Британска Колумбија
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Британска Колумбија ( англиски: British Columbia, француски: ''Colombie-Britannique'') е западна провинција на Канада, која се наоѓа помеѓу Тихиот Океан и Карпестите планини. Со население од околу 4.8 милиони во 2017, таа е третата најнаселена провинција во Канада која воедно е позната и по нејзините природни убавини, како што се отсликува во нејзиното латинско мото: Splendor sine occasu („Сјај без намалувања“). Во 1871 година, таа стана шестата провинција на Канада.
Британска Колумбија Colombie-Britannique (француски) | |||||
| |||||
Гесло: латински: Splendor sine occasu (англиски: Splendour without diminishment) | |||||
Предлошка:Canada provinces map | |||||
Главен град | Викторија | ||||
---|---|---|---|---|---|
Најголем град | Ванкувер | ||||
Најголема област | Метро Ванкувер | ||||
Службени јазици | англиски | ||||
Демоним | Британски Колумбиец | ||||
Влада | |||||
Поручник Гувернер | Џудит Гишон | ||||
Премиер | Џон Хорган (НДП) | ||||
Федерални претставници | во канадското собрание | ||||
Претставнички дом | 42 | ||||
Senate seats | 6 | ||||
Конфедерација | 20 јули 1871 (7-ма) | ||||
Површина | Рангирана 5-ти | ||||
Вкупно | 944735 | ||||
Територија | 925186 | ||||
Вода (%) | 19548.9 | ||||
Население | Рангирана 3-та | ||||
Вкупно (2016) | 4648055 | ||||
Густина на население | 4.8/km2 (12/sq mi) | ||||
БОП | Рангирана 4-та | ||||
Вкупно (2015) | C$249.981 billion[1] | ||||
по глава на жител | C$53,267 (8-ма) | ||||
Кратенки | |||||
Пошта | BC | ||||
ISO 3166-2 | CA-BC | ||||
Часовен појас | Тихоокеанска (поголем дел од провинцијата) Планинска (далечен исток) UTC−8 & −7 | ||||
Поштенски код | V | ||||
Цвеќе | Тихоокеански дрен | ||||
Дрво | Западен црвен кедар | ||||
Птица | Steller's jay | ||||
Мрежно место | www2.gov.bc.ca | ||||
Ранговите ги вклучуваат сите покраини и територии на Канада |
Главен град на Британска Колумбија е Викторија, 15-та по големина метрополитенска област во Канада. Најголемиот град е Ванкувер, трета метрополитенска област во Канада по големина и втора по големина во северозападниот дел на Тихиот Океан.
Името на покраината било избрано од страна на кралицата Викторија, кога покраината станала континентална британска колонија во 1858 година.[2] Тоа упатува на округот Колумбија, британски назив за територијата околу реката Колумбија, во југоисточна Британска Колумбија, како што пред Орегонскиот договор се нарекувал округот Колумбија во САД.[3]
Британска Колумбија на запад се граничи со Тихиот Океан, на северозапад со американската држава Алјаска, на север со Јукон и со Северозападните територии, на исток со провинцијата Алберта, и на југ со државите на САД: Вашингтон, Ајдахо и Монтана. Тековната јужна граница на Британска Колумбија е утврден со Орегонскиот договор од 1846, иако неговата историја е врзана со земји далеку на југ, како Калифорнија.
Површината на Британска Колумбија изнесува 944.735 км2. Крајбрежјето на Британска Колумбија се протега на 27.000 километри и вклучува длабоки, планински фјордови и околу шест илјади острови, од кои повеќето се ненаселени. Главен град на Британска Колумбија е Викторија, кој се наоѓа во југоисточниот дел од врвот на островот Ванкувер. Само тесен појас на островот Ванкувер, од реката Кампбел до Викторија, е позначително населен. Поголемиот дел од западната страна на островот Ванкувер и остатокот од крајбрежјето се прекриени со умерена прашума.
Најнаселен град на покраината е градот Ванкувер кој не е на островот Ванкувер туку се наоѓа на устието на реката Фрејзер и Џорџија Стрејт во југозападниот континентален дел (област наречена Долно Копно).[4]
Други поголеми градови се Сари, Брнаби, Кокитлам, Ричмонд, Делта и Њу Вестминстер во Долно Копно; Аботсфорд, Пит Мидоус, Мејпл Риџ и Легли во долината Фрејзер; Нанаимо на островот Ванкувер, и Келовна и Камлупс во внатрешноста. Принц Џорџ е најголемиот град во северниот дел на покраината.
75% од провинцијата се планини (со над 1.000 метри надморска височина), 60% се шуми, а само околу 5% е обработливо земјиште.
Областа Оканаган е една од трите вински региони во Канада каде се произведува и квалитетна цидра. Градот Пентиктон, и руралните населени места Оливер и Осојос имаат некои од најтоплите и најдолгите лета во Канада. Голем дел од западниот дел од островот Ванкувер и остатокот од крајбрежјето е покриено со умерени прашуми. Овој регион кој вклучува делови на западниот брег на Соединетите Американски Држави е еден од неколкуте такви екосистеми во светот (забележани во Турција, Грузија, Чиле, Нов Зеланд, Тасманија и рускиот далечен исток).
