From Wikipedia, the free encyclopedia
Енеко Тур 2012 било осмо издание на велосипедската етапна трка Енеко Тур. Започнала на 6 август во Валвејк во Холандија, а завршила на 12 август во Герардсберген, Белгија, по седум етапи. Таа била 20. трка во сезоната на Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2012, трка 20 од 29 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 6–12 август | ||
Етапи | 7 | ||
Растојание | 1.040,6 км | ||
Време | 24ч 51' 13" (41,87 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Ларс Бом (Холандија) | (Рабобанк) | |
Втор | Силвен Шаванел (Франција) | (Омега Парма-Квик Степ) | |
Трет | Ники Терпстра (Холандија) | (Омега Парма-Квик Степ) | |
Бодовен | Џакомо Ницоло (Италија) | (РадиоШек-Нисан) | |
Екипен | Омега Парма-Квик Степ | ||
Трката била освоена од возачот на Рабобанк Ларс Бом, кој ја освоил водечката бела маичка последниот ден, завршувајќи втор зад возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Алесандро Балан на кралската етапа и одржувајќи доволна предност со неговиот резултат за освојување на водечката маичка.[1] Предноста на Бом пред второпласираниот Силвен Шаванел од Омега Парма-Квик Степ била 26 секунди,[2] а неговиот колега Ники Терпстра го довршил подиумот, 23 секунди зад Шаванел и 49 секунди зад Бом.[3] Возачот на Орика-ГринЕЏ Свен Тафт првично завршил како трет на трката, но добил казна од 20 секунди за направен прекршок со шише вода.
Во другите пласмани на трката, возачот на РадиоШек-Нисан Џакомо Ницоло ја освоил црвената маичка за бодовниот пласман,[4] откако победил на етапа на трката, а Лоренс де Врезе од Топспорт Вландерен-Меркатор го освоил „борбениот“ пласман за најмногу освоени бодови на средните спринтови на трката. И покрај тоа што не победиле на ниедна етапа, Омега Парма-Квик Степ завршиле на чело на екипниот пласман, откако тројца возачи - Шаванел, Терпстра Михал Квјатковски, кој бил осми – завршиле во првите десет во крајниот генерален пласман.[5]
Трката се состои од седум етапи, вклучувајќи две хронометарски етапи; еден поединечен хронометар во Ардоје и екипниот хронометар во Ситард.[6] Исто така, во патеката за првпат било приклучено познатото искачување Мур ван Герардсберген,[7] познато по неговото присуство во еднодневна трка Трка околу Фландрија.
Етапа | Датум | Патека | Растојание | Вид | Победник | |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 6 август | Валвејк (Холандија) до Миделбург (Холандија) | 203,9 км | рамна етапа | Марсел Кител (ГЕР) | |
2 | 7 август | Ситард (Холандија) до Ситард (Холандија) | 18,9 км | екипен хронометар | Орика-ГринЕЏ | |
3 | 8 август | Римст (Белгија) до Генк (Белгија) | 188 км | рамна етапа | Тео Бос (ХОЛ) | |
4 | 9 август | Херс (Белгија) до Берген оп Зом (Холандија) | 213,3 км | рамна етапа | Марсел Кител (ГЕР) | |
5 | 10 август | Хогерхајде (Холандија) до Алтер (Белгија) | 184,6 км | рамна етапа | Џакомо Ницоло (ИТА) | |
6 | 11 август | Ардоје (Белгија) до Ардоје (Белгија) | 17,4 км | поединечен хронометар | Свен Тафт (КАН) | |
7 | 12 август | Малдегем (Белгија) до Герардсберген (Белгија) | 214,5 км | рамна етапа | Алесандро Балан (ИТА) | |
Вкупно | 1.040,6 км |
Бидејќи Енеко Тур е дел од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI ProTeam екипи биле повикани автоматски се обврзани да испратат екипа. Три други екипи добиле специјални покани за трката, така создавајќи ја главата група од 21 екипа.[8] Помеѓу учесниците бил и Алберто Контадор, негова прва трка по завршувањето на неговата суспензија.[9]
Екипите кои учестувувале на трката биле:[10]
Резултат од етапа 1
|
Генерален пласман по етапа 1
|
Резултат од етапа 2
|
Генерален пласман по етапа 2
|
Резултат од етапа 3
|
Генерален пласман по етапа 3
|
Резултат од етапа 4
|
Генерален пласман по етапа 4
|
Резултат од етапа 5
|
Генерален пласман по етапа 5
|
Резултат од етапа 6
|
Генерален пласман по етапа 6
|
Етапа | Победник | Генерален пласман |
Бодовен пласман |
Комбиниран пласман |
Екипен пласман |
---|---|---|---|---|---|
1 | Марсел Кител | Марсел Кител | Марсел Кител | Пабло Уртасун | Аксент.џобс-Вилемс Веранда |
2 | Орика-ГринЕЏ | Јенс Кекелејре | Орика-ГринЕЏ | ||
3 | Тео Бос | Хајнрих Хауслер | Лоренс де Вресе | ||
4 | Марсел Кител | Том Бонен | Марсел Кител | ||
5 | Џакомо Ницоло | Џакомо Ницоло | |||
6 | Свен Тафт | Свен Тафт | |||
7 | Алесандро Балан | Ларс Бом | Омега Парма-Квик Степ | ||
На крај | Ларс Бом | Џакомо Ницоло | Лоренс де Врезе | Омега Парма-Квик Степ |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.