велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Ленс Едвард Армстронг (роден Ленс Едвард Гундерсон, на 18 септември 1971 ) — поранешен американски професионален друмски велосипедист. Армстронг го освоил Тур де Франс рекордни седум последователни пати помеѓу 1999 и 2005 пред да биде дисквалификуван од овие трки и да му биде доживотно забрането да се натпреварува во велосипедизам поради обвинувањата за допинг од американската антидопинг агенција (УСАДА) во 2012. Тој е основач на фондацијата Livestrong, првично наречена „Ленс Армстронг“, која обезбедува поддршка за пациентите со рак.
Армстронг пред Тур Даун Андер 2009 | |||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Ленс Едвард Армстронг | ||||||||||||||||||||
Прекар | Шефот („Le Boss“)[1] Биг Текс[2] | ||||||||||||||||||||
Роден | 18 септември 1971 Плано, Тексас, САД | ||||||||||||||||||||
Висина | 1,77 м[3] | ||||||||||||||||||||
Маса | 75 кг[3] | ||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | ||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||
1990–1991 1991 | Дискавери Канал Репрезентација на САД | ||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||
1992–1996 1997 1998–2004 2005 2009 2010–2011 | Моторола Кофидис Дискавери Канал Дискавери Ченел Астана Тим РадиоШек | ||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||
|
На 16 години, Армстронг започнал да се натпреварува во триатлон и бил национален првак во 1989 и 1990. Во 1992, Армстронг ја започнал својата кариера како професионален велосипедист со екипата Моторола. Имал големи успеси помеѓу 1993 и 1996, вклучувајќи ги победите на друмската трка на Светското првенство 1993, Класика де Сан Себастијан во 1995, Тур ДуПон и неколку етапни победи во Европа, вклучувајќи и етапа на Тур де Франс.
Во октомври 1996 му бил дијагностициран рак на тестисот, која се раширил низ мозокот и белите дробови. Лечењето вклучувало операција на мозокот и долга хемотерапија. Во февруари 1997 му било соопштено дека е излечен од ракот и истата година ја основал фондацијата. До јануари 1998, Армстронг отпочнал со сериозно тренирање на велосипедист и потпишал нов договор со УС Постал. Бил член на екипата УС Постал/Дискавери помеѓу 1998 и 2005. На 24 јули 2005, Армстронг се повлекол од велосипедизмот на крајот на Тур де Франс 2005, но се вратил на натпреварувањата со екипата Астана во јануари 2009 и завршил трет на Тур де Франс 2009. Помеѓу 2010 и 2011 возел за екипата која помогнал да се основа, Тим РадиоШек.
На 16 февруари 2011, Армстронг го објавил неговото повлекување од велосипедизмот, додека се соочувал со сојузна истрага за обвинувањата за допинг. Во февруари 2012 се вратил на триатлонот, натпреварувајќи се како професионалец на неколку трки. Во јуни 2012, УСАДА го обвинила Армстронг дека користел недозволени средства за подобрување на резултатите.[4] На 24 август 2012 добил доживотна забрана за натпреварување, важечка за сите спортови кои го прифатиле кодексот на Светската антидопинг агенција, како и одземање на сите седум титули на Тур де Франс помеѓу 1999 и 2005.[5] Извештајот на УСАДА заклучил дека Армстронг употребил „најнова, професионализирана и успешна допинг програма која спортот ја имал видено“.[6] На 22 октомври 2012, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI), управното тело во спортот, ја објавило својата одлука дека ги прифаќа наводите на УСАДА.[7] Армстронг одлучил да не се жали на одлуката до Арбитражниот суд за спорт,[8].
