Вуелта а Еспања 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вуелта а Еспања 2012 започнала на 18 август 2012 и било 67. издание на трката. Трката започнала во Памплона со екипен хронометар, а завршила традиционално на 9 септември во Мадрид. Изданието во 2012 го одбележало враќањето на Бола дел Мунде, планинската завршница на една етапа. Тоа било местото на возбудливата битка помеѓу победникот Винченцо Нибали и второпласираниот Езекил Москера на изданието од 2010.[1][2] По првпат од 1994, трката го посетила регионот Навара. Памплона била посетена од некој Гранд Тур во 1996, кога градот бил домаќин на крајот на етапа на Тур де Франс 1996. На таа етапа, трката му оддала почит на Мигел Индураин поминувајќи низ неговото родно село Вилава.
Светска турнеја на UCI 2012, трка 22 од 28 | |||
![]() | |||
Карта на рутата на Вуелта а Еспања 2012 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 18 август - 9 септември | ||
Етапи | 21 | ||
Растојание | 3360,2 км | ||
Време | 84ч 59' 49" (24,5 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Алберто Контадор (ШПА) | (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) | |
Втор | Алехандро Валверде (ШПА) | (Мовистар Тим) | |
Трет | Хоаким Родригес (ШПА) | (Катјуша) | |
Бодовен | Алехандро Валверде (ШПА) | (Мовистар Тим) | |
Планински | Сајмон Кларк (АВС) | (Орика-ГринЕЏ) | |
Комбиниран | Алехандро Валверде (ШПА) | (Мовистар Тим) | |
Екипен | Мовистар Тим | ||
Трката по вторпат била освоена од Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк, остварувајќи ја својата прва победа во генерален пласман по неговото враќање по суспензијата за допинг.[3] Контадор, кој ја освоил седумнаесеттата етапа на трката по соло нападот, го освоил генералниот пласман со 1' 16" пред второпласираниот Алехандро Валверде од екипата Мовистар Тим. Двократниот етапен победник Валверде исто така освоил и два секундарни пласмани на трката на последниот ден; освојувајќи го шестото место на етапата во Мадрид избил со бројот на бодови пред Хоаким Родригес (Катјуша) во тој пласман и неговиот резултат ги заменил местата, притоа дозволувајќи му на Валверде да го преземе и комбинираниот пласман - каде се броел најнискиот вкупен резултат во сите пласмани.[4]
Заокружувајќи го потполно шпанскиот подиум,[5] Родригес ја завршил трката трет, 21 секунда зад Валверде и 1' 37" зад Контадор, притоа водејќи на трката 13 дена помеѓу четвртата и шеснаесеттата етапа. Родригес исто така постигнал три етапни победи, веднаш зад спринтерот од Аргос-Шимано Џон Дегенколб, кои освоил пет етапи, најмногу од еден Германец на Вуелта.[6] Возачот на Орика-ГринЕЏ Сајмон Кларк станал вториот Австралиец, кој освоил планински пласман на некој Гранд Тур, додека Мовистар Тим удобно го освоиле екипниот пласман.[7]
Екипи
Сите 18 UCI ProTour екипи биле автоматски поканети на трката, каде им се придружиле четири други екипи, кои добиле специјални покани на 1 март 2012[8]:
18 ProTour екипи:
|
Екипи кои добиле специјални покани:
За повеќе информации, видете Список на екипи и велосипедисти на Вуелта а Еспања 2012.
Фаворити пред трката
Победникот на изданието на трката од 2008, Алберто Контадор, го направил своето прво појавување на Гранд Тур по неговата суспензија, откако се покажал дека бил позитивен за забранети супстанци на Тур де Франс 2010 и се сметал за еден од главните фаворити за освојување на трката. Друг фаворит бил Крис Фрум, кој завршил втор на Вуелта 2011 и Тур де Франс 2012 и ја предводел екипата Скај на трката, откако минатата година му помагал на Бредли Вигинс. Победникот на изданието од 2011, Хуан Хосе Кобо, се обидел да ја преслика победата од минатата година по разочарувачката сезона 2012 и бил колидер на екипата Мувистар, заедно со Алехандро Валверде.
