Remove ads

Риби (лат. Pisces) — водни ‘рбетни животни со перки и внатрешни жабри. Постојат три живи класи на риби: примитивните безвилични риби, или Agnatha; ‘рскавичните (ајкуловидни) риби, или Chondrichthyes; и коскените риби или Osteichthyes. Овие групи, иако имаат различни анатомски одлики, поседуваат низа заеднички особини поврзани со нивното заедничко еволутивно потекло или со нивниот подводен начин на живот. Рибите биле најраните ’рбетници и веројатно еволуирале од група на водни нижи хордати; копнените ’рбетници еволуирале од рибите.

Кратки факти Риби Фосилен опсег: Ордовик - денес, Научна класификација ...
Риби
Фосилен опсег: Ордовик - денес
Разни морски риби
Разни морски риби
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
(нерангирано) Черепни
Вклучени групи
Безвилични риби
Оклопни риби
‘Рскавични риби
Зракоперки
Резноперки
Исклучени група
Четириношци
Затвори

Постојат околу 20 000 видови на риби. Тие се разликуваат во големина, и тоа од 7,9 mm долгиот педоциприс (Paedocypris) кој живее во тропските мочуришта на Суматра, па сѐ до 14 m долгата китовска ајкула. Повеќето се светло обоени и многу имаат форми приспособени за камуфлажа. Можат да се најдат во сите морски, слатководни и соленкасти води низ светот, на било која длабочина. Членовите на различните видови на риби толерираат температури на водата од замрзнување до преку 38 °C. Повеќето се или соленоводни или слатководни жители, но некои се физиолошки адаптирани за движење од една во друга водна средина. Поголем број од рибите родени во слатките води го минуваат животот како возрасни единки во океанот, враќајќи се во слатките води за да се мрестат; обратната миграција се случува кај некои риби од океанот. Многу риби остануваат во тесно организирани групи, а други се сами и се здружуваат само за време на мрестење и хранење. Рибите може да се месојади, тревојади или сештојади. Некои риби се чистачи на езерските или океанските дна. Рибите се главен извор за човечка храна, рибино масло, храна за домашните животни итн.

Постојат членови на копнените вертебратни класи, како китовите и морските змии, кои се имаат адаптирано на водниот начин на живот, но не се риби. Тие дишат воздух, а не растворен кислород и нивните анатомски одлики ја разоткриваат врската со копнените животни.

Remove ads

Морфолошки и анатомски особености

Thumb
Морфологија на Lampanyctodes hectoris
(1) - оперкулум (жабрена покривка), (2) - странична линија, (3) - грбна перка, (4) - дебела перка, (5) - опашна педункула, (6) - опашна перка, (7) - анална перка, (8) - фотофори, (9) - карлични перки (парни), (10) - пекторални перки (парни)

Типичната риба е со форма на торпедо, со глава која содржи мозок и сетилни органи, труп со мускулен ѕид кој е опкружен со празнина во која се наоѓаат внатрешните органи, и мускулна постанална опашка.

Многу риби се движат низ водата со брановидни движења на нивните тела и ја контролираат насоката на движењето со помош на перките. Сите имаат кожа прекриена со лигава жлездеста секреција која го намалува триењето со водата, како и крлушки, кои заедно со мукозната секреција формираат речиси непропустлива за вода обвивка. Сите риби имаат страничен систем на сетилни органи за детекција на промени на притисокот во водата. Поседуваат и жабри за дишење сместени во канали кои водат од голтникот до надворешноста; неколку риби исто така имаат бели дробови како додатни структури за респирација. Освен во примитивните класи, во сите други жабрените канали се поддржани со скелетни структури наречени жабрени лакови. Рибите кои се хранат со планктон имаат мрежовидни структури на жабрите кои ги собираат малите организми. Рибите дишат со земање на вода во устата, која потоа се продолжува низ жабрите надвор; како што водата минува низ тенкоѕидните жабри, растворениот кислород дифундира низ жабрените капилари, а јаглерод диоксидот дифундира во надворешната средина. Циркулаторниот систем е од затворен тип, така што постои двокоморно срце. Крвта е црвена. Со неколку исклучоци, рибите се ладнокрвни (поикилотермни организми), односно тие не можат да ја регулираат нивната телесна температура, која е иста како таа на околината.

Телото на рибите е покриено со многуслојна кожа. Во кожата има жлездести клетки кои лачат лигава материја што им овозможува полесно движење во водата. Површината на рибите е покриена со варовикови стргунки различни по форма и големина, кои имаат заштитна улога.

Remove ads

Размножување

Постојат различни начини. Ајкулите се размножуваат со внатрешно оплодување и повеќето раѓаат живо младенче. Оние видови кои полагаат јајца произведуваат големи јајца со цврсти оклопи. Бидејќи ембриогенезата кај овие видови е добро заштитена, тие даваат релативно мал број на млади, обично само седум до осум. Неколку од коскените риби, вклучувајќи и некои аквариумски видови, несат мали, незаштитени јајца кои се оплодуваат по нивното изнесување во водата. Кај повеќето морски претставници јајцата лебдат слободно во водата и најчесто се јадат од други животни. Токму поради тоа, потребна е доста голема количина на снесени јајца. Некои женки произведуваат до 5 милиони јајца. Одредени слатководни видови градат гнезда за заштита на јајцата, а има и случаи кога и возрасните единки ги чуваат истите.

