велосипедска трка From Wikipedia, the free encyclopedia
Тирено-Адријатико 2013 било 48. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико, често нарекувана како Трка на две мориња. Започнала на 6 март во Сан Винченцо и завршила на 12 март во Сан Бенедето дел Тронто и се состоела од седум етапи, вклучувајќи екипен хронометар на почетокот на трката и поединечен хронометар на крајот.[2] Била трета трка во сезоната на Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2013, трка 3 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 6–12 март | ||
Етапи | 7[1] | ||
Растојание | 1.060,1 км | ||
Време | 28ч 08' 17" (23.407 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Винченцо Нибали (Италија) | (Астана) | |
Втор | Крис Фрум (Велика Британија) | (Тим Скај) | |
Трет | Алберто Контадор (Шпанија) | (Тим Саксо-Тинкоф) | |
Бодовен | Алберто Контадор (Шпанија) | (Тим Саксо-Тинкоф) | |
Планински | Дамијано Кунего (Италија) | (Лампре-Мерида) | |
Младински | Михал Квјатковски (Полска) | (Омега Парма-Квик Степ) | |
Екипен | Мовистар Тим | ||
На трката втора година по ред победил Италијанецот Винченцо Нибали од екипата Астана – станувајќи прв возач кој успеал во тоа после Тони Ромингер во 1989 и 1990[3] – кој го презел водството на трката на претпоследната етапа и го одржал водството до крајот на етапата, следниот ден во Сан Бенедето дел Тронто.[4] Нибали го освоил генералниот пласман за 23 секунди пред второпласираниот Крис Фрум (Тим Скај),[5] кој ја освоил кралската етапа на трката, четвртата етапа која завршувала на Прати ди Тиво. Возачот на Тим Саксо-Тинкоф Алберто Контадор го заокружил подиумот, 29 секунди зад Фрум и 52 секунди зад Нибали.[6] Контадот исто така бил победник на бодовниот пласман,[7] освојувајќи ја црвената маичка поради најголемиот број на бодови освоени на средните спринтови и на завршниците на етапите.
Во другите пласмани на трката, возачот на Омега Парма-Квик Степ Михал Квјатковски бил победник на белата маичка во пласманот за млад возач, бидејќи бил највисоко пласиран возач роден во 1988 или подоцна, кој завршил како четврти во генералниот пласман,[8] а претходно на една етапа бил и водач во генералниот пласман. Возачот на Лампре-Мерида Дамијано Кунего ја освоил зелената маичка како победник на планинскиот пласман,[9] додека Мовистар Тим биле победници во екипниот пласман.[10]
Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од Светска турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи се повикани автоматски се обврзани да испратат екипа. Првично, осумнаесет ProTeam биле поканети на трката, како и четири други со специјални покани,[11] и тоа била создадена групата од 22 екипи. Првично поканета на трката со специјална покана, Катјуша подоцна го повратила нејзиниот статус на World Tour по жалбата во Арбитражниот суд за спорт.[12][13]
22 екипи кои настапиле на трката се:
|
Етапа | Датум | Тек | Должина | Вид | Победник | |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 6 март | Сан Винченцо до Доноратико | 16,9 км | екипен хронометар | Омега Парма-Квик Степ | |
2 | 7 март | Сан Винченцо до Индикаторе | 232 км | рамна етапа | Метју Гос (АВС) | |
3 | 8 март | Индикаторе до Нарни Скало | 190 км | рамна етапа | Петер Саган (СВК) | |
4 | 9 март | Нарни до Прати ди Тиво | 173 км | планинска етапа | Крис Фрум (ВБР) | |
5 | 10 март | Ортона до Кјети | 230 км | планинска етапа | Хоаким Родригес (ШПА) | |
6 | 11 март | Порто Сант’Елпидио до Порто Сант’Елпидио | 209 км | умерено-планинска етапа | Петер Саган (СВК) | |
7 | 12 март | Сан Бенедето дел Тронто | 9,2 км | поединечен хронометар | Тони Мартин (ГЕР) |
Резултат од етапа 1
|
Генерален пласман по етапата 1
|
Резултат од етапа 2
|
Генерален пласман по етапата 2
|
Резултат од етапа 3
|
Генерален пласман по етапата 3
|
Резултат од етапа 4
|
Генерален пласман по етапата 4
|
Резултат од етапа 5
|
Генерален пласман по етапата 5
|
Резултат од етапа 6
|
Генерален пласман по етапата 6
|
Резултат од етапа 7
|
Краен генерален пласман
|
Етапа | Победник | Генерален пласман |
Бодовен пласман |
Планински пласман |
Пласман за млад возач |
Екипен пласман |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Омега Парма-Квик Степ | Марк Кевендиш | недоделена | недоделена | Михал Квјатковски | Омега Парма-Квик Степ |
2 | Метју Гос | Метју Гос | Гарикоиц Браво | |||
3 | Петер Саган | Марк Кевендиш | Чезаре Бенедети | |||
4 | Крис Фрум | Михал Квјатковски | Франческо Фаили | Тим Скај | ||
5 | Хоаким Родригес | Крис Фрум | Алберто Контадор | Чезаре Бенедети | ||
6 | Петер Саган | Винченцо Нибали | Дамијано Кунего | Мовистар Тим | ||
7 | Тони Мартин | |||||
На крај | Винченцо Нибали | Алберто Контадор | Дамијано Кунего | Михал Квјатковски | Мовистар Тим |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.