Други кандидати за подиум билее Хоаким Родригес од Катјуша, кој завршил втор на Џиро д’Италиа 2012, Игор Антон од Еускалтел-Еускади, Јурген ван ден Брук од Лото-Белисол, Дамијано Кунего од Лампре и Роберт Гесинк од Рабобанк.
Возачи кои можат да дојдат до првите десет се и колегите на Фрум, Ригоберто Уран и Серхио Енао, возачот на Рабобанк Бауке Молема, возачот на РадиоШек Максим Монфор, возачот на Вакансолел Томас де Гент и Николас Роуш од Аг2р-Ла Мондијал.
Етапи
Етапа | Датум | Тек | Растојание | Вид | Победник | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | 18 август | Памплона | 16,2 км | ![]() |
екипен хронометар | Мовистар Тим | |
2 | 19 август | Памплона - Вијана | 180 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() | |
3 | 20 август | Ојон - Ејбар | 153 км | ![]() |
среднопланинска етапа | ![]() | |
4 | 21 август | Баракаљдо - Валдезкарај | 155 км | ![]() |
среднопланинска етапа | ![]() | |
5 | 22 август | Логроњо - Логроњо | 172 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() | |
6 | 23 август | Тарасона - Хака | 174 км | ![]() |
среднопланинска етапа | ![]() | |
7 | 24 август | Хака - Моторланд Арагон | 160 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() | |
8 | 25 август | Љеида - Кол де ла Галина | 175 км | ![]() |
планинска етапа | ![]() | |
9 | 26 август | Андора - Барселона | 194 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() | |
27 август | Ден за одмор | ||||||
10 | 28 август | Пуентеареас - Санхенхо | 166 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() | |
11 | 29 август | Камбадос - Понтеведра | 40 км | ![]() |
поединечен хронометар | ![]() | |
12 | 30 август | Вилагарсија - А Коруња | 184,6 км | ![]() |
среднопланинска етапа | ![]() | |
13 | 31 август | Сантјаго де Компостела - Ферол | 172,7 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() | |
14 | 1 септември | Палас до Реи - Лос Анкарес | 152 км | ![]() |
планинска етапа | ![]() | |
15 | 2 септември | Ла Робла - Лагос де Ковадонга | 186,7 км | ![]() |
планинска етапа | ![]() | |
16 | 3 септември | Хихон - Суиту Негро | 185 км | ![]() |
планинска етапа | ![]() | |
4 септември | Ден за одмор | ||||||
17 | 5 септември | Сантандер - Фуенте Де | 177 км | ![]() |
среднопланинска етапа | ![]() | |
18 | 6 септември | Агилар де Кампо - Ваљадолид | 186,4 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() | |
19 | 7 септември | Пењафиел - Ла Ластрилја | 169 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() | |
20 | 8 септември | Палацуело дел Ересма - Бола дел Мундо | 169,5 км | ![]() |
планинска етапа | ![]() | |
21 | 9 септември | Серседилја - Мадрид | 111,9 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() |
Пласмани
- Забелешки
- На етапата 3, Хавиер Арамендија, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Хавиер Чакон (на првото место) ја носел сината точкеста маичка како предводник во планинскиот пласман на етапата.
- На етапата 4, Џон Дегенколб, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Алехандро Валверде (на првото (место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман на етапата. Исто така, Хоаким Родригес, кој е втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Валверде го држи водството и во овој пласман.
- На етапата 5, Пим Лигтхарт, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел сината точкеста маичка, бидејќи Сајмон Кларк (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник во бодовниот пласман на етапата. Исто така, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
- На етапите 6, 7 и 8, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман.
- На етапата 9, 10 и 11, Крис Фрум, кој бил трет во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алехандро Валверде (на второто место) ја носел сината точкеста маичка како предводник во планинскиот пласман.
- На етапата 10, Џон Дегенколб, кој бил втор во бодовниот пласман ја носел зелената маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман.
