Трка околу Пекинг 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трката околу Пекинг 2012 било второто издание на етапната велосипедска трка Трка околу Пекинг. Започнала на 9 октомври од плоштадот Тјананмен и завршила на 13 октомври во округот Пингу во Пекинг по одржаните 5 етапи. Била 28. и последна трка во сезоната на Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2012, трка 28 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 9–13 октомври 2012 | ||
Етапи | 5 | ||
Растојание | 753,5 км | ||
Време | 17ч 16' 56"[1] (27,087 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Тони Мартин (Германија) | (Омега Парма-Квик Степ) | |
Втор | Франческо Гаваци (Италија) | (Астана) | |
Трет | Едвалд Боасон Хаген (Норвешка) | (Тим Скај) | |
Бодовен | Едвалд Боасон Хаген (Норвешка) | (Тим Скај) | |
Планински | Даниел Мартин (Ирска) | (Гармин-Шарп) | |
Младински | Рафал Мајка (Полска) | (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) | |
Екипен | Ликвигас-Канондејл | ||
Трката била освоена втора година по ред од германскиот возач Тони Мартин, возејќи за екипата Омега Парма-Квик Степ.[2] Мартин ја освоил втората етапа на трката по соло напад на 25 километри пред крајот на етапата и на крајот ја освоил етапата со 46 секунди предност пред најблискиот соперник. Го одржал водството во генералниот пласман на трката до нејзиното завршување, на крајот освојувајќи ја трката со 40 секунди пред возачот на Астана Франческо Гаваци,[3] кој ја освоил кралската етапа на трката на третиот ден. Возачот на Тим Скај Едвалд Боасон Хаген го заокружил подиумот, 6 секунди зад Гаваци и 46 секунди зад Мартин и исто така го освоил бодовниот пласман на трката.[4]
Во другите пласмани на трката, четвртопласираниот Даниел Мартин (Гармин-Шарп) го освоил планинскиот пласман,[3] седмопласираниот Рафал Мајка бил победник во пласманот за млад возач за Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк,[5] а Ликвигас-Канондејл биле победници во екипниот пласман.
Распоред
Трката повторно се состоела од пет етапи; за разлика од изданието во 2011 на трката, немало поединечен хронометар по кој Тони Мартин го одржал водството од хронометарот и победил на крајот на трката.[6][7] Пред трката, втората етапа била изменета поради поројните дождови во областа претходно во годината; етапата првично била планирана на растојание од 134 километри, но на крајот била скратена на 126 километри.[8]
Етапа | Датум | Тек | Растојание | Вид | Победник | |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 9 октомври | Плоштад Тјананмен до Птичјо гнездо | 117 км | ![]() |
Рамна етапа | ![]() |
2 | 10 октомври | Птичјо гнездо до Ментугу | 126 км | ![]() |
Рамна етапа | ![]() |
3 | 11 октомври | Ментугу до Бадалинг | 162,5 км | ![]() |
Планинска етапа | ![]() |
4 | 12 октомври | Плоштад Јанкинг Гуи Чуан до Чанг Пинг | 165,5 км | ![]() |
Планинска етапа | ![]() |
5 | 13 октомври | Чанг Пинг до Пингу | 182,5 км | ![]() |
Планинска етапа | ![]() |
Екипи
Бидејќи Трката околу Пекинг била настан од Светската турнеја на UCI, сите осумнаесет UCI ProTeam екипи автоматски се повикани се обврзани да испратат своја екипа. Првично, организаторите на трката им доделиле покана на екипата Аргос-Шимано,[9] но тие се повлекле од трката по политичките препирки помеѓу Кина и Јапонија,[10] што предизвикало јапонските возачи да бидат приморани да ја напуштата септемвриската Трка околу Кина,[11] која се одржала како дел од Азијската турнеја. На крајот биле заменети од екипата Чемпион Систем,[12] и со тоа се создала групата од 19 екипи.
Екипи кои настапиле на трката биле:[13]
|
Етапи
Етапа 1
- 9 октомври 2012 — Плоштат Тјананмен до Птичјо гнездо, 117 км[14]
Резултат од етапа 1
|
Генерален пласман по етапа 1
|
Етапа 2
- 10 октомври 2012 — Птичјо гнездо до МенТуГу, 126 км[8]
Резултат од етапа 2
|
Генерален пласман по етапа 2
|
Етапа 3
- 11 октомври 2012 — Ментугу до Бадалинг, 162,5 км[15]
Резултат од етапа 3
|
Генерален пласман по етапа 3
|
Етапа 4
- 12 октомври 2012 — Плоштад ЈанКинг Гуи Чуан до Чанг Пинг, 165,5 км[16]
Резултат од етапа 4
|
Генерален пласман по етапа 4
|
Етапа 5
- 13 октомври 2012 — Чанг Пинг до Пинг Гу, 182,5 км[17]
Резултат од етапа 5
|
Краен генерален пласман
|
Поредок
Етапа | Победник | Генерален пласман![]() |
Планински пласман![]() |
Бодовен пласман![]() |
Пласман за млад возач![]() |
Екипен пласман |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Елија Вивијани | Елија Вивијани | недоделена | Елија Вивијани | Елија Вивијани | Мовистар Тим |
2 | Тони Мартин | Тони Мартин | Даниел Мартин | Тони Мартин | Рафал Мајка | Астана |
3 | Франческо Гаваци | Франческо Гаваци | Ликвигас-Канондејл | |||
4 | Марко Халер | Едвалд Боасон Хаген | ||||
5 | Стив Камингс | |||||
На крај | Тони Мартин | Даниел Мартин | Едвалд Боасон Хаген | Рафал Мајка | Ликвигас-Канондејл |
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.