From Wikipedia, the free encyclopedia
Сештојад, сејад[1] или омнивор (од латински: omne — „сè“ и vorare — „јаде“) – животно што јаде и месо и растителна храна.[2]
Кај сештојадните цицачи забите се приспособени како за кинење на месо, така и за џвакање и мелење на растителни делови. Мечките се познати по тоа што го сакаат пчелниот мед, но се хранат и со мали животни, како што се рибите и ларвите на инсекти. Својата исхрана ја дополнуваат со растителна храна.[3] Занимливо е дека верверицата, која инаку се храни со ореви, желади, лешници и семе од четинарски дрва, исто така ги напаѓа и птиците и нивните јајца.[4] Човекот исто така е сештојад.[5]
Меѓу птиците, враната и гавранот се сештојади. Посебно е познат гавранот по тоа што јаде многу разновидна храна, всушност сè што е хранливо, а може да биде и мршојадец.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.