Remove ads
велосипедска дисциплина From Wikipedia, the free encyclopedia
Велодромски велосипедизам — велосипедски спорт кој вообичаено се одржувани на специјални патеки или велодроми, иако многу настани се одржувале на постари велодроми, каде патеките се релативно плитко направени. За овој спорт се користат специјални велосипеди, со што се истакнува нивната аеродинамичност.
Самите патеки имаат облик на јајце и обично се долги 200 м, 250 м или 333,33 м. Трките за велодромски велосипедизам биле присутни на сите Олимписки игри, освен на оние во Стокхолм 1912 година. Женските дисциплини првпат се појавиле на Олимписките игри во Сеул во 1988 година, во делот за спринт.
Овој спорт е најпопуларен во Европа, особено во Белгија, Франција, Германија и Англија, додека надвор во Европа, во Јапонија и Австралија. Од 1993 секоја година се одржуваат светски првенства.
Дисциплините во велодромскиот велосипедизам се делат на две широки категории, спринтерски трки и трки на издржливост. Возачите обично се определуваат за една од овие две категории и не настапуваат во другата.
Спринтерските трки обично се возат по 8 до 10 кругови и се насочуваат на спринтерската сила.
Главни спринтерски дисциплини
Трките на издржливост се одржуваат на многу подолги растојанија. Иако овие примарно ја ставаат на проверка издржливоста на возачите, вештината за спринт е исто така потребна во медисон, бодовната трка и скреч. Должината на овие трки се движи од 12 до 16 кругови за индивидулната и екипната потера, до 200 круга во медисон на Светските првенства или Олимписките игри.
Главни дисциплини во издржливост
„Велодромски велосипедизам“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.