти пат.
Во 2013, по силните настапи на Тур де Сан Луис и Волта ао Алгарве, Шаванел ја освоил шестата етапа на Париз-Ница,[12] преземајќи го бодовниот пласман на трката. Шаванел исто така го освоил генералниот пласман на Три дена Де Пане втора година по ред, освојувајќи ја завршната хронометарска етапа.[13]
По пет години со Омега Парма-Квик Степ,[14] Шаванел ја напушти екипата на крајот на сезоната 2013 и се приклучил на ИАМ Сајклинг за сезоната 2014.[15]
По освојувањето на националното хронометарско првенство, Шаванел учествувал и победил на Тур ду Поату-Шарент благодарение на одличниот резултат на хронометарот на четвртата етапа.[16] Неколку денови подоцна, Шаванел победил на трката ГП Западна Франција во спринт на мала група пред Артур Вишо.[17]
Во септември 2015 година, екипата Директ Енержи објавиле дека Шаванел ќе им се приклучи за сезоната 2016.[18] Во 2018 година, Шаванел учествувал на Тур де Франс по 18. пат со што поставил рекорд пред Стјуарт О’Грејди и Јенс Фогт за најмногу учества на Тур де Франс и ја добил наградата за борбеност на втората етапа. На 26 јули 2018 година, Шаванел ја завршил осумнаесеттата етапа на Тур де Франс и со тоа го срушил рекордот за најмногу завршени етапи на Тур де Франс, рушејќи го рекордот на Јоп Зутемелк од 365. 3 дена подоцна, го израмнил рекордот на Зутемелк за завршување 16 пати на Тур де Франс.[19][20] На последниот ден на трката, 29 јули, објавил дека ќе се повлече по Тур де Венде на 6 октомври 2018 година.[21]
Шаванел е познат како Шава,[1] Мимоза или Мимо, по француски филмски лик кога го имитира.[5] Во фламанските медиуми во Белгија, тој е често именуван 'Ла Машин' за неговата енергија и одлучност.[22][23]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.