БинкБенк Тур (холандски: BinckBank Tour; до 2016 година позната како Енеко Тур) — годишна друмска велосипедска етапна трка, која се одржува во Белгија и Холандија. Нејзиното име го претставува главниот спонзор на настанот, енергетската компанија Eneco Energie. Трката била дел од календарите на UCI ProTour и Светскиот ранкинг на UCI, а моментално е дел од Светската турнеја.

Кратки факти Датум, Регион ...
БинкБенк Тур
Thumb
Лого на трката
Датумавгуст
РегионБенелукс
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕтапна трка
Директор на тркатаРоб Дискарт
Прво одржување2005 (2005)
Одржувања18 (до 2023)
Прв победник Боби Џулик (САД)
Најмногу победи Тим Веленс (БЕЛ) (3 секој)
Неодамнешен победник Тим Веленс (БЕЛ)
Затвори

Трката била основана во 2005 година под името Енеко Тур, именувана по првичниот спонзор. Со промената на спонзорот во 2017 година, името на трката било променето во БинкБенк Тур.

Историја

Thumb
Возачите на изданието во 2006 година

Трката околу Холандија започнала на 6 мај 1948 година, но станала редовна годишна трка во 1975 година. Од 2000 година започнала да се вози под името БинкБенк Тур. Почетокот на новиот систем на натпреварување ProTour во 2005 довел до големи промени во самата трка.

Организација

БинкБенк Тур бил продолжение на несигурната Трка околу Холандија, кој претседателот на UCI Хајн Вербруген ја сметал за неопходна од маркетиншки причини.[1] Холандската трка добила подобар спонзор (ENECO Energie). Но, бидејќи трката не била доволно тешка, не можела да биде прифатена во новиот систем на натпреварување ProTour. Тогаш, организацијата на трката побарала помош од организаторите на Трката околу Белгија и Трката околу Луксембург. Тие планирале Трката околу Бенелукс да ги замени останатите три трки. Ова довело Трката околу Белгија да биде коорганизатор. Сепак, Трките околу Белгија и Луксембург, продолжиле да се одржуваат и понатаму. Коорганизацијата или спојувањето на Трката околу Луксембург не се случило, па поради тоа БинкБенк Тур повеќе не поминува низ територијата на Луксембург. Во иднина името треба да биде Трка околу Бенелукс.

Маички

Боите на маичките за водечките во пласманите се менувале низ годините.

Повеќе информации Година, Генерален ...
ГодинаГенераленБодовенПланинскиМладинскиБорбен
2005[2]Црвена маичкаСина маичкаБела маичкаЖолта маичканемало пласман
2006Црвена маичкаБела маичканемало пласманЖолта маичканемало пласман
2007Црвена маичкаБела маичканемало маичканемало пласманнемало пласман
2008Бела маичкаЦрвена маичканемало маичканемало пласманнемало пласман
2009Бела маичкаЦрвена маичканемало пласманнемало пласманнемало пласман
2010 & 2011Бела маичкаЦрвена маичканемало пласманЗелена маичканемало пласман
2012-2014Бела маичкаЦрвена маичканемало пласманнемалоЦрна маичка
2015-2016Бела маичкаЦрвена маичканемало пласманнемало пласманЗелена маичка
2017A green jerseyA blue jerseyнемало пласманнемало пласманA black jersey
2018A green jerseyA red jerseyнемало пласманнемало пласманA black jersey
2019A green jerseyA red jerseyнемало пласманнемало пласманA white jersey
Затвори

Победници

Генерален пласман

Победници од 2005 биле следниве:[3][4]

Бодовен пласман

Победници на бодовниот пламсман биле следниве:[4]

Планински пласмани

Само на три изданија на трката постоел планински пласман во 2005, 2007 и 2008. Победници биле:[4]

  • 2005 :  Кристијан Ванде Велде (САД)
  • 2007 :  Мартин Педерсен (ДАН)
  • 2008 :  Флорис Гусинен (ХОЛ)

Пласман за млад возач

Пласманот за млад возач е отворен за велосипедисти под 25 години. Победници на овој пласман биле:[4]

Борбен пласман

Победници на борбениот пласман биле:

Екипен пласман

Најмногу етапни победи

Повеќе информации Велосипедист, Бр. на етапи ...
Затвори

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.