Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оливера Ќорвезироска (родена во Куманово, на 29 ноември 1965 ) — македонска писателка, поетеса, есеистка и критичарка.
Оливера Ќорвезироска (родена Марковиќ) е родена во Куманово на 29 ноември 1965 година. Основно и средно училиште завршила во Куманово, а Филолошки факултет во Скопје, каде живее и работи. По дипломирањето, таа се вработила во НИП „Нова Македонија“ како лектор. Во 1985 година станала членка на Друштвото на писатели на Македонија.[1][2][3]
Делата на Ќорвезироска се преведени на: албански, српски, англиски, француски, турски, чешки, словенечки, полски, руски, унгарски и бугарски јазик. Исто така, таа е застапена во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени во Македонија и во странство.[3]
Ќорвезироска е авторка на следниве дела:[3] [4]
Таа е застапена во околу 20 антологии на современиот македонски расказ, објавени во Македонија и во странство. На пример, три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[5]
Ќорвезироска е добитничка на неколку награди за нејзините раскази, а во 2003 година, за книгата „(С)плетени раскази“, ја добила наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија - „Стале Попов“.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.