специјален административен регион во Кина From Wikipedia, the free encyclopedia
Хонгконг (кинески: 香港, миризливо пристаниште, кантонски: ⓘ; стандарден мандарински: Xiānggǎng), службено Хонгконг – специјален административен регион на Народна Република Кина (традиционален кинески: 中華人民共和國香港特別行政區 ⓘ) — еден од двата специјални административни региони (САР) на Народна Република Кина (НРК), другиот е Макао.
Хонконг 香港
中華人民共和國香港特別行政區 |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Хонконг (црвена)
|
||||||
Службен јазик | кинески, англиски | |||||
Демоним | Хонконгери
(Хонконгер / Хонконгерка) |
|||||
Уредување | Деволтирана влада предводена од извршната власт во унитарна еднопартиска држава | |||||
• | Главен извршен директор | Џон Ли | ||||
• | Главен секретар | Ерик Чан | ||||
• | Претседател на Советот | Ендрју Леунг | ||||
• | Врховен судија | Ендрју Чеунг | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 2,754,97 км2 | ||||
Валута | Хонгконгшки долар | |||||
Се вози на | десно | |||||
Повик. бр. | +852 |
Хонгконг се наоѓа на источната страна на делтата на Бисерната Река на југоисточниот брег на Народна Република Кина, и излегува на Јужнокинеското Море, а се граничи со покраината Гуангдунг на север. Хонгконг е една од најлибералните економии во светот, и е финансиски и трговски центар. Хонгконг е најбогат регион на Кина - има најголем БДП по глава на жител.
Се состои од островот Хонгконг (уште познат како Сјанган), полуостровот Коулун и Новите Територии. Населението е околу 7 милиони жители, при што најзастапена етничка група се Кинезите (96%). Паричната единица е хонгконшки долар.
Хонгконг била британска колонија од 1842 г, сѐ додека суверенитетот не бил пренесен на НР Кина во 1997. За време на Втората светска војна од 1941 до 1945 бил под јапонска окупација, за повторно да го запоседнат Британците. Управуван е како специјален административен регион под Основниот закон за Хонгконг (англиски: Basic Law of Hong Kong). Под условите на кинеско-британската заедничка декларација, НР Кина ветува дека Хонгконг ќе има релативно голем степен на автономија сѐ до барем 2047, педесетина години од трансферот на суверенитетот. Според политиката „една држава, два система“, Хонгконг ќе го задржи својот правен систем, валута, царинска политика, културно и трговско претставување, меѓународните спортски тимови и имиграциските закони, со тоа што НР Кина, односно централната влада во Пекинг, ќе го претставува Хонгконг дипломатски и воено.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.