И покрај негирањето дека користел средства во текот на неговата кариера, во јануари 2013 го признал допингот во телевизиско интервју, водено од Опра Винфри,[9].[10][11] Во септември 2013 година бил побаран од новиот претседател на УЦИ, Брајан Куксон, да сведочи целосно за неговиот допинг.[12] Армстронг одбил да сведочи ако не добие целосно амнестија, за која Куксон рекол дека нема да ја добие.[N 1][13][14]
Ленс Армстронг е роден на 18 септември 1971 година како Ленс Едвард Гундерсон (англиски: Lance Edward Gunderson) во Плано, Тексас, северно од Далас[15] од Линда Гејл (родена Мунихем), секретарка, и Еди Чарлс Гундерсон, менаџер за The Dallas Morning News. Неговиот прадедо бил син на норвешки имигранти.[16] Бил именуван по Ленс Ренцел, играч во Далас Каубојс. Неговите родители се развеле кога Ленс имал две години и неговиот татко има две деца од друга врска. Подоцна, неговата мајка се омажила за Тери Кит Армстронг, менаџер за продажба, кој го посвоил Ленс во 1974.
На 12-годишна возраст, Армстронг започнал да тренира пливање во локалниот пливачки клуб и бил четврти на првенството на Тексас на 1.500 метри слободно. Прекинал со пливање откако видел постер за јуниорски триатлон, наречен Ајрон Кидс Триатлон, кој го освоил на 13 години.[17]
Во 1987-1988 Три-Фед/Тексас го пласирала Армстронг како број еден триатлонец во групата под 19 години. Вкупните бодови на Армстронг во 1987 како аматер биле подобри отколку на првите пет професионалци таа година. На 16 години, Ленс Армстронг станал професионален триатлонец и бил првак во 1989 и 1990.[18]
Во 1992, Армстронг станал професионалец со екипата Моторила, наследник на 7-Еливен. Во 1993, Армстронг освоил 10 еднодневни трки и етапни трки, но неговата преломна победа била на Светското друмско првенство во Норвешка. Пред неговата победа на Светското првенство, ја остварил првата победа на Тур де Франс. Бил 97. во генералниот пласман пред да се повлече на етапата 12.
Исто така ја освоил тројната круна во велосипедизмот Трифт Драг: класикот Трифт Драг во Питсбург, класикот К-Март Западна Вирџинија и државното првенство во Филаделфија.
Во 1994 повторно го освоил класикот Трифт Драг и бил втор на Тур ду Пон во САД. Неговите успеси во Европа биле второто место на Лиеж-Бастон-Лиеж и Класика де Сан Себастијан, каде само две години претходно завршил на последното место.
Победил на Класика де Сан Себастијан во 1995, по што следела победа на Тур ду Пон и неколку етапни победи, вклучувајќи и една на Тур де Франс, три дена по смртта на неговиот колега Фабио Казартели, кој паднал при спустот од Кол де Порт д’Аспе на 15. етапа.
Успесите на Армстронг продолжиле и во 1996. Станал првиот Американец кој победил на Флеш Валон и повторно победил на Тур ду Пон. Меѓутоа, возел само пет дена на Тур де Франс. На Летните олимписки игри 1996, завршил на шестото место на хронометарот и на 12. место на друмската трка. Во август 1996 по класикот во Лидс, потпишал двегодишен договор вреден два милиони долари со француската екипа Кофидис. Два месеци подоцна, во октомври 1996, му бил пронајден рак на тестисите.