- На етапата 12, 13 и 14, Алберто Контадор, кој бил трет во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алехандро Валверде (на второто место) ја носел сината точкеста маичка како предводник во планинскиот пласман.
- На етапата 13, Џон Дегенколб, кој бил трет во бодовниот пласман ја носел зелената маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алехандро Валверде (на второто место) ја носел сината точкеста маичка како предводник во планинскиот пласман. На етапата 14, Џон Дегенколб сè уште ја носел зелената маичка, но сега како втор во бодовниот пласман, по Хоаким Родригес.
- На етапата 15, 16 и 17, Алехандро Валверде, кое бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алберто Контадор, кој бил трет во комбинираниот пласман ја носел белата маичка.
- На етапата 18 и 19, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник во бодовниот пласман.
Поредок
Генерален пласман
Возач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | ![]() ![]() |
Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк | 84ч 59' 49" |
2 | ![]() ![]() ![]() |
Мовистар Тим | + 1' 16" |
3 | ![]() |
Катјуша | + 1' 37" |
4 | ![]() |
Тим Скај | + 10' 16" |
5 | ![]() |
Катјуша | + 11' 29" |
6 | ![]() |
Рабобанк | + 12' 23" |
7 | ![]() |
Гармин-Шарп | + 13' 28" |
8 | ![]() |
Рабобанк | + 13' 41" |
9 | ![]() |
Еускалтел-Еускади | + 14' 01" |
10 | ![]() |
Мовистар Тим | + 16' 13" |
Бодовен пласман
Возач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | ![]() ![]() ![]() |
Мовистар Тим | 199 |
2 | ![]() |
Катјуша | 193 |
3 | ![]() ![]() |
Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк | 161 |
4 | ![]() |
Аргос-Шимано | 149 |
5 | ![]() |
РадиоШек-Нисан | 107 |
6 | ![]() |
Тим Скај | 93 |
7 | ![]() |
Орика-ГринЕЏ | 84 |
8 | ![]() |
Ликвигас-Канондејл | 79 |
9 | ![]() |
Аг2р-Ла Мондијал | 74 |
10 | ![]() |
Катјуша | 72 |
Планински пласман
Возач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | ![]() ![]() |
Орика-ГринЕЏ | 63 |
2 | ![]() |
Каха Рурал-Сегурос РГА | 40 |
3 | ![]() |
Катјуша | 36 |
4 | ![]() |
Вакансолел-ДКМ | 33 |
5 | ![]() ![]() ![]() |
Мовистар Тим | 31 |
6 | ![]() ![]() |
Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк | 28 |
7 | ![]() |
Омега Парма-Квик Степ | 27 |
8 | ![]() |
Тим Скај | 21 |
9 | ![]() |
Катјуша | 20 |
10 | ![]() |
Кофидис | 18 |
Комбиниран пласман
Возач | Екипа | Вкупно | |
---|---|---|---|
1 | ![]() ![]() ![]() |
Мовистар Тим | 8 |
2 | ![]() |
Катјуша | 8 |
3 | ![]() ![]() |
Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк | 10 |
4 | ![]() |
Тим Скај | 30 |
5 | ![]() |
Катјуша | 48 |
6 | ![]() |
Аг2р-Ла Мондијал | 65 |
7 | ![]() |
Ликвигас-Канондејл | 79 |
8 | ![]() |
Вакансолел-ДКМ | 80 |
9 | ![]() |
Омега Парма-Квик Степ | 85 |
10 | ![]() |
Тим Скај | 88 |
Екипен пласман
Место | Екипа | Време |
---|---|---|
1 | Мовистар Тим | 254ч 52' 49" |
2 | Еускалтел-Еускади | + 9' 40" |
3 | Аг2р-Ла Мондијал | + 20' 19" |
4 | Рабобанк | + 23' 48" |
5 | Тим Скај | + 26' 55″ |
6 | Катјуша | + 36' 07" |
7 | Лампре-ИСД | + 53' 00″ |
8 | Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк | + 1ч 01' 11" |
9 | РадиоШек-Нисан | + 1ч 17' 34" |
10 | Каха Рурал-Сегурос РГА | + 1ч 25' 10" |
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.