Remove ads
океан From Wikipedia, the free encyclopedia
Тихи Океан или Пацифик (латински: Mare Pacificum што значи тивко т.е., тихо море) — најголемиот и најдлабокиот океан на Земјата. Се протега од Беринговото Море на Арктикот до Антарктикот на југ и од Индонезија до Колумбија. Површината на океанот изнесува 179 милиони км2, а најдлабоката точка е 11 км под површината на водата која се наоѓа во Мариканскиот Ров близу Маријанските Острови што воедно ја претставува и најголемата длабочина на море во светот.[1] Во Тихиот Океан има голем број острови и островски држави. Исто така во Тихиот Океан постојат околу 25.000 острови (повеќе отколку во сите океани заедно), од кој најмногу се наоѓаат јужно од екваторот.[2]
Тихи Океан | |
---|---|
Координати | 0°N 160°W |
Површина | км2 | 165,250,000
Прос. длабочина | 4280 м |
Најг. длабочина | 10.911 м |
Зафатнина | 710.000.000 км3 |
Населени места | Акапулко, Анадир, Енкориџ, Апија, Окленд, Бризбејн, Буенавентура, Каљао, Крајстчерч, Консепсион, Давао, Гвајакил, Хонгконг, Хонолулу, Џакарта, Лима, Лос Анџелес, Мачала, Магадан, Манила, Манта, Мазатлан, Мелбурн, Нов Тајпеј, Нумеја, Осака, Панама, Папете, Сан Диего, Сиетл, Сендај, Шангај, Шизуока, Сува, Сиднеј, Тихуана, Токио, Валпараисо, Ванкувер, Велингтон, Владивосток, Фангареј, Јокохама, Јокосука |
Долж неправилните западни граници на Тихиот Океан, лежат многу рабни мориња, од кои најголеми се Коралното, Јужнокинеското, Јапонското, Тасмановото и Жолтото. Малачкиот Проток е споен со Индискиот Океан на запад, како и Магелановиот Проток на исток со Атлантикот. На север, Беринговиот Проток го спојува со Северноледениот Океан.
Како Тихиот Океан се шири на ± 180° географска должина, на запад станува исток, азиската страна на океанот правилно се смета за источна на Тихим океан, додека спротивната страна е западната на Тихиот Океан. Датумската граница поголемиот дел ја прати ±180° географска должина која се разграничува на источен и западен дел. Но, на некој места се одделува од таа географска одредница. Тако на север се врти спрема исток да би се заокружил најисточниот дел на Азија, потоа се врти спрема запад посетувајќи ги Алеутските острви, за да потоа многу појужно се сврти спрема запад како би се опфатила острвската држава Кирибати и уште некои помали острови.
Во текот на патувањата на Фернандо Магелан до Филипините, по излегувањето од теснецот низ Огнена земја (теснец кој подоцна го добил името по него) познат по јаките бури, тогаш му се причинило дека Тихиот Океан е многу мирен, по што и го добил името. Сепак ,подоцна се испоставило дека не е секогаш мирен. Копното по Тихиот Океан е подложно на вулкански ерупции и земјотреси. Исто така, бројни тајфуни започнуваат на тоа подрачје. Еден од најопасните е цунами, (кои се последица на подводните потреси) со огромни бранови кои ги уништуваат островите и градовите на својот пат.
Држави и територии кои се наоѓаат во самиот океан или граничат со истиот:
Некои дела од областа на уметноста и популарната култура се инспирирани од Тихиот Океан, како на пример:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.