Волта а Каталуња 2018 (позната и како Трка околу Каталонија 2018) — 98. издание на велосипедската етапна трка Волта а Каталуња, која се одржала помеѓу 19 и 25 март како деветти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
Втора година по ред и третпат во кариерата, трката била освоена од возачот на Мовистар Тим, Алехандро Валверде.[3] Валверде ги освоил втората и четвртата етапа на трката, преземајќи го водството на трката - и планинскиот пласман исто така - по победата на втората етапа. Завршил 29 секунди пред најблискиот соперник,[4] колегата Наиро Кинтана, откако сонародникот на Кинтана, Еган Бернал (Тим Скај) отпаднал од трката на завршниот ден. Подиумот бил заокружен од возачот на АГ2Р-Ла Мондијал, Пјер Латур, кој доцнел уште 18 секунди зад Валверде; повлекувањето на Бернал исто така му овозможило на Латур да го освои пласманот за млад возач.[4] Спринтерскиот пласман бил освоен од Љуис Мас (Каха Рурал-Сегурос РГА),[4] додека Мовистар Тим го освоиле екипниот пласман, откако имале и трет возач, Марк Солер, меѓу најдобрите пет.[4]
Бидејќи Волта а Каталуња е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што се заокружила групата од 25 екипи.[6] Две од професионалните континентални екипи, Бургос БХ и Еускади Баск Кантри-Муријас, го имале својот прв настап на трка од Светската турнеја.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (7) |
|
Целата рута на Волта а Каталуња била објавена на 12 март 2018 година.[8]
Третата етапа, првично предвидена да биде во должина од 199,2 километри, била скратена поради лошите временски услови.[9] Поради тоа, етапата била скратена на 153,2 километри.
Повеќе информации Етапа, Датум ...
Затвори
Етапа 1
Повеќе информации Етапен резултат, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
Етапа 2
Повеќе информации Етапен резултат, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
Етапа 3
Повеќе информации Етапен резултат, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
Етапа 4
Повеќе информации Етапен резултат, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
Етапа 5
Повеќе информации Етапен резултат, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
Етапа 6
Повеќе информации Етапен резултат, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
Етапа 7
Повеќе информации Етапен резултат, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
На Волта а Каталуња 2018 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временските бонуси на средните спринтови (3, 2 и 1 секунда) и на крајот на етапите (10, 6 и 4 секунди, соодветно за првите тројца велосипедисти), предводникот ја добил бело-зелената маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Волта а Каталуња 2018 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.
Повеќе информации Место, Бодови за специјална ...
Бодови за планинскиот пласман
Место |
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
10 |
11 |
12 |
Бодови за специјална |
30 | 25 | 20 | 16 | 12 | 10 | 8 | 6 | 4 | 3 | 2 | 1 |
Бодови за категорија 1 |
16 | 12 | 10 | 8 | 6 | 4 | 3 | 2 | 1 | 0 |
Бодови за категорија 2 |
10 | 7 | 5 | 3 | 2 | 1 | 0 |
Бодови за категорија 3 |
6 | 4 | 2 | 1 | 0 |
Затвори
Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со портокаловата маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите три места на средните спринтови во текот на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нуделе и бонус секунди за генералниот пласман. Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала бело-црвена маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови имало на повисоките категоризирани искачувања. Двојно повеќе бодови било предвидено да се доделат на врвовите Валтер 2000-Сеткасес (специјална категорија) и Ла Молина (прва категорија), меѓутоа Валтер 2000-Сеткасес било отстрането поради лошо време.[9]
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележана со бело-сина маичка. Само возачите родени по 1 јануари 1993 година смееле да се натпреваруваат во овој пласман; најдобриот млад возач во генералниот пласман бил предводник на пласманот за млад возач. Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа се додавале заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.
Повеќе информации Етапа, Победник ...
Затвори