Северните делови, претежно планински, две третини од провинцијата, претежно се ненаселени и неразвиена, освен во областа источно од Канада, каде што областа Пис Ривер содржи дел од канадските прерии. Британската Колумбија се смета за дел од северозападниот дел на Тихиот Океан и биорегионот Каскадија заедно со државите на САД - Алјаска, Ајдахо, Монтана (западен дел), Орегон и Вашингтон.[5][6]
Крајбрежниот јужен дел на Британска Колумбија има блага, дождлива океанска клима, од кои некои појужни делови се со топли средоземни лета, под влијание на севернотихоокеанската струја. Поради планински масиви на крајбрежјето, климата во внатрешноста на покраината е полусува со одредени места каде има 250 мм (10 ") годишни врнежи. Годишната средна температура во најнаселените области на покраината е до 12 °C, најблага од секаде во Канада. Долините на јужната внатрешност имаат кратки зими со кратки напади на студ и ретко врне многу снег, додека оние во Карибу, во централната внатрешност, се постудени поради зголемената надморска височина и ширина, но без интензитетот или времетраењето на слични ширини на друго место во Канада. На пример, просечната дневна температура во Принц Џорџ (приближно во средината на покраината) во јануари е -12 °C[7] Обилните снежни врнежи се случуваат во сите високи планински терени кои обезбедуваат услови за скијачите на јужниот и централниот дел на Британска Колумбија.
Зимите вообичаено се сурови во северната внатрешност, но дури и таму поблаг воздух може да навлезе далеку во внатрешноста. Најстудената температура во Британска Колумбија била забележана во реката Смит, каде на 31 јануари 1947 температурата паднала на -58,9 °C,[8] една од најстудените забележани зими во Северна Америка. Во текот на зимата, на брегот, врнежите, понекогаш стануваат поројни дождови, поради постојаните циклонски нископритисочни системи од Северниот Тихи Океан. Додека зимите се многу влажни, крајбрежните области обично се поблаги и суви во текот на летото под влијание на стабилен антициклоничен висок притисок. Јужните внатрешни долини се жешки во лето; на пример, во Осојос, во јули максималната температура во просек изнесува 31.7 °C, најтоплиот месец на кое било место во Канада. Ваквото топло време понекогаш се шири кон брегот или до крајниот север на провинцијата. Температурите често надминуваат 40 °C во пониските височини на долините во внатрешноста кон средината на летото, со рекордно високо ниво од 44,4 °C, температура забележана во Литон на 16 јули 1941 година.[9]
Долгите суви лета често создаваат услови што предизвикуваат шумски пожари, од молњи или од човечки фактор. Многу области во покраината често се опфатени со тешки облаци и ниска магла во текот на зимските месеци, за разлика од обилното летно сонце. Годишните сончеви часови варираат од 2200 во близина на Кранбрук и Викторија до помалку од 1300 во Принц Руперт, на северното крајбрежје јужно од Југоисточна Алјаска. Исклучок од влажните и облачни зими на Британска Колумбија е Ел Нињо. Во текот на оваа фаза, зимите се поблаги и посуви од нормалното. Зимата е многу повлажна и поладна под спротивната фаза, Ла Ниња.
Општина | Јануари | Април | Јули | Октомври |
---|---|---|---|---|
Принц Руперт | 5.6 °C (42.1 °F)/ −0.8 °C (30.6 °F) | 10.2 °C (50.4 °F)/ 2.5 °C (36.5 °F) | 16.2 °C (61.2 °F)/ 10.5 °C (50.9 °F) | 11.1 °C (52.0 °F)/ 4.9 °C (40.8 °F) |
Тофино | 8.3 °C (46.9 °F)/ 2.3 °C (36.1 °F) | 11.9 °C (53.4 °F)/ 4.0 °C (39.2 °F) | 18.9 °C (66.0 °F)/ 10.5 °C (50.9 °F) | 13.6 °C (56.5 °F)/ 6.3 °C (43.3 °F) |
Нанаимо | 6.9 °C (44.4 °F)/ 0.1 °C (32.2 °F) | 14.1 °C (57.4 °F)/ 3.9 °C (39.0 °F) | 23.9 °C (75.0 °F)/ 12.3 °C (54.1 °F) | 14.6 °C (58.3 °F)/ 5.2 °C (41.4 °F) |
Викторија | 7.6 °C (45.7 °F)/ 1.5 °C (34.7 °F) | 13.6 °C (56.5 °F)/ 4.3 °C (39.7 °F) | 22.4 °C (72.3 °F)/ 11.3 °C (52.3 °F) | 14.2 °C (57.6 °F)/ 5.7 °C (42.3 °F) |
Ванкувер | 6.9 °C (44.4 °F)/ 1.4 °C (34.5 °F) | 13.2 °C (55.8 °F)/ 5.6 °C (42.1 °F) | 22.2 °C (72.0 °F)/ 13.7 °C (56.7 °F) | 13.5 °C (56.3 °F)/ 7.0 °C (44.6 °F) |
Чиливак | 6.1 °C (43.0 °F)/ 0.4 °C (32.7 °F) | 15.8 °C (60.4 °F)/ 5.2 °C (41.4 °F) | 25.0 °C (77.0 °F)/ 12.5 °C (54.5 °F) | 15.3 °C (59.5 °F)/ 6.4 °C (43.5 °F) |
