ирски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Сем Бенет (англиски: Sam Bennett; р. 16 октомври 1990 ) — ирски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Судал Квик-Степ.[2]
Бенет на Трка околу Келн 2018 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Сем Бенет | ||
Роден | 16 октомври 1990 Вервик, Белгија | ||
Висина | 1,78 м[1] | ||
Маса | 69 кг[1] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Судал Квик-Степ | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | спринтер | ||
Аматерски клубови | |||
2007–2010 2010 | Вело-Клуб Ла Пом Марсеј Франсес де же (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2011–2013 2014–2019 2020- | Ан Пост-Шон Кели Тим НетАп-Ендура Декојнинк-Квик Степ | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 23 јануари 2020 |
Станал професионален возач во 2011 година и има освоено пет етапи на големите трки: три етапи за Бора-Хансгрое на Џиро д’Италија 2018 и две етапи за Бора-Хансгрое на Вуелта а Еспања 2019.
Бенет е роден во Вервик, Белгија, каде неговиот татко Мајкл играл фудбал за локалниот клуб Ендрехт Вервик. Се преселил со своите родители во родната Ирска на четири години, каде раните години ги поминал во Карик на Шур, родниот град на велосипедистот Шон Кели.[3][4][5]
Бенет бил примен во Вело Клуб ла Пом на 17 години и се приклучил на нив откако ја завршил третата година образование на Институтот за технологија Вотерфорд. Во 2009 година, Бенет возел по првпат на Рас Таилтеан. Во сезоната 2010, Бенет го освоил националното друмско првенство под 23 години на 19 години.
Во 2011 година, Бенет го напуштил клуб и се приклучил на екипата Ан Пост-Шон Кели, под водство на менаџерот Курт Богертс. Повторно го освоил националното друмско првенство под 23 години и еднодневната трка ГП Стад Гел.
Следната година завршил десетти на Светското друмско првенство под 23 години и седми на Европското друмско првенство под 23 години.
Во 2013 година, Ан Пост-Чејн Реакшн станала професионална континентална екипа. Бил избран да ја претставува Ирска на Светското друмско првенство, заедно со Даниел Мартин, Николас Роуш и Метју Брамајер. Пред Светското првенство, настапувал на Трката околу Британија со екипата Ан Пост-Чејн Реакшн. Завршил втор зад Гералд Чолек од МТН Кубека на втората етапа, напаѓајќи на искачување од 15% на околу 400 метри пред целта, пред да биде претекнат од Чолек на последната рамнина. Подоцна, Бенет ја освоил петтата етапа, освојувајќи ја спринтерската завршница. Ја завршил трката со второ место на осмата етапа, губејќи од Марк Кевендиш.
Се приклучил на Тим НетАп-Ендура во 2014 година, Бенет ја остварил својата прва професионална победа на Класика де Алмерија и победил двапати во Германија: Трката околу Келн и петтата етапа на Трката околу Баварија.
Сезоната 2015 започнала за Бенет на Трката околу Катар, каде ја освоил завршната етапа. Бенет ја освоил првата и третата етапа на Трката околу Баварија, со што го освоил бодовниот пласман. Бенет бил вклучен во масовен пад на крајот на изданието 2015 на Схелдепрејс.[6] Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[7] Завршил 16 етапи на трката пред да се откаже. Се вратил на трките на Арктичката трка на Норвешка и ја освоил втората етапа во Сетермун; завршил втор во бодовниот пласман зад Александер Кристоф. Бенет ја остварил својата последна победа во сезоната на Париз-Бурж во спринтерска завршница.
Во март 2016 година, Бенет ја освоил првата етапа на Критериум Интернасионал во Корзика. Резултатот на Тур де Франс 2016 бил спречен од пад при кој се здобил со скршени прсти на неговата десна рака, но сепак продолжил и ја завршил трката последен, на 174. место во генералниот пласман со 5 часа, 17 минути и 14 секунди зад победникот. На последната трка завршил меѓу најдобрите 10 во Париз. After recovering from his Tour injuries, Bennett went on to take a stage win at the Giro di Toscana, and won the points classification. The following month, he won his second consecutive Paris–Bourges.
На 7 март, Бенет ја освоил третата етапа на Париз-Ница 2017, пред Александер Кристоф, Џон Дегенколб, Марсел Кител, Мајкл Метјус, Арно Демар и Андре Грајпел во спринтерска завршница.[8][9][10] Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[11] Бенет освоил две етапи на Трката околу Словенија и бодовниот пласман. На Трката околу Чешка, повторно освоил две етапи и бодовниот пласман. Во септември ја освоил Минстерланд Џиро во фото-завршница. Во октомври, Бенет освоил четири од шест етапи на Трката околу Турција 2017.[12]
Сезоната 2018 ја започнал со настап на Тур Даун Андер 2018[13] и покрај својата болест.[14] Бенет завршил последен на првата етапа.[15] Бенет исто така започнал на Париз-Ница, но морал да ја напушти на третата етапа поради болест.[16]
На Волта а Каталуња, Бенет завршил втор на втората етапа. На 11 мај ја освоил својата прва етапа на некоја голема трка во спринт на седмата етапа на Џиро д’Италија.[17] На 17 мај ја освоил својата втора етапа на Џиро д’Италија станувајќи прв Ирец кој успеал во тоа во последните 30 години. Ја фатил главната група неподготвена и се одвоил на 400 метри пред целта на дванаесеттата етапа на патеката Имола.[18] Исто така, ја освоил и завршната етапа во Рим.[19]
Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019, прв настап на оваа голема трка.[20] На 26 август ја освоил третата етапа на Вуелта, негова прва победа на трката.[21] Исто така, ја освоил етапата 14, а завршил на второто место на четири други етапи; завршил трет на бодовниот пласман, зад другите фаворити Примож Роглич и Тадеј Погачар.
Во декември 2019 година, Бенет потпишал двегодишен договор со белгиската екипа Декојнинк-Квик Степ.[22]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.