британски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Стивен Филип „Стив“ Камингс (англиски: Stephen Philip "Steve" Cummings; р. 19 март 1981 ) — поранешен англиски професионален друмски и велодромски велосипедист,[2] кој возел професионално во периодот 2005-2019 за екипите Ландбувкредит-Колнаго, Дискавери Канал, Барловорлд, Тим Скај, Ванти-Груп Гобер и Тим Дименжн Дата.
Камингс на Трката околу Британија 2016 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Стивен Филип Камингс | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Стив-о | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 19 март 1981 Клетербриџ, Англија, Обединето Кралство | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,90 м[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 75 кг[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за бегства | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
— | Беркенхед Нортх Енд СС | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2005–2006 2007 2008–2009 2010–2011 2012–2014 2015-2019 | Ландбувкредит-Колнаго Дискавери Канал Барловорлд Тим Скај Аксент.џобс-Вилемс Веранда Тим Кубека Асос | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Камингс ја освоил екипната потера на Светските велодромски првенства 2005 во Лос Анџелес и на Комонвелтските игри 2006. Исто така освоил бронза во поединечна потера. На Олимпијадата 2004 во Атина, Камингс и Велика Британија оствариле време од 3:59.
Во 1999 година возел за Беркенхед Норт Енд СС како јуниор, со 17 години, Камингс ја освоил друмската трка Меморијал Еди Сенс, трка отворена за сите категории. Тоа било првпат во период од 46 години да победи јуниор. Истата година го освоил националното друмско првенство за јуниори.
Во 2006 година возел за Ландбувкредит-Колнаго и бил втор на Трофео Лаигвелја, зад Алесандро Балан од Лампре-Фондитал. Во 2007 се префрлил во екипата Дискавери Ченл, пред да замине во Барловорлд во 2008 година.
Негова прва професионална победа била во 2008, на втората етапа на Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија.
Во февруари 2021 година, Камингс објавил дека ќе се врати во Инеос Гренадиерс, приклучувајќи се во управата на екипата како развоен спортски директор и тренер.[3]
Камингс му се приклучил на новосоздадениот британски Тим Скај за сезоната 2010.
Во 2011, возејќи за Скај, ја имал најуспешната трка за него во професионална кариера, на Волта ао Алгарве. Ја освоил третата етапа која завршувала на нагорнина пред Алберто Контадор, со што го преземал водството на трката, кое го задржал до последниот хронометар; завршил на седмото место.
Во септември, Камингс завршил втор на Трката околу Британија. Подоцна истиот месец објавил дека ќе му се приклучи на Аксент.џобс-Вилемс Веранда за сезоната 2012.[4]
Камингс бил дел од екипата на Велика Британија, која му помогнала на Марк Кевендиш да победи на друмската трка на Светското друмско првенство во Копенхаген. Потоа завршил 4. во генералниот пласман на првото издание на Трката околу Пекинг.
Во февруари 2012, Камингс ја скршил својата карлица во несреќа додека настапувал на Волта ао Алгарве. [5] Во април повторно имал лоша среќа, откако се здобил со фрактура на левиот зглоб на Трката околу Баскија.[6] Повторно се вратил од овие повреди и настапил на Тур де Франс, каде бил помошник за неговиот водач Кедел Еванс и завршил 95. во генералниот пласман.[7] На Вуелта а Еспања 2012 стигнал до првата победа на Гранд Тур. На етапата 13, се одвоил со шест други возачи во првиот час на етапата. Бегството се одржало до самиот крај, а на 4 километри пред целта нападнал и направил разлика. Го одржал неговото водство и победил со четири секунди предност пред останатите членови на бегството, Камерон Мајер од Орика-ГринЕЏ и возачот на Тим Скај Хуан Антонио Флеча.[8]
Во октомври 2014 година, Камингс објавил дека ќе се приклучи на МТН Кубека за сезоната 2015.[9]
На 18 јули 2015 година, Камингс ја освоил четиринаесеттата етапа на Тур де Франс 2015, победувајќи ги француските возачи Тибо Пино и Ромен Барде, 1,5 километри по искачувањето од втора категорија. Тоа било прва етапна победа на Тур де Франс за Камингс и неговата африканска екипа МТН Кубека.[10] На 8 јули 2016 имал уште една победа од бегство на Тур де Франс, овој пат на седмата етапа, со разлика од 65 секунди пред Дарил Импи и Даниел Наваро.[11]
Во јули 2016 година бил додаден во репрезентацијата на Велика Британија за Летните олимписки игри, заменувајќи го Питер Кенох.[12]
Камингс ја имал својата најважна победа на етапна трка во кариерата на Трката околу Британија 2016. Завршил втор на втората етапа, освојувајќи минута пред неговите сопрници. Подоцна го презел водството на шестата етапа и ја задржал позицијата во останатите два дена.[13]
На Трката околу Баскија 2017, Камингс имал сериозен пад, завршувајќи на операција. По долг период на опоравување, ги освоил националните првенства, друмското и хронометарското, станувајќи само втор возач кој ги освоил обете титули по истиот подвиг на Дејвид Милар во 2007 година.[14]
Во ноември 2019 година, Камингс го објавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам.[15]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.