На 2 октомври 1996, на 25 години, на Армстронг му бил пронајден рак на тестисите, кој се наоѓал во напредна фаза, односно трет стадиум.[19] Ракот се проширил на неговите бели дробови, стомакот и мозокот. При неговата прва посета на уролог во Остин, Тексас, за неговите симптови на рак, кашлал крв, а неговиот тестис бил отечен. Брзата операција и хемотерапијата му го спасиле животот. Армстронг направил орхиектомија за отстранување на заболениот тестис. По неговата операција, неговиот доктор изјавил дека имал 40% шанси за преживување.[20]
Вообичаениот хемотерапевтски режим за овој вид на рак е мешавина на лековите блеомицин, етопосид и цисплатин (или платинол). Меѓутоа, Армстронг избрал друга алтернатива, етопосид, ифосфамид и цисплатин за да ги избегне проблемите со белите дробови поврзани со блеомицин.[20] Оваа одлука можеби ја спасила неговата велосипедска кариера. Неговата првична терапија ја примил на Универзитетот Индијана, Индијанаполис, каде Лоренс Ајнхорн прв го испробал цисплатинот за лечење на рак на тестиси.[20] Неговите тумори на мозокот биле отстранети преку операција и било пронајдено дека содржело раширени некрози.[21]
Последната хемотерапија ја примил на 13 декември 1996. Во февруари 1997 бил прогласен за здрав, но кратко потоа неговиот договор со Кофидис бил раскинат. Поранешниот шеф на Субару Монтгомери му понудил договор со американската екипа Тим УС Постал за плата од 200.000 долари годишно. До јануари 1998, Армстронг веќе започнал со сериозно тренирање и се преселил во Европа со неговата екипа.[20]
Пред неговата терапија против ракот, Армстронг имал освоено две етапи на Тур де Франс. Во 1993 ја освоил осмата етапа и во 1995 ја освоил етапата 18 во чест на колегата Фабио Казартели, кој паднал и умрел на етапата 15. Армстронг се повлекол од Тур де Франс 1996 по петтата етапа откако се разболел, неколку месеци пред неговата дијагноза.
Враќањето на Армстронг започнало во 1998 откако завршил четврти на Вуелта а Еспања. Во 1999, победил на Тур де Франс, како и на четири етапи. Разликата со второпласираниот, Алекс Циле, била седум минути и 37 секунди. Меѓутоа, отсуството на Јан Улрих (повреда) и Марко Пантани (обвинувања за допинг) значело дека Армстронг не се докажал себеси против најголемите имиња. Етапните победи биле на прологот, етапата осум, поединечен хронометар, алпската етапа на деветтата етапа и вториот поединечен хронометар на етапата 19.
Во 2000, Улрих и Пантани се вратиле и го предизвикале Армстронг. Трката што го започнала шестгодишното соперништво помеѓу Улрих и Армстронг, завршила со победа за Армстронг од шест минути и две секунди пред Улрих. Армстронг освоил една етапа на Тур де Франс 2000, вториот поединечен хронометар на етапата 19. Во 2001, Армстронг повторно победил, победувајќи го Улрих за шест минути и 44 секунди. Во 2002, Улрих не учествувал поради суспензија и Армстронг победил со седум минути разлика пред Јосеба Белоки.
Шаблонот се повторил во 2003, Армстронг го зазел првото место, а Улрих второто. Само една минута и секунда ги делела обајцата на крајот на последниот ден во Париз. УС Постал го освоиле екипниот хронометар на четвртата етапа, додека Армстронг ја освоил етапата 15, и покрај тоа што отпаднал на искачувањето Луз Ардиден, последното искачување, кога удрил во торба на гледач. Улрих го чекал, покажувајќи го својот спортски ферплеј.[22]
Во 2004, Армстрон завршил прв, шест минути и 19 секунди пред Германецот Андреас Кледен. Улрих бил четврти, со дополнителни две минути и 31 секунда зад Кледен. Армстронг освоил дури пет поединечни етапи и остварил победа на екипниот хронометар. Станал првиот велосипедист по Џино Бартали во 1948, кој освоил три последователни планински етапи, остварувајќи го овој подвиг на етапите 15, 16 и 17.
Поединечниот хронометар на етапата 16 до Алп д’Ез го освоил со стил откако го поминал Иван Басо при своето возење, иако тргнал зад него. Ги освоил спринтерските завршници пред Басо на етапите 13 и 15 и направил значаен скок во последните 250 метри и го поминал Кледен на целта на етапата 17. Го освоил поединечниот хронометар на етапата 19, со што го заокружил својот личен рекорд по број на етапни победи.
