канадски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Свен Тафт (англиски: Svein Tuft; р. 9 мај 1977 ) — канадски професионален друмски велосипедист и првак во Американската турнеја на UCI 2006-2007. Тафт моментално настапува за професионалната континентална екипа Хјуман Пауеред Хелт.[1]
Тафт на Светското хронометарско првенство 2008 | ||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Свен Тафт | |||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Свеино | |||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 9 мај 1977 Ленгли, Британска Колумбија, Канада | |||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,80 м | |||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 74 кг | |||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Хјуман Пауеред Хелт | |||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за хронометри | |||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||
2005–2008 2009–2010 2011 2012–2018 2019- | Симетрикс Гармин-Слипстрим СпајдерТек-Ц10 ГринЕЏ Рели УХЦ Сајклинг | |||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 14 април 2019 |
Тафт е двократен национален друмски првак и единаесеткратен национален хронометарски првак.
Бил роден во Ленгли, Британска Колумбија, Канада. Неговиот дедо, Арне Тафт, бил олимписки крос-кантри скијач од Норвешка.
Тафт се откажал од училиштето на 15 години за да патува и кампува со неговото куче Беар. Следните години ги поминал во искачување на планини и долго возење на велосипед, вклучувајќи го и патувањето од над 6.500 километри до Алјаска како тинејџер.[2]
Додека возел со Симетрикс Сајклинг тим, Тафт живеел во приколка зад куќата на сопственикот на екипата Кевин Канингем близу Ленгли. Во соседната приколка бил колегата на Тафт Кристијан Мајер. Екипата нив двајцата ги нарекувала момци од приколките.
Тафт започнал со тркање во 1999 година, на покраинското првенство во Британска Колумбија. Добрите резултати му донеле место во екипата Броудмарк Капитал, пред тоа поминувајќи кратко време во екипите Меркури и Прајм Алијанс. Кариерата на Тафт процветала, кога возел за канадската екипа Симетрикс Сајклинг тим – позната екипа на северноамериканскиот континент од 2005–2008. Тафт е седумкратен канадски национален хронометарски првак, обезбедувајќи ја титулата три години по ред од 2004 до 2006 година и потоа четири години по ред од 2008 до 2012 година. Најпрвин ја освоил титулата во 2004 година од неговиот поранешен колега и трикратен канадски олимпиец Ерик Волберг. Волберг ја држел титулата осум последователни години пред Тафт. Во 2007 година, Тафт ја загубил титулата канадски хронометарски првак од Рајдер Хесједал.
Тој бил избран да настапи за Канада на Олимпијадата 2008 во Пекинг (Кина) на друмската трка и хронометарот. Свен Тафт имал најдобро време на самиот хронометар долго време, пред на крајот да заврши како седми.
Негов најдобар резултат досега е второто место на Светското хронометарско првенство 2008 во Варезе (Италија), кога се здобил со дупната гума во последните 5 километри.
Во стрипот напишан и осмислен од екипата во која настапувал, Тафт е прикажан како многу мускулест, при што тој прокоментирал дека „всушност ние сите сме едни големи лигуши“.[3]
Во 2011 година Свен Тафт требало да биде дел од Тим Пегасус Сајклинг. За жал, поради проблеми со спонзорот, екипата морала да се повлече во последен момент.[4] Тафт бил земен како член на канадската професионална континентална екипа, СпајдерТек-С10, менаџирана од Стив Бауер. Тафт ги освоил обете титули на канадските национални првенства, друмската трка и хронометарот во Барлингтон, Онтарот со СпајдерТек во 2011. Во август 2011, Тафт објавил дека ќе го напушти СпајдерТек за австралиската екипа ГринЕЏ во 2012.[5]
Тој се впуштил во самотно возење од 200 километри пред главната група на етапата 2 на Тирено-Адријатико 2012. Во текот на трката согорил неверојатни 6.500 калории. Марк Кевендиш објавил на Твитер „Возење на денот... Не, ова го прави возење на милениумот, постигнато од возачот на ГринЕЏ Свен Тафт. 200 км САМ да ја контролиш групата! Почит“.
Во август 2012 година, Тафт преовладал на етапата 6 на Енеко Тур, поединечен хронометар од 17,4 километри. Победата го довела до водечката маичка во генералниот пласман.[6] Го загубил водството следниот ден на седмата и последна етапа на трката, кога морал да се соочи со стрмните искачувања на белгиските „планини“. Тафт завршил како трет во генералниот пласман, но откако заработил казна од 20 секунди за земање шише со вода од неговиот тимски автомобил на помалку од 20 километри пред целта, што е спротивно на правилата на велосипедските трки. Оваа казна го преместила на седмото место, една минута зад победникот Ларс Бом од Аксент.џобс-Вилемс Веранда.[7][8]
Во 2013 година, Тафт ја освоил првата победа во сезоната за Орика-ГринЕЏ преку поединечниот хронометар на Тур де Сан Луис.[9] Во јули завршил последен на 100. издание на Тур де Франс во 2013.[10]
Во 2014 година, Тафт ја носел розовата маичка како предводник на Џиро д’Италија откако Орика-ГринЕЏ го освоиле воведниот екипен хронометар и прв ја поминал целта. Потоа изјавил: „За дечко како мене, да ја носи розовата маичка е искуство еднаш во животот, и сум навистина благодарен на мојата екипа за овој подарок. Навистина е специјална работа“.[11]
Во 2015 година, Тафт паднал на Тур де Франс носејќи бидони полни со вода за колегите. Не ја започнал третата етапа на трката.[12] Подоцна било објавено дека по медицинскиот преглед се утврдило дека има помала фрактура на рачниот зглоб и повреда на градите и затоа бил повлечен од составот на екипата за Џиро д’Италија.[13]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.