шпански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Самуел „Сами“ Санчес Гонсалес[1] (шпански: Samuel "Sammy" Sánchez González; р. 5 февруари 1978 во Овиедо, Астурија) — шпански професионален друмски велосипедист, привремено суспендиран поради позитивен допинг-тест.
Санчес (2022) | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Самуел Санчес Гонсалес | ||||||||||||||
Прекар | Саму, Сами | ||||||||||||||
Роден | 5 февруари 1978 Овиедо, Шпанија | ||||||||||||||
Висина | 1,81 м | ||||||||||||||
Маса | 68 кг | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | Привремено суспендиран | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2000–2013 2014–2017 | Еускалтел-Еускади Ванти-Груп Гобер | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Последна промена 8 јануари 2018 |
Тој бил освојувач на златен медал на машката друмска трка на олимпијадата во Пекинг. Во минатите години, Санчес се докажал себеси во ридските класици и етапните трки, како еден од најважните возачи во главната група. Исто така, тој е еден од најдобрите спустачи во групата. Завршил помеѓу најдобрите шест на Тур де Франс трипати и во најдобрите десет на Вуелта а Еспања шест пати. Други познати резултати се победата на Вуелта а Бургос во 2010 година, Трката околу Баскија во 2012 година и пет етапи на Вуелта а Еспања.
Ја започнал неговата професионална кариера во 2000 година во шпанската екипа Еускалтел-Еускади и сè уште вози за таа екипа.[2]
Во 2003, Санчес завршил шести на Лиеж-Бастон-Лиеж и трет во генералниот пласман на Трката околу Баскија. Следната година, бил четврти на Лиеж-Бастон-Лиеж и 15. во генералниот пласман на неговиот прв Вуелта а Еспања. Ја постигнал неговата прва голема победа во 2005, кога победил на 13. етапа на Вуелта а Еспања, завршувајќи 11. во генералниот пласман. Откако победникот Роберто Херас бил позитивен на резултатите за допинг, Санчес бил преместен на десеттото место.
Во 2006, Санчес додал две етапни победи на Вуелта ал Паис Васко и второ место на стрмното завршно искачување на белгискиот пролетен класик Флеш Валон. Санчес освоил две етапи на Трката околу Баскија. Завршил 4. во генералниот пласман во Париз-Ница, освојувајќи го и бодовниот пласман. На Вуелта а Еспања ја освоил 13. етапа (како и претходната година) со смел напад во делот со спуст и завршил седми во генералниот пласман. На светските првенства во австрискиот град Салцбург, Санчес одиграл голем дел од создавањето на одлучувачката предност во последниот километар за неговиот водач Алехандро Валверде. Самиот Санчес завршил четврти зад Паоло Бетини, Ерик Забел и Валверде. Една недела подоцна го освоил Цири-Мецгете, неговиот прв класик. Со 12 преостанати километри, тој нападнал сам во Цирих со пола минути пред Стјуарт О’Грејди и Давиде Ребелин.[3] Две недели подоцна завршил втор на Џиро ди Ломбардија и го обезбедил неговото второ место во крајниот пласман во UCI ProTour.
Следната сезона Санчес започнал со деветто место на Париз-Ница и го освоил последниот хронометар на Вуелта ал Паис Васко, завршувајќи трет во генералниот пласман. По сезоната на класици без победа, Санчес ја освоил последната етапа на Волта а Каталуња. На Вуелта а Еспања ја освоил 15. етапа пред Мануел Белтран, откако нападнал во Алто де Монахил, покажувајќи ги неговите вештини за брз спуст, со што го достигнал Белтран во Гранада. Белтран побарал од Санчес да го пушти да победи, но возачот на Еускалтел одбил да му пружи такво задоволство, бидејќи сакал оваа победа да ја посвети на неговиот син, кој се очекувал да биде роден во март 2008. Санчес имал предност од неколку метри и ја достигнал линијата на целта со гест како држи бебе во рацете.[4] Исто така, ја освоил и последната планинска етапа до Алто де Абантос и последниот хронометар, дозволувајќи му да биде на третото место во генералниот пласман.[5] Ова значи дека станал прв возач на Еускалтел-Еускади, кој доспеал на подиу во трка од Гранд Тур.
Санчес возел на Тур де Франс за првпат и завршил шести во генералниот пласман.
На 9 август 2008, Санчес ја освоил олимписката друмска трка со 90% влажност на воздухот и смог, трка во која двапати се возел секој круг низ камени порти на Кинескиот Ѕид. На околу четвртина од патот на трката, се одвоила група од 26 возачи од главната група, кои имале шанси да победат, но Санчес не бил еден од нив.
