107. издание на Тур де Франс From Wikipedia, the free encyclopedia
Тур де Франс 2020 (познато и како: Трка околу Франција 2020) — 107. издание на велосипедската голема трка Тур де Франс, која првично требала да започне на 27 јуни 2020 година, но била одложена до 29 август 2020 година поради пандемијата на КОВИД-19 во Франција. Трката започнала во Ница на 29 август и завршила традиционално на Шанзелизе на 20 септември.[4] Вкупно 176 возачи од 22 екипи учествувале на трката. Првото место во крајниот генерален пласман првпат било освоено од Словенец, Тадеј Погачар од екипата ОАЕ Тим Емирати. Неговиот сонародник Примож Роглич (Џамбо-Висма) завршил втор, додека Австралиецот Ричи Порт (Трек-Сегафредо) завршил трет.
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 107. Тур де Франс | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2020 2.UWT | ||
Етапи | 21 | ||
Датуми | 29 август – 20 септември | ||
Растојание | 3.484,2 км | ||
Држава | Франција | ||
Поаѓалиште | Ница | ||
Одредиште | Париз | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 176 | ||
Возачи на крај | 146 | ||
Просечна брзина | 40,22 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Тадеј Погачар[1] (ОАЕ Емирати) | ||
Второпласиран | Примож Роглич[2] (Џамбо-Висма) | ||
Третопласиран | Ричи Порт (Трек-Сегафредо) | ||
Бодовен | Сем Бенет (Судал Квик-Степ) | ||
Планински | Тадеј Погачар[1] (ОАЕ Емирати) | ||
Младински | Тадеј Погачар[1] (ОАЕ Емирати) | ||
Борбеност | Марк Хирши[3] (Тим ДСМ) | ||
Екипен | Мовистар | ||
◀2019 | 2021 ▶ | ||
Документација |
Александер Кристоф го освоил масовниот спринт на првата етапа со што ја освоил првата жолта маичка на трката. Жилијан Алафилип, кој ја предводел минатогодишната трка, го презел водството на трката по втората етапа. Алафилип добил 20 секунди казна откако добил храна преблизу до целта на петтата етапа и го изгубил водството од Адам Јејтс. Јејтс го одржал водството четири етапи пред да загуби значително време на планинската деветта етапа, предавајќи го водството на Роглич. Роглич ја носел жолтата маичка единаесет етапи, но бил претекнат од Погачар во текот на претпоследната етапа 20, хронометар. На традиционалната етапа на Шанзелизе, Погачар го одржал неговото водство на последната етапа.
Бодовниот пласман бил освоен од возачот на екипата Декојнинк-Квик Степ, Сем Бенет, со што тоа било првпат Петер Саган да не го освои бодовниот пласман, иако ја завршил трката. Планинскиот пласман и пласманот за млад возач исто така биле освоени од Погачар, правејќи го првиот возач кој ги освоил жолтата, точкестата и белата маичка во истата година. Погачар е првиот возач кој освоил три различни маички од Едир Меркс во 1972 година, прв возач од Лорен Фињон во 1983 година кој го освоил Тур на неговиот прв настап и прв возач од Кедел Еванс во 2011 година кој ја освоил жолтата маичка на претпоследната етапа на трката.[5]
Мовистар Тим го освоиле екипниот пласман трета година по ред. Марк Хирши од Тим Санвеб бил прогласен за најборбен возач на целата трка. Погачар освоил најмногу етапи, вкупно три.
Тур 2020 била во опасност да биде откажана како последица на пандемијата на КОВИД-19[6] поради што се одржал виртуелен Тур користејќи ја платформата Звифт.[7] На 14 април 2020 година, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) објавиле дека Тур 2020 ќе започне на 29 август 2020 година, додека Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања ќе се одржат во октомври.[8]
Изданието во 2020 година имало вкупно 22 екипи. Бидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[9] Дополнително, организаторот на трката, поканиле три професионални континентални екипи да учествуваат на настанот. Екипите биле објавени на 7 јануари 2020 година. Секоја екипа имала право на осум возачи во составот, со што 176 возачи ја започнале трката во Ница. На крајот, 146 возачи ја поминале целта на Шанзелизе во Париз.[10]
Екипи од Светската турнеја на UCI (19)
| |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.