Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
4-те Летни олимписки игри се одржале во Стокхолм во 1912 година. На овие Олимписки игри за првпат учествувале земји од сите 5 континенти симболизирани со петте круга на Олимпиското знаме. Игрите исто така биле и први по оние во Атина во 1896 година кои се одржани во релативно пократок временски период, од само еден месец, од крајот на јуни до 22 јули кога биле свечено затворени иако биле официјално прогласени за отворени на 5 мај. Медалите коишто се доделувале за најуспешните за последен пат биле цврсти позлатени. Новите олимписки медали биле позлатена сребрена постава.
Зимскиот спорт уметничко лизгање којшто бил дел од претходните Олимписки игри бил одбиен од организаторите, поради желбата за одржување на Нордиските игри.
На Олимписките игри учествувале 2407 спортисти (2359 мажи и 48 жени) од 28 земји кои се натпреварувале во 102 настани во 14 спортови.
|
На Летните олимписки игри - 1912 во Стокхолм учествувале натпреварувачи од следните 28 земји:
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | САД | 25 | 19 | 19 | 63 |
2 | Шведска (домаќин) | 24 | 24 | 17 | 65 |
3 | Велика Британија | 10 | 15 | 16 | 41 |
4 | Финска | 9 | 8 | 9 | 26 |
5 | Франција | 7 | 4 | 3 | 14 |
6 | Германија | 5 | 13 | 7 | 25 |
7 | Јужноафриканска Република | 4 | 2 | 0 | 6 |
8 | Норвешка | 4 | 1 | 4 | 9 |
9 | Канада | 3 | 2 | 3 | 8 |
Унгарија | 3 | 2 | 3 | 8 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.