Remove ads
германско-австралиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Хајнрих Хауслер (германски: Heinrich Haussler; р. 25 февруари 1984 во Инверел, Нов Јужен Велс, Австралија) — австралиски професионален друмски велосипедист со германско потекло, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Бахреин Викториус.[1]
Хауслер на Гран при д’Изберг 2014 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Хајнрих Хауслер | ||
Прекар | Бинс, Барби, Хајно | ||
Роден | 25 февруари 1984 Инверел, Нов Јужен Велс, Австралија | ||
Висина | 1,79 м | ||
Маса | 71 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Тим Бахреин Викториус | ||
Дисциплина | друмски и велокрос велосипедизам | ||
Вид на возач | спринтер специјалист за класици | ||
Професионални клубови | |||
2005–2008 2009–2010 2011–2012 2013-2016 2017- | Геролштајнер Сервело ТестТим Гармин-Сервело ИАМ Сајклинг Бахреин-Мерида | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 31 октомври 2022 |
Освоил две етапи на големите трки во кариерата, една од Вуелта а Еспања 2005 и уште една на Тур де Франс 2009. Исто така е добар специјалист за класици, забележувајќи врвни резултати на познатите класици, но без победи. Во 2015 година станал национален друмски првак. Го освоил првенството Ал Салам на ОАЕ во 2022 година.
Хауслер е роден од германски татко и австралиска мајка и пораснат во градот Инверел, Нов Јужен Велс, Австралија, пред да замине за Германија во 1998 на возраст од 14 години да го оствари сонот и да стане професионален велосипедист.[2][3]
Хауслер станал професионалец во 2005 и стекнал одредена слава со етапната победа на Вуелта а Еспања 2005. Хауслер остварил пет победи во 2006 и имал одлична кампања на класиците оттогаш. Сè повеќе станувал познат како возач за класици, во 2009 стигнал втор на обете трки, Трка околу Фландрија и Милано-Санремо, каде бил победен од Марк Кевендиш во фото-финиш. Исто така завршил на одличното 7. место на изданието 2009 на Париз-Рубе. Најголема победа досега на Хауслер е победата на етапата 13 во 2009 на Тур де Франс.[4] Хауслер живеел во Котбус од 1998, а од 2009 во Фрајбург.[2]
Тој бил државјанин на Австралија и Германија, но на трките настапувал под германска лиценца. Меѓутоа, во интервју од 2008 за CyclingNews.com, најавил дека повеќе нема да се трка за Германија и дека ќе настапи за Австралија на Светското првенство 2010 во Мелбурн. Кога го прашале дали би избрал да настапи за Германија на Светското првенство 2008 или на Олимпијадата 2008 тој изјавил, „Не би настапил. Доколку настапиш за една држава, во период од три години не смееш да настапиш за друга“.[5] Меѓутоа, UCI инсистирале, дека доколку Хауслер сака да настапи за Австралија, тој мора да се откаже од неговото германско државјанство, за кое велосипедистот во интервју во ноември 2009, кажал „не е отворено за дебата во овој момент“.[6]
Во јули 2010, Сервело Тест Тим објавиле дека дека Хауслер ќе се откаже од неговото германско државјанство и дека ќе вози за Австралија во иднина.[7] Меѓутоа, повредата на коленото го приморала Хауслер да се откаже од неговото меѓународно велосипедско деби за неговата држава на раѓање на Светското првенство 2010.[8]
На 26 август 2010, екипата на Хауслер, Сервело Тест Тим, ги потврдиле гласините дека екипата нема повеќе да постои по крајот на сезоната.[9] На 1 септември 2010 било објавено дека ќе се приклучи на Гармин-Сервело за сезоната 2011.[10][11]
На Трката околу Калифорнија 2012, Хауслер бил спречен да победи на првите четири етапи на трката од Петер Саган од екипата Ликвигас-Канондејл, кој го поразувал на целта секој пат. Завршил на второто место на секоја од тие етапи.[12]
Хауслер го напуштил Гармин-Шарп на крајот на сезоната 2012 и се приклучил кон новата екипа ИАМ Сајклинг во сезоната 2013.[13] Во 2015 година го освоил австралиското национално друмско првенство по првпат во неговата кариера.[14]
Исто така започнал да настапува во велокрос во 2019 година, а во 2021 година настапил на светското првенство во велокрос.[15][16]
Монумент | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | 35 | — | 129 | 2 | — | 18 | 68 | 13 | 68 | 80 | 7 | — | 33 | 106 | — | 157 | — |
Трка околу Фландрија | 89 | СО | 107 | 90 | 2 | — | 61 | 30 | 6 | — | 26 | СО | — | 25 | 33 | — | 20 | СО |
Париз-Рубе | 25 | 73 | СО | 58 | 6 | — | СО | 32 | 11 | 91 | 80 | 6 | — | 20 | 14 | НСО | 10 | — |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | не настапил во текот на својата кариера | |||||||||||||||||
Џиро ди Ломбардија | СО | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | |
Класик | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Омлоп Хет Ниусблад | — | — | — | СО | 8 | 2 | — | 4 | 19 | 79 | 33 | 66 | — | — | — | 22 | 4 | 22 |
Курне-Брисел-Курне | — | — | — | — | 12 | СО | — | — | НСО | 12 | — | 80 | — | 77 | — | 39 | 32 | 41 |
Дварс дор Вландерен | — | — | — | — | 4 | — | 43 | 102 | — | — | — | — | — | 23 | 10 | НСО | 18 | 108 |
Е3 Харелбеке | — | — | СО | СО | 16 | СО | 7 | 93 | 11 | 81 | 84 | 16 | — | 19 | 59 | 31 | 25 | |
Гент-Вевелгем | — | 11 | — | 9 | СО | — | — | — | 4 | СО | СО | СО | — | 49 | СО | — | 29 | 50 |
Хамбуршки класик | 56 | — | СО | — | — | — | — | 7 | — | — | 59 | 18 | 15 | — | — | не се одржала | ||
Класик Бретања | — | — | СО | — | СО | — | — | 3 | — | 29 | 13 | 11 | 85 | — | — | — | — | |
Париз-Тур | 42 | — | СО | 56 | — | — | — | — | 6 | 5 | 7 | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.