белгиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Јурген ван ден Брук (холандски: Jurgen Van Den Broeck; р. 1 февруари 1983 во Херенталс) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2004-2017.[2]
Ван ден Брук на Критериум ду Дофине 2011 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Јурген ван ден Брук | ||||||||||||||
Прекар | VDBke, JVDB, VDB2 | ||||||||||||||
Роден | 1 февруари 1983 Херенталс, Белгија | ||||||||||||||
Висина | 1,83 м[1] | ||||||||||||||
Маса | 68 кг[1] | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за планини | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2004–2006 2006–2015 2016 2017 | Дискавери Канал Давитамон-Лото Катјуша Лото НЛ-Џамбо | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
|
Бил насочен кон хронометри, станувајќи светски јуниорски првак во хронометар во 2001. Формата најпрвин прикажана на помалите етапни трка, како што се Тур де Романди и Енеко Тур, подоцна била потврдена и со завршувањето во првите десет возачи на сите три Гранд Тур трки: Џиро д’Италија, Тур де Франс и Вуелта а Еспања.
Ван ден Брук го освоил светското јуниорско првенство во хронометар во 2001 и го направил неговото прво деби како професионалец во 2003 како практикант за екипата Квик Степ-Давитамон-Латексо.
Меѓутоа, наместо да остане во Белгија, тој потпишал со американската екипа Американска пошта п/б Бери Флор на Ленс Армстронг за неговата прва целосна сезона како професионалец во 2004. Неговиот единствен забележан резултат таа година било шестото место во крајниот пласман на Трката околу Белгија.
Ван ден Брук останал со екипата на Јохан Брујнел во 2005, кога Дискавери Ченел го презел спонзорството и продолжил со Американците во 2006, откако Армстронг се пензионирал. Во текот на тој период, тој завршил на подиум во етапи на Трката околу Германија и Трката околу Белгија (каде исто така го освоил и планинскиот пласман) и влегол во првите 20 возачи во генералниот пласман на Тур де Романди. Меѓутоа, во јуни, Ван ден Брук ја објавил намерата дека сака да се врати во Белгија, кога се согласил со двегодишен договор со тогашната екипа Давитамон, која подоцна била преименувана како Предиктор-Лото во 2007. Следниот месец Ван ден Брук ја забележал неговата прва победа како професионалец, освојувајќи ја Шрик-Дерни во Белгија пред Ервин Вервекен и идниот велокрос светски првак Нилс Албер.[3] (Претходни победници биле Ник Нијенс, Дејв Брулантс, Жо Планкерт и Свен Нис).[4]
Со само 24 години, Ван ден Брук успеал да заврши во првите 10 возачи во генералниот пласман на Енеко Тур 2007 со неговата нова екипа, иако тој исто така го освоил и бронзениот медал на белгиското национално хронометарско првенство.[5] По завршувањето на неговиот прв Гранд Тур на анонимното 74-то место на Џиро д‘Италиа 2007, Ван ден Брук конечно покажува дека има талент како етапен тркач, кога се враќа следната година во Италија и доаѓа до седмото место во генералниот пласман на Џиро д‘Италиа 2008.
Покажувајќи извонредна форма на Тур де Франс 2009, Ван ден Брук се искачувал со водачите низ Алпите. И иако тој имал страшна несреќа на четвртата етапа и загубил повеќе од шест минути, неговата постојаност го довела до 15-то место во генералниот пласман и на деветто место во пласманот за точкестата маичка. Бидејќи резултати дошле на крајот на договорот на Сајленс-Лото со Кедел Еванс, белгиската екипа решила дека Ван ден Брук е доволно способен и сигурен да стане нивниот водач за генерален пласман.
Така, следната сезона тој вози за важното и сè уште изненадувачко петто место на Тур де Франс 2010, станувајќи првиот Белгиец во првите пет возачи од Клод Крикелион во 1986. По Тур де Франс, Ван ден Брук освоил два критериуми: еден во Пер и другиот во неговиот роден град Херенталс.
На Тур де Франс 2011, по поттикнувачката прва недела и целта за подиум во генералниот пласман, Ван ден Брук ја напуштил трката заедно со другата надеж за генерален пласман, Александар Винокуров, по масовната и спектакуларна спуст-несреќа, која му нанела пневмоторакс, скршени ребра и фрактура на рамото.[6] Меѓутоа, Ван ден Брук не се заплашил и се повратил од неговите повреди на време за да учествува на Вуелта а Еспања 2011, каде завршил осми во генералниот пласман.
Во 2012, Ван ден Брук завршил трет на Волта а Каталуња и петти на Критериум ду Дофине, покажувајќи добра форма за претстоечкиот Тур де Франс. На етапата 7 на Тур де Франс, Ван ден Брук изгубил над две минути откако се здобил со пукање на гумата. Меѓутоа, Ван ден Брук потоа ја покажал неговата одлична форма на планините и се сместил на четвртото место во генералниот пласман на крајот на трката.
Во 2013, Ван ден Брук го напуштил Тур де Франс 2013 по падот на петтата етапа.
Во 2015 година завршил дванаесетти на Џиро д’Италија. Во јуни го освоил националното хронометарско првенство по првпат во својата кариера.[7]
Во септември Катјуша објавиле дека Ван ден Брук ќе им се приклучи за 2016 година, по девет сезони со Лото.[8]
По една сезона со Катјуша, Лото НЛ-Џамбо потпишала со Ван ден Брук двегодишен договор.[9] Во мај било објавено дека Ван ден Брук ќе се повлече на крајот од сезоната 2017.[2]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.