Пентиктон | 1.8 °C (35.2 °F)/ −3.0 °C (26.6 °F) | 15.7 °C (60.3 °F)/ 2.5 °C (36.5 °F) | 28.7 °C (83.7 °F)/ 13.3 °C (55.9 °F) | 14.3 °C (57.7 °F)/ 3.2 °C (37.8 °F) |
Осојос | 2.0 °C (35.6 °F)/ −3.8 °C (25.2 °F) | 18.1 °C (64.6 °F)/ 3.6 °C (38.5 °F) | 31.5 °C (88.7 °F)/ 14.3 °C (57.7 °F) | 16.4 °C (61.5 °F)/ 3.5 °C (38.3 °F) |
Кранбрук | −1.9 °C (28.6 °F)/ −10.2 °C (13.6 °F) | 12.9 °C (55.2 °F)/ 0.3 °C (32.5 °F) | 26.2 °C (79.2 °F)/ 11.2 °C (52.2 °F) | 11.7 °C (53.1 °F)/ −0.3 °C (31.5 °F) |
Принц Џорџ | −4.0 °C (24.8 °F)/ −11.7 °C (10.9 °F) | 11.2 °C (52.2 °F)/ −1.1 °C (30.0 °F) | 22.4 °C (72.3 °F)/ 9.1 °C (48.4 °F) | 9.4 °C (48.9 °F)/ −0.5 °C (31.1 °F) |
Форт | −16.1 °C (3.0 °F)/ −24.6 °C (−12.3 °F) | 9.6 °C (49.3 °F)/ −3.6 °C (25.5 °F) | 23.2 °C (73.8 °F)/ 10.9 °C (51.6 °F) | 5.2 °C (41.4 °F)/ −4.2 °C (24.4 °F) |
Има 14 називите на паркови и заштитени подрачја во провинцијата. Постојат 141 еколошки резервати, 35 провинциски морските паркови, 7 локации прогласени за наследство, 6 национални историски места, 4 национални паркови и резервати. 12,5% или 114.000 км2 на Британска Колумбија во моментот се сметаат за заштитени подрачја според некоја од 14 различни ознаки, која вклучува повеќе од 800 различни области.
Британска Колумбија поседува седум од канадските национални паркови:
Британска Колумбија содржи и голема мрежа на провинциски паркови, водени од Министерството за животна средина на Британска Колумбија. Провинцискиот парковен систем е вториот по големина во Канада каде најголемиот е Канадскиот национален парковен систем. Постојат и регионални паркови кои ги раководи Министерството за шуми. Освен овие подрачја, повеќе од 47.000 км2 обработливо земјиште се заштитени од Земјоделските земјишни резерви на Канада.
Голем дел од покраината е дивина, па популациите на многу видови на цицачи кои станале ретки во голем дел од САД сè уште се развиваат во Британска Колумбија. Можат да се видат животни од разни видови, вклучувајќи и широк спектар на птици. Тука живеат мечки (гризли, црната мечка, вклучувајќи ја и Кермодовата мечка т.н мечка-дух), а воедно и елени, лосови, ирваси, овци со големи рогови, планински кози, мрмоти, дабари, бизамски стаорци, којоти, волци, куни, пуми, орли, орли-рибари, чапји, канадски гуски, лебеди, морски нуркачи, јастреби, бувови, гаврани и разни видови на патки. Помалите птици исто така изобилуваат. Њорките (од видот Alcidae) се познати од островот Фредерик, мали острови покрај брегот на островите на кралицата Шарлот[11]
Многу популации на риби се присутни, вклучувајќи ги и салмонидите, како што се неколку видови лосос, пастрмка, чар. Покрај лососот и пастрмката, спортските риболовцина Британска Колумбија ловат и халибут, калифорниска пастрмка, бас и есетра. На брегот, фоките и речните видри се чести. Од китовите, тука се присутни видовите орка, грбавиот кит, сивиот кит, морската свиња, белоперковата морска свиња, белиот делфин и минке китот.
Некои од загрозените видови во Британска Колумбија се: Мрмотот од островот Ванкувер, пегавиот був, американскиот бел пеликан и др. Според студија на Министерството за животна средина, видовите присутни во Британска Колумбија се следниве[12]:
Вид организам | На црвената листа во Британска Колумбија | Вкупен број на видот во Британска Колумбија |
---|---|---|
Слатководни риби | 24 | 80 |
Водоземци | 5 | 19 |
Влекачи | 6 | 16 |
Птици | 34 | 465 |
Копнени цицачи | се бараат понови податоци | се бараат понови податоци |
Морски цицачи | 3 | 29 |
Растенија | 257 | 2333 |
Пеперуги | 19 | 187 |
Вилински коњчиња | 9 | 87 |
Белата смрека или енгелманската смрека и нивните хибриди се јавуваат во 12 од 14 биогеоклиматски зони на Британска Колумбија (Coates et al., 1994). Вообичаените видови дрвја присутни во шумите на Британска Колумбија вклучуваат западен црвен кедар (туја, џиновски кедар), жолт кедар, карпестопланинска смрека, свиен бор, жолт бор, бел бор, западен бел бор, бела смрека, енгелманска смрека, ситковска смрека, црна смрека, голема ела, аамабилис ела, субалпска ела, западен херлок, голем хлоп, дагласка ела, јавор, дагласки јавор, даб, бреза, водена бреза, топола и многу други.
