Риболов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Риболов или рибарство — стопанска гранка чија задача е одгледување, ловење и преработка на рибите. Рибата има значајна улога во исхраната на населението. Освен тоа, во некои земји од неа се произведува вештачко ѓубриво. Луѓето ја употребуваат рибата на повеќе начини и тоа, како солена, сушена или конзервирана.

Видови риболов
Риболовот може да биде речен, езерски или морски. Најзначаен е морскиот риболов, бидејќи во морињата се лови најголемо количество риба. Во морињата и океаните рибата се лови на современ начин, со специјални мрежи и бродови, додека китовите се ловат со харпуни.
Езерскиот риболов е застапен на сите поголеми езера, како што се: Големите Езера во САД, Каспиското, Бајлакското, Аралското, Тангањика, Викторија, Њаса, Чад и др.
Речниот риболов е застапен на сите реки, а најмногу риба се лови на големите реки, како: Волга, Мисисипи, Ганг, Дунав, Јанцекјанг, Хоангхо и др.
Риболовот како тема во уметноста и во популарната култура
- „Султанот и рибарот“ — приказна на африканското племе Свахили.[1]
- „За синот на сиромашниот рибар“ — полска народна приказна.[2]
- „За рибарот и неговите три сина“ — полска народна приказна.[3]
- „На рибарите“ (српски: Аласима) — српска народна песна.[4]
- „Рибару, рибару!“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[5]
- „Рибари“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[6]
- „Итар Пејо и селаните риболовци“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.[7]
- „Сказна за рибарот и рипката“ — бајка во стихови на рускиот писател Александар Сергеевич Пушкин од 1833 година.[8]
- „Рибарска незгода“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[9]
- „Неодоливиот рибар“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[10]
- „Рибар“ (англиски: Fisherman) — песна на јамајската реге-група Конгос (The Congos) од 1977 година.[11]
- „Рибари со харпун“ (хрватски: Ribiči s harpunom) — слика на хрватскиот уметник Мијо Ковачиќ од 1965 година.[12]
- „Рибар“ (хрватски: Ribič) — слика на хрватскиот уметник Мирко Вириус од 1939 година.[12]
- „Риболовот на китови на Гренланд“ (англиски: Greenland Whale Fisheries) - песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.[13]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.