швајцарски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Матијас Франк (германски: Mathias Frank; р. 9 декември 1986 во Роглисвил) — швајцарски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[1] Се смета за силен искачувач, завршувајќи осми во генералниот пласма на Тур де Франс 2015 и освоил етапа од бегство на Вуелта а Еспања 2016.
Франк на Тур де Франс 2017 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Матијас Франк | ||
Роден | 9 декември 1986 Роглисвил, Швајцарија | ||
Висина | 1,74 м | ||
Маса | 64 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | АГ2Р Ситроен Тим | ||
Дисциплина | друмски велосипедист | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
Тим Херман | |||
Професионални клубови | |||
2008 2009–2013 2014–2016 2017- | Геролштајнер Верандас Вилемс ИАМ Сајклинг Аг2р-Ла Мондијал | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 2 јануари 2019 |
Матијас Франка ја започнал својата професионална кариера со германската екипа Геролштајнер. Првата професионална победа ја имал на ГП Триберг-Шварцвалд. Меѓутоа, германската екипа се распаднала истата сезона, што значело дека Франк морал да најде друга екипа. Завршил во Верандас Вилемс. Возел пет години за БМЦ и освоил три трки, постигнувајќи и добри резултати на Тур де Свис.
По пет години со екипата Аксент Џобс-Ванти[2], Франк ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013 за да му се приклучи на новата швајцарска екипа ИАМ Сајклинг.[3] Возел за екипата три години, додека не се распаднала на крајот на 2016 година. Франк завршил втор на Тур де Свис 2014 и четврти на Тур де Романди 2014. Следната година, Франк се насочил на генералниот пласман на Тур де Франс. Бил во бегство на етапата 17 кога завршил петти, напредувајќи до осмото место во генералниот пласман. На етапата 19, Франк се нашол и едно место погоре во генералниот пласман, меѓутоа на етапата 20 до Алп д’Иез, повторно паднал на осмото место, на кое завршил и на крајот на трката. Следната година, Франк имал лоша среќа на Тур де Франс, кога паднал на етапата 14. Поради тоа се насочил на Вуелта а Еспања. Успеал да отиде во неколку бегства пред да ја освои етапата 17.
Франк потпишал двегодишен договор со француската екипа Аг2р-Ла Мондијал и го сменил својот фокус како поддршка на Ромен Барде на Тур де Франс. Франк завршил седми на Тур де Свис, како подготовка за Тур де Франс. Франк му помогнал на Барде да стигне до подиум. Следната година, Франк бил изоставен од составот на екипата за Тур, меѓутоа бидејќи Александар Жење имал слаба форма, Франк бил повикан и му помогнал на Барде да стигне до шестото место.
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.