Секторот за животна средина ја дели Британска Колумбија на 6 екозони:
Главна статија: Историја на Британска Колумбија
Областа денес позната како Британска Колумбија во минатото била населена со првите групи народи кои имале длабока историја со значителен број на домородни јазици. Постојат повеќе од 200 групи на првични народи во Британска Колумбија кои тука живееле пред контактот со другото недомородно население. Човечката историја е позната од оралните традиции на групите, археолошките истражувања, како и од раните записи на истражувачите кои биле во контакт со тие општества. Пристигнувањето на Палеоиндијанците од Беринга се одвивало помеѓу 20.000 и 12.000 години.[13] Групни ловечки семејства биле главната општествена структура до пред 10,000 - 5,000 години.[14] Номадското население живеело во непостојани структури а главна човечка активност било ловењето животни за храна и крзна.[15] Пред околу 5.000 години, поединечните групи почнале да се фокусираат на ресурсите кои им се достапни локално. Така со текот на времето номадските групи почнале да остануваат во потрајни живеалишта. Домородното население се развило во текот на следните 5.000 години во многу посебни групи со заеднички традиции и обичаи. Северозападно во провинцијата се наоѓаат народите со На-Дене јазици, меѓу кои се народите кои зборуваат атапаскански јазици и тлингит, кои живееле на островите во јужниот дел на Алјаска и северна Британска Колумбија. Се верува дека јазичната група На-Дене е поврзана со енисејските јазици на Сибир[16] Групата Дене од западниот Арктик можеби претставувала значаен бран на миграција од Азија во Северна Америка.[16] Внатрешноста на Британска Колумбија била дом на групите кои зборувале на салишански јазици, како што се јазичните групи Шусвап, Оканаган и Атабаскан, главно Такел (Кариер) и Чилкотин.[17] На крајбрежјето и долините на брегот на Британска Колумбија богати со лосос и школки останале да живеат големи, препознатливи популации, како што се народите Хаида, Кваквиутл и Нутка.[17] Овие народи развиле сложени култури зависни од западниот црвен кедар, во која спаѓале дрвените куќи, ловењето морски китови и воинствени кануа и изрезбани тотемски столбови.[17]
Контактот со Европејците донел серија смртоносни епидемии поради европските болести на кои луѓето немале разбиено имунитет.[18] Резултатот бил драматичен колапс на населението, кулминирајќи со појавата на епидемијата на ситни сипаници во 1862 година во Викторија која се раширила низ брегот. Европските населби не се приклониле кон преостанатото домородно население во Британска Колумбија. Сметале дека колонистите ќе можат подобро да ја искористат земјата отколку луѓето од првата нација.[19] За да се осигураат дека колонистите ќе можат соодветно да се населат и да ја искористат земјата, домородците биле преместени на резерви, кои честопати биле премногу мали за да го поддржат нивниот начин на живот.[20] До 1930, Британска Колумбија имала 1500 резервати.[21]
Британците, за време на колонијалниот период, се ширеле низ целиот свет барајќи територии и градејќи ја Британската Империја. Територијата денес позната како Британска Колумбија била додадена во империјата во 19 век. Првобитно основана под покровителство на компанијата Хадсон Беј, биле основани колонии (островот Ванкувер, копното), кои потоа под називот Британска Колумбија биле соединети со Конфедерација во 1871 година, како дел од Канада.
Во текот на 1770-тите години, мали сипаници убиле најмалку 30% од популацијата на првите нации на северозападниот дел на Тихиот Океан.[22] Оваа смртоносна епидемија била првата од цела серија други. Епидемијата на ситни сипаници во 1862 убила 50% од домородното население.[23]
Пристигнувањето на Европејците започнало околу средината на 18 век, кога трговците со крзно навлегле во областа. Иако се смета дека Сер Френсис Дрејк го истражил брегот на Британска Колумбија во 1579 година, првото документирано патување во 1774 годинатоа било на Хуан Перес. Хуан Франциско де ла Бодега и Квадра го истражувал брегот во 1775 година.
Истражувањата на Џејмс Кук во 1770 и Џорџ Ванкувер во 1792 година воспоставиле британска надлежност над крајбрежната зона северно и западно од реката Колумбија. Во 1793, сер Александар Мекензи бил првиот Европеец кој патувал низ копното на Северна Америка до Тихиот Океан. Неговата експедиција теоретски го воспоставила британскиот суверенитет во внатрешноста, и ред други крзнени компании го истражувале лавиринтот од реките и планинските венци помеѓу прериите и Тихиот Океан. Мекензи и другите истражувачи, особено Џон Финли, Сајмон Фрејзер, Самуел Блек и Дејвид Томпсон попрво биле заинтересирани за проширувањето на трговијата со крзно, отколку за политичкиот фактор. Во 1794 година, преку низа договори познати како Нуткански конвенции, Шпанија ги признала своите претензии за ексклузивитет врз Тихиот Океан. Ова го отворило патот за формални барања и колонизирање од страна на други овластувања, вклучувајќи ја Велика Британија, но поради Наполеоновите војни немало многу големо британско дејство околу побарувањата во регионот, сè до подоцна.