Санчес и неговиот шпански сонародник, заедно со силна помош од Италијанците и Русите, ја повеле главната група напред и ги достигнале побегнатите членови; и на преостанати 20 километри, Санчес и група од двајца побегнати возачи отишле напред, единствено биле достигнати од швајцарскиот возач Фабијан Канчелара, Русинот Александар Колобнев и Австралиецот Мајкл Роџерс. По спринтерската завршница од шест возачи, која водела на стрмнина до камената порта на Ѕидот за последен пат, Санчес завршил едно тркало пред Италијанецот Давиде Ребелин во борбата за златниот медал, при што Канчелара ја земал бронзата.[6][7]
Санчес го освоил ГП Лодио. Тој бил трет во генералниот пласман на Трката околу Баскија, освојувајќи го бодовниот пласман. Завршил втор зад Алехандро Валверде на Вуелта а Еспања, негов втор подиум на трката. Исто така, Санчес завршил втор на Џиро ди Ломбардија, откако бил престигнат од Филип Жилбер, кој нападнал на последното искачување. Двоецот соработувал заедно до последниот километар со цел да се оддалечат од групата во текот на спустот, но Санчес изгубил во спринтот за половина тркало.[8]
Санчес бил прв во генералниот пласман на Вуелта а Бургос, каде освоил и две етапи и бодовниот пласман. Исто така, победил и на Трката околу Баскија (притоа, повторно освојувајќи го бодовниот пласман и на оваа трка). Санчес се појавил со добра форма на Тур де Франс, каде завршил четврти во генералниот пласман[9] (откако го изгубил подиумот од Денис Мењшов на последниот хронометар[10]).
Санчес бил меѓу фаворитите на Тур де Франс 2011, но серијата на падови во првата недела се одразила на него во генералниот пласман, како трката влегла на Пиринеите. На етапата 12, првата завршница на етапа на врв на трката, Санчес ги нападнал кандидатите за генерален пласман на последното искачување, ја победил етапата и повратил некое време. Изменетиот систем на бодување за планинскиот пласман, исто така значел дека Санчес ја презема точкестата маичка.[11] Меѓутоа, Жереми Роа ја презел маичката следниот ден. На етапата 14, следната цел на врв, Санчес повторно ги нападнал кандидатите за генерален пласман и завршил втор на етапата, со што станал шести во генералниот пласман.[12] Тој се поместил на петтото место на етапата 16, бидејќи тој, Кедел Еванс и Алберто Контадор добиле време пред другите фаворитите по бегството во Гап.[13] Меѓутоа, на етапата 18, Санчес загубил време на Кол ду Галибие и паднал на осмото место во генералниот пласман.[14] Иако на следната етапа, тој и Контадор нападнале на Алп д‘Ез, сепак Санчес завршил втор зад Пјер Ролан.[15] Овој резултат го поместил него на седмото место и всушност значело дека го освоил планинскиот пласман, бидејќи повеќе немало ридско-планински етапи до крајот на трката. Санчес се придвижил напред пред Дамијано Кунего во последниот хронометар, со што завршил на шестото место на Тур де Франс и победник во планинскиот пласман.[16]
Во 2012, Санчес се насочил кон Тур де Франс и Олимписките игри. Ја започнал сезоната во добра форма, кога победил на Трката околу Баскија. Ја освоил етапата 3, која била сметана како кралска етапа на трката, достигнувајќи ги Хоаким Родригес и Крис Хорнер на последното искачување на етапата.[17] Потоа, повторно успеал на шестата и последна етапа, поединечен хронометар, кој се одржал во Оњати. Ја преземал водечката маичка од Родригес и го освоил генералниот пласман со предност од 12 секунди пред возачот на Катјуша.[18] Меѓутоа, имал лоша среќа на осмата етапа на Тур де Франс, кога доживеал тежок пад по изминати 60 километри од трката. Санчес бил приморан да ја напушти трката поради бројните повреди, скршено коска на прст и лоши модрици на грбот и рамената.[19][20]
Во 2013, Санчес целел на Џиро д’Италија. Меѓутоа, успеал да заврши само на 12. место во генералниот пласман, иако сè уште се опоравувал од повредата во текот на последните изданија на Тур де Франс. По Џиро, Санчес ја освоил шестата етапа на Критериум ду Дофине, откако го претекнал Јакоб Фуглсанг.
По распаѓањето на екипата Еускалтел, Санчес и многу поранешни возачи на екипата се соочиле со потешкотии за потпишување на нови договори за сезоната 2014. Меѓутоа, на 2 февруари било објавено дека Санчес ќе вози за екипата БМЦ Рејсинг Тим.[21] Арденските класици заедно со големите трки биле негова главна цел.[22] По возењето на Џиро д’Италија како поддршка на Кедел Еванс, Санчес ја предводел екипата Ванти-Груп Гобер на Вуелта а Еспања, каде завршил шести.[23] Не бил избран од селекторот Хавиер Мингез за Светските првенства во Понферада и бил вознемирен поради тоа.[24]
Во јануари 2015 година, БМЦ објавил дека го обновиле договорот со Санчес за сезоната 2015. Спортскиот директор на екипата, Алан Пајпер изјавил дека улогата на Санчес во екипата ќе биде слична на таа во 2014 година, со поголем фокус на поддржување и развивање на помладите возачи во екипата.[25]
Во првите месеци на 2016 година, Санчес имал подобри резултати отколку претходните години во БМЦ, поради што неговиот договор бил продолжен до крајот на 2017 година.[26] Санчес возел на Вуелта а Еспања, но паднал на завршниот хронометар.[27]
На Трката околу Баскија, Санчес бил близу етапна победа, но паднал и се повредил; оваа повреда го оневозможила да настапува во првата половина на годината. Кога бил запрашан дали размислува за пензионирање, Санчес одговорил сепак сѐ уште не знае што сака и дека ќе чека до Вуелта а Еспања.[27] Меѓутоа, неколку дена пред Вуелта, Санчес бил најден со позитивен допинг-тест спроведен надвор од трките, поради што бил привремено суспендиран и не му било овозможено да започне да вози.[28]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.