словенечки велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Матеј Мохорич (словенечки: Matej Mohorič; р. 19 октомври 1994 во Крањ) — словенечки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Бахреин Викториус.[1] Мохорич станал професионалец во 2014 година.[2]
Мохорич на Трката околу Австрија 2018 | ||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Матеј Мохорич | |||||||||||||||||||||||
Роден | 19 октомври 1994 Крањ, Словенија | |||||||||||||||||||||||
Висина | 1,85 м | |||||||||||||||||||||||
Маса | 70 кг | |||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Тим Бахреин Викториус | |||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за искачување | |||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||
2013 | Сава | |||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||
2014 2015 2016-2017 2018- | Канондејл Канондејл-Гармин Лампре-Мерида Бахреин-Мерида | |||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
Последна промена 24 мај 2020 |
Мохорич го освоил Светското јуниорско друмско првенство 2012[3] и Светското друмско првенство 2013 под 23 години,[4][5] станувајќи првиот возач кој ги освоил титулите на јуниорското и на првенството под 23 години во последователен редослед.[3]
Потпишал за екипата Канондејл за сезоната 2014.[6][7]
Потпишал со екипата Канондејл-Гармин за сезоната 2015.[2][8][9][10] Бил именуван во почетниот состав на екипата за Вуелта а Еспања 2015,[11] но се повлекол на шестата етапа.[12] Подоцна било објавено дека ќе се приклучи на Лампре-Мерида од 2016 година со двегодишен договор.[3] Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016.[13] Мохорич стигнал до првата своја етапна победа на некоја голема трка со соло победа на седмата етапа на Вуелта а Еспања 2017. На десеттата етапа на Џиро д’Италија 2018 стигнал до својата втора етапна победа на некоја голема трка, освојувајќи го меѓусебниот спринт против Нико Денц.
Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[14]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.