Remove ads

Типови на риби

Змиулки Petromyzon marinus, безвилична риба. Thumb
Китовска ајкула Rhincodon typus, ‘рскавична риба. Thumb
Златна рипка или Carassius auratus auratus, пример за коскена риба. Thumb
Претставници од трите главни групи на риби.

Безвилични риби

Примитивните риби од класата Agnatha немаат вилици и парни карлични и пекторални перки кои се присутни кај поразвиените риби. Оваа, во голема мерка истребена класа, вклучува две живи групи, крвоцицачките змиулки и чистачките миксини. Рибите од истребената класа Placodermi биле првите вертебрати кои развиле вилици и парни перки. Овие риби имале коскести скелети и биле прекриени со коскест штит. Една гранка од оваа група веројатно била претходник за две главни сегашни класи на риби, ‘рскавичните и коскените риби.

‘Рскавични риби

‘Рскавичните риби (ајкули, раи, химери) се разликуваат од коскените по нивните ‘рскавични скелети, потоа со отсуството на пливачки меур или бели дробови, по конструкцијата на нивните опашни перки, како и по отсуството на жабрена покривка или оперкулум. Кожата кај припадниците на оваа група е покриена со вкоренети забовидни структури наречени дентикули, давајќи и груб, шмирглест квалитет. Речиси сите ајкули се морски жители.

Коскени риби

Коскените риби се разликуваат од другите живи риби по нивните коскени скелети и по присуството на пливачки меур или, кај неколку риби, бели дробови. Коскените риби се поделени на две поткласи, месестопернати риби и зракопернати риби. Втората група вклучува преку 95% од сите живи риби.

Најраните коскени риби биле со месести перки. Од нив, за време на период во кој владеела голема суша, еволуирале од една страна водоземците (првите копнени вертебрати) и зракопернатите риби од друга. Единствените живи месестопернати риби се дводишалките и еден вид на целокант. Овие риби задржале некои особини од раните коскени риби: месести перки со поддржувачки коски, внатрешни ноздри и бели дробови.

Зракопернатите риби, сега предоминантни и во морските и во слатководните басени, претставуваат напредна адаптација на коскени риби за водни услови; тие се најуспешни и најраспространети од сите риби. Кај приближно сите овие риби, белиот дроб еволуирал во хидростатски орган, пливачкиот меур. Перките на оваа група се состојат од мрежа на кожа поддржана од исправени краци. Секој крак е придвижен од сет на мускули, давајќи и на перката голема флексибилност. Многу зракоперки имаат преклопени крлушки направени од тенки слоеви на коска. Нивниот скелет е мек, но силен и повеќето претставници имаат одличен вид.

Remove ads

Начин на исхрана и систем за варење храна

Прв орган од системот за варење кај рибите, со кој ја зема храната, е уснатапразнина. Устата кај рибите се состои од горна неподвижна вилица на која често се наоѓаат мустачиња (пипала), што им служат како сетило за допир и им помагаат во барањето на храната; долна подвижна вилица, на која кај некои риби имаат заби и служат за прифаќање на пленот, но не и за ситнење на храната. Потоа следува грло (голтка) во кое со помош на жабрените заби се ситни храната. Од грлото храната се внесува преку хранопроводот во желудникот каде се ситни и вари. Желудникот продолжува во средно - тенко црево каде се доварува храната со помош на цревните сокови и соковите од црниот дроб (жолчни сокови). Тенкото црево продолжува во задно црево кое завршува со анален отвор. Рибите најчесто се сештојади, но има и риби кои се хранат со месо, а тоа се рскавичните риби.

Remove ads

Рибите како тема во уметноста и популарната култура

  • „Рибата и девојката“ (српски: Риба и дјевојка) — српска народна песна.[1]
  • „Кум риба“ — српска народна приказна.[2]
  • „Како риба на јадица уловена“ — песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[3]
  • „Рибата-телескоп ги крши камењата...“ — песна на францускиот писател Андре Бретон.[4]
  • „Растворлива риба“ — поетска збирка на Андре Бретон од 1924 година.[5]
  • „И риба и девојка“ — кус расказ на македонската писателка Билјана Ѓонеска.[6]
  • „Градот на принцезата Пастрмка“ — песна на македонскиот поет Србо Ивановски.[7]
  • „Риба и пчела“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[8]
  • „Големи риби, мали риби“ (италијански: Pesci grossi, pesci piccoli) — расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[9]
  • „Рипчето моли“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[10]
  • „Риба“ — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[11]
  • „Риба во аквариум“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[12]
  • „Риба на суво“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[13]
  • Шапка од рибина кожа“ (српски: Шешир од рибље коже: љубавна прича) — кус роман на српскиот писател Милорад Павиќ од 1996 година.[14]
  • „Овие ангели, риби и птици“ — поетски циклус на рускиот поет Андреј Пољаков.[15]
  • „Рибја чорба“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.[16]
  • „Рибата и полжавот“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.[17]
  • „Необичната риба“ — расказ на Глигор Поповски.[18]
  • „Рипчиња од злато“ — расказ од македонската писателка Жанета Станоевска, од 2011 година.[19]
  • Риба и мачка“ — ирански филм од 2013 година, во режија на Шарам Мокри.[20]
  • „Пржена риба“ (англиски: Fish Fry) — песна на американската рок-група Биг Блек (Big Black) од 1987 година.[21]
  • „Риба“ (англиски: Fish) — песна на англиската панк-рок група The Damned од 1977 година.[22]
  • „Баракуда“ (англиски: Barracuda) — песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1974 година.[23]
Remove ads

Наводи

Remove ads

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads