италијански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Морено Мозер (италијански: Moreno Moser; р. 25 декември 1990 ) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Нипо-Вини Фантини-Фезане.
Мозер во 2012 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Морено Мозер | ||
Роден | 25 декември 1990 Тренто, Италија | ||
Висина | 1,77 м | ||
Маса | 64 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Нипо-Вини Фантини-Фезане | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
2007–2008 2009–2011 2011 | У.С. Монтекорона (јуниор) Арведи Лукини Униделта Ликвигас-Канондејл (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2012–2014 2015-2016 2017-2018 2019- | Ликвигас-Канондејл Канондејл-Гармин Астана Нипо-Вини Фантини-Фезане | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 6 јануари 2019 |
Роден во Тренто, Мозер доаѓа од семејство на професионални велосипедисти; неговите вујковци Франческо и Алдо завршувале на првите пет места на големите трки, додека Франческо го освоил Џиро д’Италија во 1984.[1] Неговиот татко Диего, браќата Леонардо и Матео и неговиот братучед Игнацио исто така настапувале професионално. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015.[2]
Настапувајќи за У.С. Монтекорона како јуниор и Арведи Луки Униделта како член, Мозер ѝ се приклучил на професионалната екипа Ликвигас-Канондејл во втората половина на 2011, како стажант.[3][4] Мозер останал со Ликвигас-Канондејл и по завршувањето како стажант, потпишувајќи двегодишен професионален договор од 2012.[5][6][7]
Мозер ја постигнал својата прва професионална победа во февруари 2012, на Трофео Лаигвелја, откако нападнал сам за победа во последните метри.[8][9] Го повторил тој потег и на мајската Трка околу Франкфурт, напаѓајќи од четиричлената водечка група, во рамките на последните километри од трката.[10][11]
Мозер ја освоил својата прва трка од Светската турнеја на Трката околу Полска во јули. Во текот на првата етапа на трката, Мозер отпочнал напад во последниот километар; успеал да се одржи пред остатокот од групата до целта за етапна победа.[12] Го одржал водството на трката до четвртата етапа, кога возачот на Омега Парма-Квик Степ Михал Квјатковски го преземал водството поради бонус секундите добиени на средните спринтови.[13] На претпоследната етапа, Мозер ја однел втората етапна победа откако го поминал возачот на Тим Скај Серхио Енао во последните метри, откако се одвоил од групата со напад.[14] Мозер не доживеал никаков проблем на последната етапа и ја освоил трката со пет секунди предност пред Квјатковски.[15]
На Гран при Монтреал 2012, Мозер бил близу победа, бидејќи бил дел од групата на четворица „бегалци“ пред групата, која одржувала многу мала предност пред водечката група, кога ја поминале ознаката за последниот километар. Возачот на Катјуша Александар Колобнев развил брзина, но бил поминат од Мозер и Ларс Петер Нордхауг (Тим Скај), кој ја освоил и трката. Мозер се задржал на второто место, две секунди зад победникот, додека некои членови од групата ја поминале целта само две секунди зад Мозер.[16]
Во февруари, Мозер му помогнал на колегата Петер Саган во победата на Гран Премио Чита ди Камаиоре со задржување на водечката група и смирувајќи ги нападите, како тој на нивниот поранешен колега Винченцо Нибали, кој сега вози за екипата Астана.[17] Следниот викенд, Мозер победи на Страде Бјанке во Сиена, забрзувајќи и одвојувајќи се од групата на 17 километри пред целта во потера на бегството од четворица возачи. Ги достигнал и ги поминал на последното искачување со наклон од 16% до последниот километар; го довел Канондејл за победа еден-два, бидејќи и Саган успеал да заврши на второто место.[18]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.