Основањето на трговски поставки под покровителство на Северозападната компанија и компанијата Хадсонс Беј, ефикасно воспоставило постојано британско присуство во регионот. Областа Колумбија, во голема мерка била дефинирана јужно од 54°40 северна географска ширина, (јужната граница на Руската Америка) северно од мексиканско контролираната Калифорнија западно од Карпестите Планини. Со Англо-американската конвенција од 1818 година, била ставена во рамки на "заедничко владение и користење" на граѓаните на САД и субјектите на Велика Британија (односно на крзнените компании). Ова заедничко управување завршило со Орегонскиот договор од 1846 година.
Главниот пат за снабдување бил Јорк Фактори Експрес помеѓу Хадсон Беј и Форт Ванкувер. Некои од почетните станици прераснале во населени места, општини и градови. Меѓу местата во Британска Колумбија, кои започнале како крзнени трговски места се Форт Сен Џон (основан во 1794), Хадсонс Хоуп (1805), Форт Нелсон (1805), Форт Сент Џејмс (1806), Принц Џорџ (1807), Форт Лангли (1827) Форт Викторија (1843), Јеил (1848) и Нанаимо (1853). Местата на крзнените компании кои станале градови во Соединетите Држави ги вклучуваат Ванкувер, Вашингтон (Форт Ванкувер), порано главно место на работа на Компанијата Хадсонс Беј во дистриктот Колумбија, Колвил, Вашингтон и Вала Вала, Вашингтон (порано Форт Нез Персез) .
Со обединувањето на двете крзнени трговски компании во 1821, во регионот на денешна Британска Колумбија постоел во три крзнено трговски окрузи. Централниот и северниот дел на внатрешноста бил организиран во округот Нова Каледонија, раководена од Форт Сент Џејмс. Внатрешноста јужно од сливот на реката Томпсон и северниот дел на Колумбија бил организиран во округ Колумбија, раководен од Форт Ванкувер по долниот тек на реката Колумбија. Североисточниот агол на покраината источно од Карпестите планини, бил додаден на поголемиот округ Атабаска, чие главно седиште бил Форт Чипвијан, денешна Алберта.
До 1849 година, овие населби биле целосно неорганизирани подрачја на Британската Северна Америка и тука целосната управа била под јурисдикција на Компанијата Хадсонс Беј. За разлика од тоа територијата на Рупертовата земја на север и исток, не ѝ била дадена под концесија на компанијата туку ѝ бил доделен монопол при трговијата со жителите на Првите нации. Сето тоа се променило со западното продолжување на американското истражување и барањата на територијален суверенитет, особено во јужниот дел на сливот на Колумбија (денешен Орегон и државата Вашингтон во САД). Во 1846 година, Орегонскиот договор ја поделил територијата долж 49-тиот напоредник. Колонијата на островот Ванкувер била основана во 1849, со главен град Викторија. Нова Каледонија и понатаму продолжила да биде неорганизирана територијата на Британската Северна Америка "управувана" од поединечните трговски менаџери на Компанијата Хадсонс Беј.
Со златната треска во кањонот Фрејзер во 1858, приливот на Американци во Нова Каледонија довело до тоа копното официјално да се посочи како Колонија на Британска Колумбија. Кога вестите за златната треска стигнала до Лондон, Ричард Клемент Муди бил назначен од страна на Колонијалната канцеларија, под раководство на сер Едвард Булвер Литон да воспостави британски поредок и да ја трансформира новосоздадената Колонија на Британска Колумбија во „втора Англија на брегот на Тихиот Океан“.[24] Литон сакал да испрати во колонијата претставници на најдоброто од британската култура а не обична полициска сила а Муди бил одбран како достоен англиски џентлемен.
Муди и неговото семејство пристигнале во Британска Колумбија во декември 1858. Тој бил назначен за првиот полковник гувернер на Британска Колумбија.[25] По донесувањето на Законот за предемпции од 1860 година, Муди го населил Долното копно. Го избрал местото и го основал новиот главен град, Њу Вестминстер. Локацијата ја одбрал поради стратешката поволност и квалитетот на пристаништето.[25] Му се допаднала и величествената убавина на местото, како што напишал во неговото писмо до Блеквуд. Во Британска Колумбија, Муди "сакал да изгради град на убавина во дивината" и го планирал својот град како визуелна метафора на британската доминација "стилски поставен со цел да се зајакне авторитетот на круната“.[24][26]
Муди го дизајнирал првиот грб на Британска Колумбија. Недоволните средства заедно со континуираната опозиција на гувернерот Џејмс Даглас, направиле да биде невозможно планот на Муди да се исполни. Сепак, тој заедно со кралските инженери ја изградил првата патна структура во Британска Колумбија.[27] Законот за предемпција не ги специфицирал условите за дистрибуција на земјиштето па големи парцели биле присвоени од страна на шпекулантите, вклучително и земјиштето на Муди од 1517 хектари. Заради тоа бил критикуван од локалните весници.