Во 2005, Армстронг бил поразен од Дејвид Забриски на хронометарот на првата етапа за две секунди, иако го поминал Улрих при неговото возење. Неговата екипа Дискавери го освоиле екипниот хронометар, додека Армстронг го освоил последниот поединечен хронометар. На планинските етапи, водството на Армстронг било нападнато неколкупати, главно од Иван Басо, но исто така и од членовите на екипата Т-Мобајл, Јан Улрих, Андреас Кледен и Александар Винокуров и поранешниот колега Леви Лајпхајмер. Но сепак, американскиот првак успеал да го одбрани и го задржал водството, дури и го зголемил на некои етапи. Заокружувајќи го неговиот рекорден подвиг, Армстронг ја поминал целта на Шанзелизе на 24 јули за седма последователна победа на Тур, завршувајќи четири минути и 40 секунди пред Басо, додека Улрих завршил на третото место. Уште еден рекорд постигнат истата година бил тој дека Армстронг имал највисоко темпо на трката во нејзината историја: неговата просечна брзина на целата трка била 41,7 километри на час.[23]
На 24 јули 2005, Армстронг го објавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам.[24]
Армстронг објавил на 9 септември 2008 дека ќе се врати во професионалниот велосипедизам и изразил желба да учествува на Тур де Франс 2009.[25][26] VeloNews објавил дека Армстронг ќе возел без надомест или бонуси и дека ќе ги објавел неговите резултати од тестирањата на крвта.[26]
Австралиското радио АВС објавило на 24 септември 2008 дека Армстронг ќе настапи на трката Тур Даун Андер. Правилата на UCI гласат дека велосипедист мора да биде во програмата за антидопинг најмалку шест месеци пред настап на некоја трка, но сепак UCI му дозволил на Армстронг да настапи.[27] Морал да се повлече од Вуелта а Кастиља и Леон 2009 во текот на првата етапа поради пад во кој ја скршил клучната коска.[28] Армстронг бил пренесен во Тексас поради операција, која била успешна и се вратил на тренирање четири дена по неговата операција.[29]
На 10 април 2009 испливала контроверза помеѓу француската антидопинг агенција и Армстронг и неговиот менаџер на екипата Јохан Брујнел, поттикната од средбата помеѓу службеник на агенција и Армстронг по неговиот тренинг Боли сур Мер. Кога пристигнал службеникот, Армстронг тврдел дека го прашал и добил дозвола да се истушира додека Брујнел ги проверувал документите на службеникот. На крајот на април, агенцијата објавила дека Армстронг не направил ништо.[30] Армстронг се вратил на трките откако неговата повреда била излечена.[31]
На 7 јули, на четвртата етапа на Тур де Франс 2009, Армстронг за малку не ја освоил жолтата маичка откако неговата екипа Астана го освоила екипниот хронометар. Неговата екипа го освоила хронометарот, но Армстронг доцнел 22 стотинки зад водството на Фабијан Канчелара.[32] Армстронг го завршил Тур де Франс 2009 на третото место, пет минути и 24 секунди зад победникот, неговиот колега Алберто Контадор.
На 21 јули 2009, Армстронг објавил дека ќе се врати на Тур де Франс во 2010.[33] РадиоШек бил именуван за главен спонзор на екипата на Армстронг во 2010, која била наречена Тим РадиоШек.[34][35] Во 2010, Армстронг најпрвин настапил на Тур Даун Андер каде завршил 25. од 127 возачи, кои ја завршиле трката. Во Европа, прва трка му била на Вуелта а Мурсија, завршувајќи на седмото место. Армстронг настапил на неколку класици, како Милано-Санремо, Амстел Голд Рејс, Лиеж-Бастон-Лиеж и Трката околу Фландрија, но поради проблеми со гастроентеритис бил принуден да се повлече на три од четири трки.[36]
Армстронг се вратил во САД во средината на април за да настапи на Трката околу Џила и Трката околу Калифорнија, обете трки му биле подготовка за претстојниот Тур де Франс. Меѓутоа, паднал на етапата 5 на Трката околу Калифорнија и морал да се повлече од трката.[37] Покажал одлична форма по заздравувањето, пласирајќи се на второто место на Тур де Свис и трет на Трката околу Луксембург.
