Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фиџи — држава во Тихиот Океан која е создадена од повеќе острови од кои најголеми се Вити Леву и Вануа Леву. На островот Вити Леву се наоѓа и главниот град на оваа држава, Сува, кој има околу 200.000 жители.
Република Фиџи
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Rerevaka na Kalou ka Doka na Tui Биди богобојазлив и почитувај ја Кралицата |
||||||
Химна: Господ да го благослови Фиџи |
||||||
Главен град (и најголем) | Сува 18°10′S 178°27′E | |||||
Службен јазик | фиџиски, англиски, фиџиски хинди, ротумски | |||||
Демоним | Фиџијци
(Фиџиец/Фиџијка) |
|||||
Уредување | република под воено раководство | |||||
• | Претседател | Вилијаме Катонивере | ||||
• | Премиер | Стивени Рабука | ||||
Независност | од Обединетото Кралство | |||||
• | Датум | 10 октомври 1970 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 18,274 км2 (155-та) | ||||
• | Вода (%) | нема податоци | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2016 г. | 898.760[1] (161ва) | ||||
• | Попис 2017 | 884,887[2] | ||||
• | Густина | 46.4 жит/км2 (148ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2007 г. | |||||
• | Вкупен | $3.677 милијарди (152-ра) | ||||
• | По жител | $4,230 (112-ра) | ||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.724[3] висок · 88ма |
|||||
Валута | фиџиски долар (FJD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+12) | |||||
НДД | .fj | |||||
Повик. бр. | 679 | |||||
1. | Признато од Големиот совет на шефови. |
Најзастапени јазици се англиски јазик и фиџиски хинди, а најраспространета религија е христијанството, 52% од населението се христијани и 32% хиндуисти. Парична единица во Фиџи е фиџиски долар. Во Фиџи денес живеат околу 849.000 жители (проценка од 2009) што ја прави четврта по ред најнаселена држава во Австралија и Океанија по Австралија, Нов Зеланд и Папуа Нова Гвинеја.
Според познатата ХДИ листа која Обединетите Нации ја прават секоја година за определување на квалитетот на животот во државите во светот Фиџи се најде на 92 место од 177 држави во таканаречената група на средноразвиени држави, помеѓу Свети Винсент и Гренадини и Тунис.
Главниот остров на Фиџи е познат по името Вити Леву и од тоа име доаѓа името на државата.
Првите луѓе кои пристигнале на Фиџи се населиле на островите многу порано пред да дојдат Европејците во 17 век. Според археолошките ископини се утврдило дека на Фиџи имало човекови заедници околу периодот од 3500 до 1000 година п.н.е. Се верува дека народот Лапита се населиле на островите и биле полинезиски народ, но не се знае што станало со нив кога се населиле меланезиските народи.
Првата населба на Фиџи била создадена од трговци и патници пред 3500 година.
Холандскиот истражувач Абел Тасман ги посетил островите во 1643 година додека го барал Големиот Јужен Континент. Потоа Европејци не пристигнале на островите сè до 19 век кога на островите започнале да доаѓаат китоловци, мисионери и трговци со сандалово дрво.
Рату Серу Епениса Какобау бил фиџиски поглавица од островот Бау кој ги обединил фиџиските племиња под негово водство. Тогаш тој се прогласил за Крал на Фиџи, а подоцна Заштитник за време на британската колонизација. Во 1874 година Фиџи станал дел од Британската Империја.
Во 1970 година Фиџи се стекнал со независност.
На островот Вити Леву се наоѓа и главниот град на оваа држава,Сува, и има околу 200.000 жители. Други градови на други острови се Кандаву на истоимениот остров и Сомосомо на островот Тавеуни. Помеѓу островите се наоѓа живописното Корско Море. Највисок врв на Фиџи е врвот Викторија, 1372м. и се наоѓа на островот Вити Леву. Фиџи се наоѓа во таканаречената група острови Меланезија и зафаќа површина од 18.270км2.
Вкупната површина на Фиџи е 194.000 км2, но од овие само 10% е копно. Овој архипелаг има 322 острови од кои 106 се населени.
Политиките на Фиџи се одвиваат во рамките на парламентарна демократија, премиерот е на чело на владата, а додека претседателот на Фиџи е на чело на државата. Извршната власт е во рацете на владата на Фиџи. Законодавната власт е под ингеренции на парламентот на Фиџи. Според уставот, судската власт во Фиџи е независна.
Сепак, во 2006 година беше извршен воен удар во Фиџи и оттогаш на власт е војската.
Фиџи е поделен на четири главни дивизии:
Овие дивизии се поделени на следните 14 покраини:
94% од населението во Фиџи е писмено а БДП-еден од најдобрите показатели за економијата и стандардот е 5900 амеркански долари што ја става во друштво со земјите како Црна Гора, Туркменистан, Перу, Самоа, НР Кина, Венецуела, Габон итн. Според познатата ХДИ листа која Обединетите нации ја прават секоја година за определување на квалитетот на животот во државите во светот Фиџи се најде на 92 место од 177 држави во таканаречената група на средно развиени држави, помеѓу Свети Винсент и Гренадини и Тунис.
Во Фиџи денес живеат околу 849.000 жители (проценка од 2009) што ја прави четврта по ред најнаселена држава во Австралија и Океанија по Австралија, Нов Зеланд и Папуа Нова Гвинеја.
Сепак Фиџи е ретко населена држава со само 10 жители на километар квадратен. Градското население во Фиџи изнесува 51% од населението а средниот животен век е 63 години.
Населението на Фиџи се главно етнички Фиџијци кои се меланезиски народ и тие сочинуваат 54,3%, потоа има Индо-фиџици кои сочинуваат околу 38,1% и тие се потомци на Индијци донесени од Индија како работна сила.
Според ЦИА, религиите во Фиџи се застапени со следните проценти: христијани 64,5%, хиндуси 27,9%, муслимани 6,3% и останатиот процент припаѓа на различни религиски групи.
Службени јазици во Фиџи се: бау фиџиски јазик, англиски јазик и хиндуски.
Културата на Фиџи е доста богата со многу елементи од индиската, кинеската, локалната и европската култура. Различности има во архитектурата, јазиците, храната, пијалаците, обичаите и социјалниот живот.
Локалната култура е најдоминантна и е дел од секојдневието на народот на Фиџи.
Повеќе за Фиџи на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.