Remove ads
велосипедска трка во Белгија From Wikipedia, the free encyclopedia
Гент-Вевелгем 2013 било 75. издание на еднодневната велосипедска трка Гент-Вевелгем. Била одржана на 24 март 2013 на растојание од 183,4 километри и била седма трка во сезоната на Светската турнеја. Првично, трката било предвидено да се одржи на растојание од 238 километри, но поради снег почетокот на трката бил преместен од Дејнзе во Гистел.[1]
Светска турнеја на UCI 2013, трка 7 од 29 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 24 март 2013 | ||
Растојание | 183.4 км | ||
Време | 4ч 29' 10" (25,4 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Петер Саган (СВК) | (Канондејл) | |
Втор | Борут Божич (СЛО) | (Астана) | |
Трет | Грег ван Авермат (БЕЛ) | (Аксент Џобс-Ванти) | |
Трката била освоена од Словакот Петер Саган од екипата Канондејл, откако направил соло напад на 4 километри пред целта и се одржал до крајот на трката во водство, победувајќи со предност од 23 секунди пред групата од девет возачи.[2] Второто место го зазел Словенецот Борут Божич, кој вози за екипата Астана,[3] додека Грег ван Авермат бил највисоко пласиран белгиски возач, заокружувајќи го подиумот за Аксент Џобс-Ванти.[4]
Бидејќи Гент-Вевелгем е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи се повикани автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Првично, осумнаесет UCI World Tour екипи биле поканети на трката, како и шест други екипи со специјални покани и со тоа била создадена главната група од 24 екипи. Подоцна, Катјуша го повратила својот UCI World Tour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[5][6] Бидејќи Катјуша не била првично повикана на трката, организаторите на трката го објавиле нивното додавање на трката, со што се зголемил вкупниот број на екипи на 25. Секоја од 25. екипи можела да настапи со осум возачи на трката, со што вкупниот број на велосипедисти бил 200.
Екипи кои настапиле на трката биле:[7]
|
Велосипедист | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Петер Саган (СВК) | Канондејл | 4ч 29' 10" |
2 | Борут Божич (СЛО) | Астана | + 23" |
3 | Грег ван Авермат (БЕЛ) | Аксент Џобс-Ванти | + 23" |
4 | Хајнрих Хауслер (АВС) | ИАМ Сајклинг | + 23" |
5 | Хуан Антонио Флеча (ШПА) | Вакансолел-ДКМ | + 23" |
6 | Матје Ладању (ФРА) | ФДЖ | + 23" |
7 | Бернхард Ајзел (АВТ) | Тим Скај | + 23" |
8 | Стејн Ванденберг (БЕЛ) | Омега Парма-Квик Степ | + 24" |
9 | Јарослав Попович (УКР) | РадиоШек-Леопард | + 24" |
10 | Андреј Амадор (КРИ) | Мовистар Тим | + 24" |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.