Волкот (Canis lupus) е најголемиот претставник од семејството кучиња, кој живее во дивина, а предок е на домашниот пес. Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница. Глутницата кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за семејство. Волците (за разлика од домашните кучиња) полово созреваат дури во втората година од својот живот и за тоа време остануваат со своите родители.
Кратки факти Волк Период: Доцен Плеистоцен–Сегашност, Заштитен статус ...
Периодот на носење е помеѓу 60 - 63 денови, а во едно легло по правило има помеѓу три и седум (понекогаш се случува и четиринаесет) младенчиња. Минатогодишните волци им помагаат на родителите во подигањето на следната генерација на младенчиња. Во нормални услови, во есен волчјата глутница се состои од родителски пар, нивните младенчиња од претходната година како и младенчињата од тековната година. Со достигнување на половата зрелост, младите волци по правило ја напуштаат територијата на своите родители и тргнуваат во потрага по сопствена територија. Родителите секогаш се доминантни во однос на својот подмладок, според тоа нема борби околу доминацијата.
Основната храна на волците ја сочинуваат големите тревопасни животни, при тоа го ловат оној вид кој е најчест на подрачјето на кое живее. Во северните делови на подрачјето на кое се распространети претежно ловат во глутници ирваси, срни или некој вид на елен. Во нивниот улов во источна Европа спаѓаат и дивите свињи. Редовно ловат и помали глодачи како и зајаци, куни и кртови. Во случај на недостаток на дивеч, волците јадат и мрши како и отпадоци.
„Волчја сенка“ (српски: Вучја сенка) - песна на српскиот поет Васко Попа.[35]
„Волчја сол“ (српски: Вучја со) - поетска збирка на српскиот поет Васко Попа од 1968 година.[36]
„Поклонение на Куциот Волк“ (српски: Поклоњење Хромом Вуку) - циклус песни на српскиот поет Васко Попа од збирката „Волчја сол“ (Вучја со) од 1975 година.[37]
„Вечно гладен“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[43]
„Нешто за сонцето и стапиците за волци“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[44]
Волкот како тема во музиката
„Страшниот волк“ (англиски: Dire Wolf) - песна на американската рок-група Грејтфул дед (Grateful Dead) од 1970 година.[45]
„Брате волк, сестро месечино“ (англиски: Brother Wolf; Sister Moon) - песна од истоимениот албум на британската рок-група Калт (The Cult) од 1985 година.[46]
„Како ќе преживее ли волкот?“ (англиски: How Will the Wolf Survive? ) - музички албум на американската рок-група Лос лобос (Los Lobos) од 1984 година.
„Ќе преживее ли волкот?“ (англиски: Will the Wolf Survive? ) - песна на американската рок-група Лос лобос од 1984 година.[47]
„Волкот што живее во Линдзи“ (англиски: The Wolf That Lives In Lindsey) - песна на американската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1979 година.[48]
„Волк“ (англиски: The Wolf) — песна на британската рок-група Моторхед (Motö̲rhead) од 1987 година.[49]
„Волците умираат сами“ (хрватски: Vukovi umiru sami) - песна на хрватскиот поп-пејач Борис Новковиќ од 2005 година.[50]
„И волците излегуваат“ (англиски: ...And Out Come The Wolves) - албум на американската панк-група Ренсид (Rancid) од 1995 година.[51]
„Гладен волк“ (англиски: The Hungry Wolf) — песна на американската рок-група X од 1982 година.[52]
„Canis lupus“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 22 March 2009.
Database entry includes justification for why this species is of least concern.
Macdonald, David; Claudio Sillero-Zubiri (2004). The Biology and Conservation of Wild Canids. Oxford: Oxford University Press. стр.45–46. ISBN0198515561.
Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 193.