До 1862, златната треска Карибу, привлекла дополнителни 5000 копачи на злато. За време на златната треска, карактерот на колонијата се менувал и доволно британски колонисти биле постојано населени, отворајќи бизниси и вршејќи други стопански активности како риболов или земјоделство. Со оваа зголемена стабилност, приговорите за немањето гувернер на колонијата и одговорна влада почнале да се засилуваат, предводени од влијателниот уредник на весникот Бритиш Колумбиан во Њу Вестминстер и иден премиер, Џон Робсон. Серијата петиции што барале собрание биле игнорирани од страна на Даглас и колонијалната канцеларија сè додека Даглас не бил ослободен од функцијата во 1864 година. Конечно, колонијата добила собрание и гувернер избран од страна на жителите на колонијата.
Канадската тихоокеанска пруга, која за првпат ја поврзала Британска Колумбија со остатокот на Канада била довршена во 1885/86. године. Оваа пруга као и другата која била довршена во 1914 година имале огромно економско значење за развојот и за економијата на оваа провинција.
Конфедерациската лига, вклучително личности како Амор Де Космос, Џон Робсон и Роберт Бивен, вршеле притисок колонијата да се приклучи на Канада, која била создадена од три британски северноамерикански колонии во 1867 година (Покраината Канада, Нова Шкотска и Њу Бранзвик). Неколку фактори биле мотив за истото, вклучувајќи го и стравот од припојувањето кон Соединетите Држави, огромниот долг создаден од брзиот раст на населението, потребата од владино финансирачки услуги за поддршка на оваа популација и економската депресија предизвикана од крајот на златната треска. Со договорот со канадската влада да се доизгради Канадската тихоокеанска железница и да се преземе долгот на колонијата, Британска Колумбија станала шестата покраината која се приклучила на Конфедерацијата на 20 јули 1871. Границите на покраината не биле целосно решени до 1903 година.
Популацијата во Британска Колумбија продолжила да се зголемува како се развивало стопанството на покраината особено рударството, шумарството, земјоделството, индустријата и риболовот. Рударството како активност особено се развило во Слокан, во Западен Кутенеј околу Треил, кањонот на Фрејзер, Карибу и на друго место. Земјоделството привлекло доселеници во плодната долина Фрејзер а ранчери, а подоцна и овоштари се населиле на посувите пасишта околу областа на реката Томпсон, Карибу, Чилкотин и Оканаган. Шумарството привлекло работници кај умерената прашума на крајбрежјето, каде подем земало и рибарството.
Завршувањето на железницата во 1885 било голем поттик за економијата на покраината, олеснувањето на транспортот во регионот. Гранвил, во близина на Бурард Инлет бил избран како последна станица на железничката, забрзувајќи го приклучувањето со заедницата на Ванкувер во 1886 година. Завршувањето на пристаништето во Ванкувер предизвикало забрзан раст и за помалку од педесет години градот го надминал Винипег, Манитоба, како најголем град во Западна Канада. Раните децении на провинцијата главни биле прашањата околу користење на земјиштето, односно негово населување и развивање. Ова ја вклучило експропријацијата од луѓето на Првите нации, контрола над ресурсите, како и способноста за трговијата во некои ресурси (како на пример рибарство).
Воспоставување на работната сила за развој на покраината било проблематично од самиот почеток па во Британска Колумбија почнала да пристигнуваат доселеници од Европа, Кина и Јапонија. Приливот на ова население поттикнало огорченост кај доминантните етнички групи, што резултирало со нервоза (во голем дел успешно) да се ограничи можноста на Азијатите да имигрираат во Британска Колумбија, со воведување данок по глава на жител. Ова незадоволство кулминирало во мафијашки напади врз кинески и јапонски имигранти во Ванкувер во 1887 и 1907. До 1923 година, била блокирана речиси цела кинеска имиграција, освен трговци, професионалци, студенти и инвеститори. Во меѓувреме, провинцијата продолжила да расте. Во 1914 година, била пуштена втората трансконтинетална железничка линија, Гранд Транк Тихи Океан. Ова отворило нови економски можности.
Во Првата светска војна провинцијата силно одговорила на повикот на Британската Империја да им помогне во борбата против Германија. Околу 55,570 од 400,000 жители на Британска Колумбија се пријавиле во војска, што е најголемиот процент забележан во Канада, според глава на жител. Околу 6,225 луѓе од провинцијата загинале во битките.[28]
Кога мажите се вратиле од Првата светска војна, откриле дека со помошна жените бил изгласан законот за забрана на алкохолво обид да се стави крај на социјалните проблеми поврзани со прекумерното пиење во Ванкувер и во останатиот ден на провинцијата. Поради притисокот од ветераните, забраната наскоро била намалена, така што "војникот и работникот" можеле да уживаат во пијалакот, но невработеноста кај ветераните била широко распространета бидејќи многу од достапните места биле преземени од страна на европските имигранти па затоа незадоволните ветерани организирале низа "војнички партии" за да ги претставуваат своите интереси, со разни називи како Војничко-земјоделска, Војничко-работничка или Војничко-трудова партија. Овие биле основа за прекршениот трудово-политички спектар кој ќе ги генерира дополнителните левичарски и десничарски партии, вклучувајќи ги и оние кои со време ќе го формираат Кооперативниот Комонвелт.
