словенечки велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Симон Шпилак (словенечки: Simon Špilak; р. 23 јуни 1986 во Тишина) — поранешен словенечки професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2019 година.[1]
Шпилак на Тур де Романди 2013 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Симон Шпилак | ||
Прекар | Спиле | ||
Роден | 23 јуни 1986 Тишина, Словенија | ||
Висина | 1,76 м | ||
Маса | 68 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Професионални клубови | |||
2005–2007 2008–2011 2012–2019 | КРКА-Адрија Мобил Лампре Катјуша | ||
Значајни победи | |||
|
Шпилак е најмногу познат по победата на Тур де Романди 2010 откако му биле одземени постигнатите резултати на првичниот победник Алехандро Валверде. Шпилак завршил на второто место на трката во 2013 и 2014, на двапати зад победникот на Тур де Франс 2013, Крис Фрум. Во 2013 година победил на ГП Мигел Индураин и на Трката околу Франкфурт, единствените победи во годината.
Во 2015 година го освоил генералниот пласман на Тур де Свис со само пет секунди предност пред Герајнт Томас. Победата била одлучена на завршниот хронометар.[2]
Шпилак се смета за реткост во друмскиот велосипедизам, бидејќи како возач за генерален пласман повеќе цели кон еднодневните трки отколку кон големите трки од три недели.[3] Во интервју изјавил дека не ја сака жештината, поради што се подготвува за пролетните трки наместо големите трки кои се одржуваат лете.[4]
Во октомври 2019 година, Шпилак го објавил своето повлекување откако неговата екипа Катјуша-Алпесин се распаднала.[1]
Распоред на резултатите на големите трки | ||||||||||||||||
Голема трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 48 | — | — | 117 | — | — | — | — | — | — | — | — | ||||
Тур | — | 109 | 109 | — | — | — | СО | — | — | — | — | — | ||||
Вуелта | не настапил во текот на кариерата | |||||||||||||||
Распоред на резултатите на етапните трки | ||||||||||||||||
Етапна трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | ||||
Париз-Ница | 12 | СО | — | 13 | 4 | 6 | 8 | 3 | 31 | — | — | 59 | ||||
Тирено-Адријатико | — | — | 18 | — | — | — | — | — | — | 11 | 27 | — | ||||
Волта а Каталуња | — | — | — | — | — | 34 | — | — | — | — | — | СО | ||||
Трка околу Баскија | — | — | — | — | 10 | 4 | 4 | 12 | 8 | 10 | 48 | — | ||||
Тур де Романди | — | — | 1 | 21 | 8 | 2 | 2 | 2 | 7 | 30 | 30 | 9 | ||||
Критериум ди Дофине | — | 77 | — | — | — | — | 85 | — | — | — | — | — | ||||
Тур де Свис | — | — | СО | — | СО | 9 | — | 1 | 9 | 1 | 6 | 6 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.