На 28 јуни, Армстронг објавил преку Твитер дека настапот на Тур де Франс 2010 ќе биде последно негово појавување на оваа трка.[38] Армстронг прикажал одлична форма на прологот на Тур де Франс, завршувајќи трет, но поради падовите во следните етапи, не можел да се бори за генералниот пласман, особено по сериозниот пад на осмата етапа. На етапата 16 низ Пиринеите заминал во бегство заедно со колегата Крис Хорнер. Последниот Тур го завршил на 23. место, 39 минути и 20 секунди зад поранешниот победсник Алберто Контадор.[39] Исто така, бил клучен помошник за победата на Тим РадиоШек во екипниот хронометар.
Во октомври, објавил дека ќе стави крај на неговата меѓународна кариера по Тур Даун Андер во јануари 2011. Изјавил дека по јануари 2011 ќе вози единствено во САД со домашната екипа РадиоШек.[40]
Армстронг го објавил своето конечно повлекување од професионалниот велосипедизам на 16 февруари 2011, додека се соочувал со сојузната истрага за обвинување за допинг.[41][42]
Армстронг имал аеробен капацитет од 83,8 mL/kg/min (VO2 max),[43][44] многу повеќе отколку просечен човек (40–50), но помалку отколку некои други победници на Тур де Франс, како Мигел Индураин (88,0, иако постојат докази дека Индураин постигнал 92–94) и Грег Лемонд (92,5).[45] На неговиот врв имал пулс од 32-34 отчукување во минута и максимален пулс од 201 отчукување.[46]
Армстронг поседува куќа во Остин и Аспен, како и ранч во Тексас.[47] Исто така станал популарен на Твитер со скоро 4 милиони следбеници до јануари 2013.[48]
Армстронг ја сретнал Кристин Ричард во јуни 1997. Се венчале на 1 мај 1998 и имале три деца: Лук Дејвид, роден во октомври 1999, и близначките Изабела Роус и Грејс Елизабета, родени во ноември 2001. Бременоста била овозможена преку сперма зачувана три години претходно од страна на Армстронг, пред хемотерапијата и операцијата.[49] Двојката се развела во 2003.[50] На барање на Армстронг, неговите деца долетале за време на церемонијата на Тур де Франс во Париз во 2005, каде Лук му помогнал на неговиот татко да го подигне трофејот, додека неговите ќерки (во жолти фустани) ја држеле маскотата и букетот жолти цвеќиња.[51]
Армстронг започнал врска со пејачката Шерил Кроу кон крајот на 2003.[52] Двојката ја објавила свршувачката во септември 2005, а една година подоцна во февруари 2006 се разделиле.[53] Во март 2007, Армстронг започанл врска со дизајнерката Тори Бурч. Се разделиле во октомври 2007.[54]
Во јули 2008, Армстронг започнал врска со Ана Хансен откако се сретнале за време на добротворната работа на Армстронг. Во декември 2008, Армстронг објавил дека Хансен е бремена со првото дете на двојката. Иако се верувало дека Армстронг не можел да има деца, откако бил подложен на хемотерапија против ракот на тестисите, ова дете било зачнато по природен пат.[55] Нивниот син, Максвел Едвард Армстронг, е роден во 2009 во Аспен. Армстронг го објавил раѓањето преку Твитер.[56] Во април 2010, Армстронг користејќи Твитер, објавил дека ќе го добие своето петто дете. Оливија Мари Армстронг е родена во октомври 2010.[57]
Во статија на The New York Times, колегата Џорџ Хинкапи навестил дека Армстронг можеби ќе се кандидира за гувернет на Тексас по велосипедизмот. Во издание од јули 2005 на списанието Outside, Армстронг најавил дека ќе се кандидира за гувернет, иако „не во 2006“.[58] Армстронг и поранешниот претседател Џорџ Буш, републиканец и Тексашанец, биле пријатели. Буш му се јавил на Армстронг во Франција да му ја честита победата во 2005, додека The Times објавил дека претседателот го поканил Армстронг во неговиот ранч на планински велосипедизам.[59] Во интервју од 2003 со The Observer, Армстронг изјавил: „Тој е личен пријател, но сите ние имаме право да не се согласуваме со нашите пријатели“.[60]
Во август 2005, Армстронг навестил дека го променил мислењето околу политиката. Во интервју со Чарли Роус на PBS на 1 август 2005, Армстронг истакнал дека кандидирањето за гувернер подразбира посветеност, која би го приморала да се повлече од велосипедизмот. Исто така, во август 2005, Армстронг изјавил дека повеќе не се гледа во политиката:
Армстронг бил потпретседавач на комитетот во Калифорнија при носењето на Законот за истражување на рак, мерка одбиена од гласачите во Калифорнија на 5 јуни 2012.[61] Како што било предвидено, мерката требало да собере 500 милиони долари годишно за истражување на ракот, програми против пушењето и такса на тутунската индустрија преку наплаќање на дополнителен данок од еден долар на секој тутунски производ во Калифорнија.[62]
Во поголем дел од неговата кариера, Армстронг се соочувал со постојани обвинувања за допинг.[63] Армстронг ги демантирал сите такви обвинувања до јануари 2013, често тврдејќи дека никогаш немал позитивен тест во околу 600 тестови кои биле спроведени на него во неговата велосипедска кариера.[64]
Армстронг бил критикуван за неговите одрекувања од искрени противници на допингот како Пол Кимеџ[65][66] и Кристоф Басон.[67][68] Басон бил возач за Фестина во време на скандалот во Фестина и бил единствениот возач во екипата кој користел средства за подобрување на резултатите. Басон напишал голем број статии за француски весник во текот на Тур де Франс 1999, кои станале прирачник за допингот го групата. Понатаму, Армстронг имал кавга со Басон во текот на Тур де Франс 1999 каде Армстронг му рекол на Басон возејќи заедно на Алп д’Ез дека „било грешка тоа што сум зборувал на тој начин и дека го прашал зошто го направил тоа. Јас (Басон) му реков дека мислев на следната генерација возачи. Потоа тој рекол „Зошто не заминеш, тогаш?“[69]
Армстронг ја потврдил приказната. На главните вечерни вести на TF1, национална телевизиска станица, Армстронг изјавил, „Неговите обвинувања не се добри за велосипедизмот, за неговата екипа, за мене, за никој. Ако мисли дека велосипедизмот така функционира, тогаш не е во право и подобро е да оди дома“.[70] Кимеџ, професионален велосипедист во 1980-тите, кој подоцна станал спортски новинар, навел дека Армстронг е „рак во велосипедизмот“.[68] Исто така му поставил прашања на Армстронг во врска со неговото „воодушевување за корисниците на допинг“ на конференција за печат на Трката околу Калифорнија 2009, сакајќи да извлече реакција од Армстронг.[68] Кавгата продолжила и Кимеџ продолжил да пишува за тоа во неговите статии во The Irish Independent.[71]
Армстронг продолжил да го негира користењето на нелегални средства за подобрување на резултатите уште четири години, опишувајќи се себеси како најмногу тестиран спортист во светот.[72] Од неговото враќање во велосипедизмот во есента 2008 до март 2009, Армстронг тврдел дека имал 24 ненајавени допинг тестови од различни анти-допинг власти.[73][74]
Овие обвинување подоцна се покажале точни кога Американската анти-допинг агенција (УСАДА), по обемна и долготрајна истрага, докажала дека Армстронг користел најсовршена и најпрофесионална допинг-програма со која во текот на годините успевал да ги избегне допинг-контролите. Во октомври 2012 година, Американската анти-допинг агенција објавила посебен извештај, напишан на илјада страници во кој е опишан начинот на кој Армстронг се допингувал и ги освојувал своите титули. Притоа, во извештајот се вклучени сведочењата на 26 луѓе, од кои 15 велосипедисти од тимот на "US Postal", кои детаљно објасниле како се ивршувал допингот. Една недела по објавувањето на овој извештај, Меѓународната велосипедска унија официјално му ги одзела на Армстронг седумте освоени титули на "Тур де Франс" и го казнила со доживотна забрана да се занимава со професионален велосипедизам.[75]
Голема трка | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 | 2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2009 | 2010 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | |
Тур | СО | СО | 36 | СО | — | — | |||||||||
Вуелта | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; Поништени резултати прецртани.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.