Доаѓањето на прохибицијата во САД создало нови можности и многумина нашле вработување или барем добивка во прекуграничното криумчарење на алкохол. Голем дел од благосостојбата и богатството во 1920-тите во Ванкувер е резултат на оваа "пиратска економија", иако пораст во шумарството, рибарството и рударството продолжил. Крајот на американската прохибиција, во комбинација со почетокот на Големата депресија, ја турнал покраината во економска беда.[29] Имаlo знаци за подобрување на економскиот живот и враќање во нормала кон крајот на 1930-тите, но дури на почетокот на Втората светска војна, националната економија се подобрила и ставило крај на тешките моменти на депресија. Поради војната, жените масовно станале значајна работна сила, како никогаш порано.
За време на Втората светска војна во Либералната и Конзервативната партија на Британска Колумбија се обединиле во формирање владина коалиција со новиот водач на либералите Џон Харт, кој го заменил Даф Патуло кога тој не успеал да добие мнозинство на изборите во 1941 година. Била формирана коалициска влада составена од пет либерални и тројца конзервативни министри.
Во повоениот период владата иницирала серија на инфраструктурни проекти, особено проектот за автопат 97 северно од Принц Џорџ, наречен автопат Џон Харт, и било воведено државно болничко осигурување.
Во 1947 година на чело на Коалицијата застанал Бајрон Ингемар Џонсон. Конзервативната партија сакала нивниот нов водач Херберт Анскомб да стане премиер, но либералите одбиле. Џонсон добил највисок процент гласови во историјата на Британска Колумбија (61%) на изборите во 1949 година. Оваа победа била припишувана на популарноста на неговата владина програма, и покрај критиките за корупција и злоупотреба на власта. Во тек на мандатот бил реализиран проектот Кемано Хидро[30]
Зголемувањето на тензиите меѓу Либералните и Конзервативните коалициски партнери на довело до распуштање на владата на Џонсон и распишување општи избори на 1952 година.[31] Водачот на Социјалкредитна партија, В.А.Ц Бенет, формирал малцинска влада поддржана од либералите и конзервативците (со 6 и 4, односно места). Бенет започнал серија даночни реформи, проповедал нов вид на популизам за напредок и развој на земјата и на вторите избори во 1953 година новиот режим на Бенет обезбедил постабилно мнозинство, со 38% од гласовите и воспоставил политички систем кој е на сила до денес.
Во периодот 1950-60 Британска Колумбија навлегла во фаза на брз економски развој. Бенет и неговата партија биле на власт во покраината во следните дваесет години, за кое време владата амбициозна програма поттикнала развој на инфраструктурата, со одржлив економски развој во шумарството, во рударскиот и енергетскиот сектор.
На 27 август, 1969, Социјалкредитната партија била повторно избрана на општите избори и Бенет го добил последниот мандат на власт. На почетокот на 1970-тите години, економијата била доста силен, поради зголемувањето на цените на јагленот и зголемување на дозволените годишни намалувања во шумарскиот сектор. Кога компанијата БЦ Хидро ја пријавила својата прва загуба,тоа значело почеток на крајот на Бенет и неговата Социјалкредитна партија.[32] Во август 1972 година на изборите, победила Новата демократска партија (НДП) со новата влада на Дејв Барет. Под Барет, големиот провинциски вишок наскоро станал дефицит. По тригодишна власт, Новата демократска партија ги изгубила изборите а од 1975, премиер на покраината станал синот на Бенет. Кон крајот на неговиот мандат, Бенет најавил неколку мегапроекти наменети за стимулирање на економијата и освојување на гласовите. Најзначаен од нив било освојувањето на Светскиот саем во Ванкувер - Експо 86, со кој била поврзана изградбата на автопатот Кокихала. Проектот Кокихала станал предмет на скандал по откритијата дека братот на премиерот купил големи парцели земјиште потребни за проектот пред истиот да биде објавен на јавноста, а исто така и поради истрагите за огромното пречекорување на трошоците на проектот. Сепак, Социјалкредитната партија повторно добила на изборите во 1979 година под водство на Бенет, кој ја предводел партијата до 1986 година.
Во 1988, за дваесет и петти Полковник Гувернер бил назначен Дејвид Лам, првиот Полковник гувернер од кинеско потекло.
