Remove ads
белгиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Гејс ван Хуке (холандски: Gijs van Hoecke; р. 12 ноември 1991 во Гент) — белгиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[1][2]
Ван Хуке на Европското велодромско првенство 2015 | ||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Гејс ван Хуке | |||||||||||||||||
Роден | 12 ноември 1991 Гент, Белгија | |||||||||||||||||
Висина | 1,86 м | |||||||||||||||||
Маса | 75 кг | |||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||
Мом. клуб | АГ2Р Ситроен Тим | |||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||
2012–2016 2017-2018 2019-2020 2021- | Топспорт Вландерен-Меркатор Лото НЛ-Џамбо Ванти-Гобер АГ2Р Ситроен Тим | |||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
Последна промена 15 ноември 2022 |
Во 2011 година, кога имал 19 години, бил избран да учествува на Светското велодромско првенство, каде го освоил бронзениот медал во дисциплината омниум. Една година подоцна, на Светското велодромско првенство во Мелбурн, завршил деветти во истата дисциплина и станал светски првак во медисон.
На Летните олимписки игри 2012, настапил во екипната потера за белгиската репрезентација.[3] Ван Хуке бил испратен дома од овие Олимписки игри, бидејќи се опијанил по завршувањето на натпреварувањето.[4]
Гејс го освоил бронзениот медал во медисон на Европското велодромско првенство 2013. Во текот на истата година ја освоил својата прва шестдневна трка во Амстердам.
Во 2014 година, Гејс ван Хуке ја освоил друмската трка Меѓународен велосипедистички трофеј Јонг Мар Мудиг. Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018.[5]
Во август 2018 година било објавено дека ќе се приклучи на Ванти-Гобер за 2019 година, возејќи како помошник за неговиот тренинг-партнер, Грег ван Авермат.[6] Ван Хуке останал со екипата во сезоната 2020; истиот август било објавено дека Ван Хуке се приклучил на АГ2Р Ситроен Тим со двегодишен договор со почеток од сезоната 2021.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.