Зоолошка градина Скопје
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зоолошката градина Скопје — зоолошка градина во Скопје, формирана во 1926 г. од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман[1]. Во истата 1926 година е предложено денешното место која во тоа време опфаќала 4 хектари површина, а градината располагала со скромен број на животни кои претежно биле добиени како подарок.
Зоолошка градина Скопје | |
---|---|
Влезот на зоолошката градина | |
Отворена | 1926 |
Место | Градски парк, Скопје, Македонија |
Површина | 12 ха |
Координати | 42.007078° СГШ; 21.41687° ИГД |
Бр. на животни | 500 |
Бр. на видови | 85 |
Мреж. место | zooskopje.com.mk |
Со решение на Градското собрание во 1965 година и со донесувањето на елаборатот во 1966 година за ново урбанистичко решение, Зоолошката градина Скопје го добива денешниот изглед. Денес, градината е сместена на површина од 12 ха и располага со 503 животни, од кои: 261 птица од 36 вида, 230 цицачи од 42 вида и 16 влекачи од 8 вида. Основни дејности на градината се: културна, образовна и научна, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Зоолошката градина е отворена секој ден од 9:00 до 18:00 часот.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.