Покраината победила во обидот да биде домаќин на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер и Вистлер. Како што било ветено во кампањата за реизбор во 2002 година, градоначалникот на Ванкувер, Лари Кембел, одржал необврзувачки граѓански референдум во врска со одржувањето на Олимпијадата. Во февруари 2003 година, жителите на Ванкувер гласале на референдумот за прифаќање на одговорностите на градот-домаќин. Шеесет и четири проценти од жителите гласале за прифаќање да бидат домаќини на игрите.[33]
Во 2011, Кристи Кларк, поранешен заменик-премиер, станала водач на Либералната партија. Меѓу нејзините рани постигнувања таа ја зголемила минималната плата и го поттикнала развојот на течен природен гас. На изборите во 2013 година, Кларк станала првиот избран женски премиер во историјата на Британска Колумбија.[34]
На последните избори во 2017, избран бил новиот премиер на Британска Колумбија Џон Хорган како претставник на Новата Демократска Партија и со поддршка на Партијата на зелените.
Број на население во Британска Колумбија (2016): 4,648,055
Извор: Статистички податоци на Канада[39]
Година | Популација | Промена
% за 5 години |
Промена
% за 10 години |
Ранг меѓу провинциите |
---|---|---|---|---|
1851 | 55,000 | n/a | n/a | n/a |
1861 | 51,524 | n/a | -6.3 | n/a |
1871 | 36,247 | n/a | -29.7 | 7 |
1881 | 49,459 | n/a | 36.4 | 8 |
1891 | 98,173 | n/a | 98.5 | 8 |
1901 | 178,657 | n/a | 82.0 | 6 |
1911 | 392,480 | n/a | 119.7 | 6 |
1921 | 524,582 | n/a | 33.7 | 6 |
1931 | 694,263 | n/a | 32.3 | 6 |
1941 | 817,861 | n/a | 17.8 | 4 |
1951 | 1,165,210 | n/a | 42.5 | 3 |
1956 | 1,398,464 | 20.0 | n/a | 3 |
1961 | 1,629,082 | 16.5 | 39.8 | 3 |
1966 | 1,873,674 | 15.0 | 34.0 | 3 |
1971 | 2,184,620 | 16.6 | 34.1 | 3 |
1976 | 2,466,610 | 12.9 | 31.6 | 3 |
1981 | 2,744,467 | 11.3 | 25.6 | 3 |
1986 | 2,883,370 | 5.1 | 16.9 | 3 |
1991 | 3,282,061 | 13.8 | 19.6 | 3 |
1996 | 3,724,500 | 13.5 | 29.2 | 3 |
2001 | 3,907,738 | 4.9 | 19.1 | 3 |
2006 | 4,113,487 | 5.4 | 10.4 | 3 |
2011 | 4,400,057 | 7.0 | 12.6 | 3 |
2016 | 4,648,055 | 5.6 | 13.0 | 3 |
Половина од сите Британски Колумбијци живеат во метрополитанската област на Ванкувер, каде што се наоѓаат Ванкувер, Сари, Њу Вестминстер, Западен Ванкувер, Северен Ванкувер (град), Северен Ванкувер (општина), Бернаби, Кокитлам, Порт Кокитлам, Мапл Риџ, Лангли (град), Лангли (општина), Делта, Пит Медоус, Вајт Рок, Ричмонд, Порт Муди, Анмор, Белкара, Лајонс Беј и Боуен Ајленд, со соседните неинкорпорирани области (вклучувајќи ги и Универзитетските фондови) Метрополитенската област има неколку индијански резервати, но тие се надвор од јурисдикцијата на регионалниот округ.
|
|
Попис на Канада од 2006 | Население | % од вкупното население | |
---|---|---|---|
Европејци | 2,869,455 | 70,4% | |
Видлива малцинска групаИзвор:[42] | Кинез | 407,225 | 10% |
Јужен Азиец | 262,290 | 6,4% | |
Црнец | 28,315 | 0,7% | |
Филипинец | 88,075 | 2,2% | |
Латиноамериканец | 28,965 | 0,7% | |
Југоисточен Азиец | 40,685 | 1% | |
Араб | 8,635 | 0,2% | |
Западен Азиец | 29,810 | 0,7% | |
Кореанец | 50,490 | 1,2% | |
Јапонец | 35,060 | 0,9% | |
Друго видливо малцинство | 3,880 | 0,1% | |
Мешано видливо малцинство | 25,420 | 0,6% | |
Вкупно видливо малцинство | 1,008,855 | 24,8% | |
Староседелска група
Извор:[43] |
Први нации | 129,575 | 3,2% |
Мулати | 59,445 | 1,5% | |
Inuit | 795 | 0% | |
Вкупно староседелско население | 196,070 | 4,8% | |
Вкупно население | 4,074,380 | 100% |
Полковник-гувернерот на Британска Колумбија, Џудит Гишон, е претставник на Кралицата на Канада во провинцијата Британска Колумбија. Во отсуство на полковник-гувернерот, генералниот гувернер во Советот може да назначи администратор за извршување на должностите на функцијата. Во пракса, ова е обично Генералниот судија на Британска Колумбија.[44]
Британската Колумбија има Законодавно собрание со 87 членови, кое се бира со мнозински систем на гласање, иако во последниве години имало значајна дебата за преминување кон единствен пренослив систем за гласање. Владата назначува министри за различни портфолија, кои официјално се дел на Извршниот совет на Британска Колумбија (Кабинетото), од кого претседава премиерот.
„Британска Колумбија“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Британска Колумбија. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.