Орегон

From Wikipedia, the free encyclopedia

Орегонmap

Орегон, официјално Држава Орегон (англиски: Oregon или State of Oregon) е една од педесетте сојузни држави на САД. Државата се наоѓа во северозападни САД, на Тихиот Океан и граничи со Вашингтон на север, Калифорнија на југ, Невада на југоисток и Ајдахо на исток. Реките Снејк и Колумбија ги формираат северните и источните граници на државата. Пред доаѓањето на Европејците, територијата на државата била населена од различни староседелски племиња. Територијата Орегон била формирана во 1848 година и на 14 февруари 1859 Орегон станал 33 сојузна држава на САД. Главен град на оваа сојузна државата е градот Сејлем и трет најнаселен град во државата. Најголем град во државата е Портланд, кој воедно е и 30-ти најголем град во САД со население од 575.930 жители и со метрополитенска област од 2.175.133 жители, што е 23-та најголема метрополитенска област.

Кратки факти
Орегон
State of Oregon
Thumb Thumb
Знаме Печат
Прекар(и): Beaver State
Гесло: Alis volat propriis (Таа лета со свои крилја)
ThumbЊујоркВашингтон
Службен јазик нема, де факто: англиски
Главен градСејлем
Најголем градПортланд
Површина 9. место
 - Вкупно255.,026 км²
 - Широчина420 км км
 - Должина580 км км
 - % вода2.4
 - Гео. ширина42° N to 46° 18′ N
 - Гео. должина116° 28′ W to 124° 38′ W
Население 27. место
 - Вкупно3.790.060
 - Густина13.76/км² (39. место)
Надм. вис. 
 - Највисока точка Маунт Худ
3.425 м
 - Најниска точкаТихи Океан
0 м
Влез во сојузот  14 февруари 1859 (33)
ГувернерКејт Браун
Сенатори Рон Вајден
Џеф Мекли (Р)
Делегација на конгресот
Часовен појас {{{часовен појас}}}
Кратенки OR US-OR
Портал www.oregon.gov
Затвори

Долината Виламет во западен Орегон е најнаселена област во државата, кој воедно е и најплодна долина во Орегон. Населението на Орегон брои околу 3,5 милиони жители според пописот во 2000 година..[1]

Во Орегон се наоѓа корпорацијата Интел, најголем работодавач во државата. Оваа компанија се наоѓа во Силициумската Шума во западен Портланд. Орегон има 199 јавни училишта, од кои најголемо е Јавно училиште Портланд. Покрај голем број на колеџи, во Орегон се наоѓаат и Државен Универзитет Орегон, Универзитет Орегон и најголемиот Државен Универзитет Портланд.[2]

Збратимени држави

Наводи

Дополнителна литература

Надворешни врски

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.