Чешка (чеш. Čechy) или Бохемија (лат. Bohemia од герм. Böhmen) е историска област во Средна Европа, која се протега на западниот и централниот дел од денешна Чешка Република. Понекогаш „Чешка“ се користи да се означи и целата територија на Чешка, вклучувајќи ги и Моравија и Чешка Шлеска[1], особено во историски контекст како што е Кралството Чешка (Бохемија).
Областа Чешка има вкупна површина од 52.065 км2 и денес е дом на околу 6 милиони од вкупно 10,3 милиони жители во државата. На југозапад, запад и северозапад се граничи со Германија, на североисток со Полска, на исток со Моравија и на југ со Австрија.
Потекло на поимот
Во 2 век п.н.е, Римјаните биле фокусирани кон доминирање на северна Италија, каде имало различни племиња, а меѓу кои и Боите, келтско племе. Боите биле поразени од страна на Римјаните во 194 и 193 година и тоа резултирало со повлекивање на боиското население северно од Алпите.[2]
Новата територија која ја населиле Боите од страна на Римјаните била наречена Boihaemum, а најстар запис за името[2] е во книгата „Германија“ од Такитиј[3]. Така, зборот е составен од зборот за народот „Бои“ и зборот „хајм“ (xaim- - „дом“) што во превод значи „дом на Боите“. Изворно, Чешка ја опфаќала денешна Јужна Чешка и делови од Баварија и Австрија.
Чешка како мотив во уметноста
- „Во Бохемија“ — симфониска поема на рускиот композитор Милиј Балакирјев.[4]
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.